Секако дека не си молчиме, кажано и е повеќе пати, дека си се во свое место, дека се деца, дека во пристојно време играат, и ако и смета може да се пресели, секако е кираџика, или да викне полиција, па како знае нека им објасни дека и смета детски џагор, кој не потекнува од улица
Јас имам голем двор кој е малтене како игротека, и децата мои не да се бучни туку и пребучни, уште па ако дојдат и други деца мислам дека пола мало не слуша ама никој не се дрзнал да дојде и да каже нешто. Јас во топ би ја ставила комшивката да не знае кај да фати а не на мои деца да им попува.
Исто е и кај нас, имаме секакви реквизити, знаат да се соберат по 10 деца, ама тогаш ја нема баш да вика, зошто пола од тие деца, се од зградата во која и таа живее. Само кога се сами обично. Ајде да не се довикуваме, ние од двор, таа од трети, мм и појде на врата да зборат како луѓе, таа уште толку се попалила, ти мене ми доаѓаш на врата, со погрешни луѓе си фаќаш работа му рекла. Индирекно му се заканила, дека она има луѓе таму некои кои можат да ни наштетат. Она е разведена живее со своите 2 деца кои се големи 17/18 годишни. Не сме на чисто со лудачава.
Инате контакт со сопствениците? Кажете им дека ве вознемирува видете дали со бив ќе има некое разбирање
Немаме, но можеме да најдеме Макар што не верувам дека ќе се смени нешто, веќе 10 години таа е кираџика во истиот стан.
А од каде вас право кога свесно велите дека не само што се бучни, туку и пребучни па уште горди и силни со: нека дојде некој мене да ми каже нешто? Има детски игралишта! Живеалиште, особено во густо населено место не е игралиште за 10 деца, секојдневно! Од каде па вие знаете кој со што се соочува по дома, можеби е болен, можеби закрепнува од нешто, можеби преморен од работа си дошол во парче мир-неговиот дом! Исто како што се лупате во гради за вашиот, и галамата во истиот! Но мирот не пречи никому, нели? Елементарна култура и осет за соживот да се немало! Па уште ќе се дичите тука, по форуми. Среќа што вака невоспитани соседи не се мои, па да видите кој и што, и како може. Фала Богу па кај нас немаме проблем со вакви егоцентрици!
Е, ама не мислат на тоа дека постојат законски ограничувања за врева и на тоа дека постојат и луѓе со здравствени проблеми на кои им смета врева. Тоа дека „децата се само деца“ е изговор на неодговорни родители. Не може да не се научат дека мора да го почитуваат туѓиот мир и потребата за тишина. Нема да бидат добри возрасни ако од мали не знаат што значат граници.
Ретки се оние кои имаат осет. Што ми е гајле. Ако им смета нека се иселат. Е не. Нека се исели оној кој нема осет. Во Ге ако прават така добиваат казна. А ако се под кирија газдата на станот има право да ги избрка.
Не знам оти за некои е толку тешко да размислат дека не сме сите исти и дека не толерираме исти работи. Кога делиме простори со многу други, мора да пресметаме дека нешто што ние го правиме им пречи и обратно. Никој не вика децата да не бидат деца. Нека бидат и играат, но да растат со осет за потребите на другите. Родителите можат да разговараат со комшиите и да пробаат да се договорат за време во кое би можела да се реализира детската игра без да им пречи. Или кога не е погодно дома играта да е некаде подалеку. Во игротека или поголем парк да истрошат енергија. Сите заслужуваат да имаат свој раат. ЕДИТ: Во случај некој/а да се тригира. Мислењава на оваа страница ми се однесуваат на здрави деца кои треба да имаат способност да разберат. Поназад имам пишано дека никој не може да се буни за расплакани бебиња или деца со ментална попреченост.
Е баш ради ова. Доаѓаат блиски роднини од Гер и мајката од врата настапува кон детето со зборовите: Х, конечно да видиш малку раат, во Гер не смееш да правиш врева низ дома. Овде во куќата на баба можеш колку сакаш. - А не само што бабата не живее сама во куќата, туку нормално имаме и соседи на кои таа врева би му сметала. На крај на денот, куќата не е игралиште.
Вика и плаче не е исто.. Дерење, намерно тропање и слично секако дека е недозволено. Има мал милион примери и од една и од друга несовесна страна. Има како што кажаа погоре деца со проблем, кои викаат за жал не по нечија желба... Знаете, многу е убаво детето да ви плаче 3 години секоја ноќ по ред без исклучок и вие да не спиете исто толку, сакајќи да помогнете. Од друга страна, има родители кои ќе им дозволат на децата и дупка во ѕидот да направат само за да се они раат и да не ги замараат. Исто како и комшии, на кои ќе им смета и звукот од дождот на пример. На некој и весело дете им смета, и она срамежливото е некултурно што не кажува добар ден. Луѓето се различни. Ние ако сме совесни ќе направиме се, нашето дете да се однесува соодветно. Проблемот е генерален кај нас, зошто секој си се однесува како сака.. Пример, дете кога плаче смета, ама не смета они кога галамат во влез. Или обратно... Менталитетот е проблем, немањето закони исто така.
Се разбираме, никој не вели дека не е во ред мало дете, бебе да плаче навечер. Или доколку има проблем. Исто така да си играат во одредено време од денот, таман работа да се става ова за тема на дискусија. Но, ме ужасна и испровоцира коментарот од членка погоре, со детски играчишта во двор, во населено место па уште и да се иселеле комшиите ако им пречело. Каква дрскост, невоспитаност и без елементарна култура и почит кон другите. Е, исти такви ќе и бидат и децата. Само многу потешко ќе се снајдат низ животот кога други ќе им ги поставуваат границите. За да седи онаа раат со другарка и, лакира нокти и ги оговара останатите две од друштвото, нека трпат сите околу. Има луѓе, поготово во згради кои бел ден не гледаат, во свој дом, од вакви его-трипови. Е, толку ни е паметот, за жал
Еготрипови ако си седи во двор во прикладно време? Па зурли и тапани ако сака ќе викне во двор во Пристојно време, нема што никого да прашувам во околина дали да седам у двор, дали да зборам гласно. На кој му пречи, нека затвори прозор и нека стави звучна изолација. Ако се гради на пример во комшии, не треба да тропаат и брчат по цел ден пошто ќе ви смета? Кој не може да живее во населено место , нека оди во изолација и готово. Многу нежни станавте во последно време, све ви пречи, патем и игралиштата се под нечиј прозор под некоја зграда или слично.
@hristinan12 не галами и тука, ако веќе малтретираш соседи. “Под зграда” не знам да има игралиште, ама ти си знаеш
Јас пак сите игралишта што ги имам во населбава баш се до згради, а и ќе те разочарам, немам лепенки комшии за да малтретирам
Јас пак никогаш нема да разберам како ви пречат децата надвор што си играат, јас обожавам да ги слушам.. Секогаш кога излегувам надвор одбирам да седам на клупа во парк преполн со деца. И кога тренирам одам баш да тренирам на место кај што има шипки блиску до парк, само што сега преку недела обично е празно затоа што касно тренирам ама едвај чекам викенд и да отидам на тренинг кога е полно со деца.
@Mr.Limonko , не збориме тука за слушање детски џагор додека шеташ надвор, во маалски или градски парк, џогираш на кеј итн, збориме за КОНСТАНТНА ГАЛАМА во текот на денот, во домот. Ако живееш во зграда и вака коментираш, веројатно имаш среќа да нема дете/деца над тебе и цел ден да ти се дрма троседот додека лежиш и одмараш после работа, или си болен, или што и да ти се случува, твоја работа - имаш право на парче МИР во свој сопствен дом, како што тие еве, имале право на хаос, во пристојно време. А тоа “пристојно време” е од 07 наутро до 10 навечер. Ако ти се погоди и да не одат во градинка, дома да се по цел ден - милина. И се тоа, пошто нема родител да ги потсмири и да ги научи дека делат простор со други станари, да ги научи на елементарна култура дека не се скока по цел ден во стан - се скока и трча надвор, таму кај што обожуваш да ги гледаш. Така им одговара. А на овие со дворови пошто израсната сум во двор, цел живот сум во куќа, ќе кажам дека не паметам да сме се однесувале вака. Имало ред и кога се може. Тоа е живот во заедница, со правила на однесување за соживот и чувство за другиот, или не добацувате со мозокот до тие висини? @hristinan12 не си ми го сфатила кометарот , и јас на твое место би се замислила кој е за живот во планина, или пустелија. Но добро, секој со својот памет. Поздрав и секое добро!
Ако си човек што не може да живее во бучава само не живеј во зграда и нема да има никој да ти тропа.. Дете сепак не може да седи 24/7 мирно, а кога е ладно не можат да го изнесат надвор по долго од 1 час да се игра. Колку и да му кажуваш дете е не може толку да пази и на прсти да оди, пропустот е во зградите што не се внимава толку на звучната изолација кај нас.. Има луѓе што живеат во згради кои се до главни улици и по цел ден коли им свират, брчат ама тоа е, ако си одлучил да живееш таму така ќе е.. Ако си одлучил во зграда очекувај дека има луѓе околу тебе и мора да се навикнеш на секојдневната бучава. Ако е нешто претерано сепак можеш да пријавиш..
На темава малку имам да кажам . Кога се роди синко децата на соседите под нас правеа многу галама. Две машки деца, мала разлика. Викаа, трчаа, дури и фудбал играа дома. Се жалеа и другите соседи, а и сопругот повеќе пати му се имаше јавено за да му каже (најчесто таткото не беше дома) и секогаш човекот се извинуваше и за кратко ќе престанеа. (Некогаш после тоа пак ќе продолжеа ). И децата пораснаа, културни, воспитани момчиња. Ама погодете кој дојде на ред со две момчиња на мала разлика . Палави или како што многу пати знаев да им речам невоспитани Не знам дали они лупаа, фрлаа, трчаа или јас викав повеќе. Нема комшија што не ме познава (јас повеќето не ги знам, ама сум им оставила очигледно впечаток ). Комшијата,ниту еднаш не крена телефон, ниту дојде на врата. Кога ќе се сретневме во лифт црвенеевме и јас и сопругот и се извинувавме а на децата ќе им речевме "еве го чичко Х што се лути кога викате и тропате..." а он само ќе се насмееше и викаше "ќе пораснат, деца се". И не, никогаш не биле свесно оставени да прават галама, нонстоп беа карани. Ама на пример и врата кога ќе отворев трчаа, се бркаа до лифт, се тепаа, плачеа... на цел глас. Е потоа се преселивме во куќа, а сега се веќе поголеми (и помирни ).
Затоа кога се купува/изнајмува стан се гледа добра звучна изолација да има. Не поднесувам да ми урла никој, ни деца ни возрасни.