Што кога некој од колегите ужасно мириса?

Дискусија во 'На работното место' започната од Ursi, 18 јануари 2019.

  1. Ursi

    Ursi Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Што би направиле вие доколку некој од вашите колеги на работа ужасно мириса?
    Со мене во лабораторија работи една жена која што се тушира само во сабота. ДА, САМО ВО САБОТА.
    Рече дека има некој 5- дена дездорас од аптека кој што се користи наместо туширање.
    Кога таа го рече ова ние сите и рековме дека треба да се тушираш секој ден посебно кога работиш во медицински смер не само за себе туку важно е и за работата, но таа не сваќа и секој четврток и петок ние другите не можеме да се освестиме од миризбата.
    Денес мене почнаа да ме печат очите навистина е непријатно а не сум толку блиска со неа да и кажам дека ми смета. Секогаш кога има ваква тема сите намерно кажуваат таа да свати но не. До сега ништо не помогнало. Што мислите вие дали се оди кај шефот заради таа причина?

    (Ако е дупла темата или непотребна слободно канта)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Forca

    Forca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    Од култура не е убаво на било кој да му се потенцира таква работа, но, пак од друга страна па никој не е должен 8 часа да трпи нечија миризба, и тоа секој ден...
    Или навикнете се или бидете безобразни кажете и' во лице ама тоа да биде возможно најпрофесионално и сериозно, за да не го сфати како навреда (а претпоставувам ќе го сфати така, да не биде ниту пак како потсмев, инаку ќе тера уште толку инат) туку нека биде пријателски и колегијално, навистина незнам што друго да речам.. :D ;)
     
    На candy.cane, Ursi и Желба им се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Se odi vo human-resources (department (HR department) of an organization performs human resource management, overseeing various aspects of employment, such as compliance with labour law and employment standards, administration of employee benefits, and some aspects of recruitment. )
    Mozda kadrovo po MK se vika, neznam.
    Nivna raota e toa da I go kazat, na kraj kraeva za toa ucele I za toa se plateni.
    Ako ne sakas problem na rabotno mesto mudro kuti si, ke se najde nekoj koj saka problem pa ke I rece.
    Na site pametni vo takva situacija im preporacuvam koga ke cujat nezgodna situacija (nekoj se potkacile, nekoj nekogo go optuzuva za nesto,...) odma da odat vo WC ili da si zemat kafe, mozda po MK bi bilo predavnicki no toa ne sum go izmislila Jas nego go pisuva vo pametni knigi :lol:, stom go preporacuvaat znaci najispravno e :hai:.
    Jas redovno go prakticiram, ne samo sto nesakam da vlezam vo konflikt nego I nesakam da znam koj na kogo sto mu rekol. :nod:
    Ni luk jal ni luk mirisal.
    Sto ponastrana toa podobro. :hai:
     
    На Ursi, Cka, Желба и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.636
    Допаѓања:
    135.545
    @Ursi испринтајте и прирачник за лична хигиена. Ако не и текне, кажете и во очи. Подобро е да знае, отколку да слушне од некои од колегите дека зад грб зборите за неа..
     
    На candy.cane, buba4e89, Ursi и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.574
    Правец да се обратите на одговорно лице. По дома, кој како сака нека си смрди, ама кога работиш во институција (па и во лаб. дури), ќе се бањаш пред да дојдеш и точка.

    Не знам шо е со луѓево и небањањето. Стварно не знам. Од каде толкав отпор? Уствари, треба у среда да се заплакне само, ако веќе нејќе секој ден, да и' држи до сабота. :?::D

    Темава ме потсети, ко студенти у Америка, потпишувавме т.е. беше вклучено во работниот договор дека ќе се тушираме секој ден, дека ќе користиме анти-перспирант и дека ќе ја переме униформата редовно.

    Којзнае какви им иделе чим ова го имаа ставено. :D
     
    На VDT2906, candy.cane, ivi1987 и 26 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    18.467
    Пол:
    Женски
    :puke: :puke:
    Како може женско да си го дозволи тоа?Срамота е.Дваесет и први век сме, има топла вода, сапун, креми, дезодоранси, влажни марамици.
    Де бе луѓе што е ова (facepalm)
    Кажете и директно во лице или затнувајте нос кога ќе сте со нејзе и ќе примети што е работата.Или прскајте и дезодоранс.Мора еднаш да ја избламирате да се свести.
     
    На candy.cane, Ursi, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.988
    Пол:
    Женски
    Како што кажаа погоре, ако имате сектор човечки ресурси пријавете, ако не на надреден.
    Или пак сигурно има некој што подобро стои со неа, може некако дискретно да и објасни дека дезодорансот од 5 дена не функционира и дека во никој случај не менува туширање. Башка и да има таков дезодоранс, сигурно е направен за вонредни состојби, кога од било која причина немаш пристап до вода и хигиенски средства, ако си болен па не можеш да стануваш да се избањаш и сл

    Во секој случај, некој мора да поразговара со неа, зошто не е нормално да се тушираш еднаш во неделата, може жената има некој друг проблем, треба да и се помогне.
     
    На Ursi, cresa-jagoda, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    25.038
    На одговорниот да се каже, тој ако сака да стави лист во лабораторијата каде ќе пишува дека вработените треба да бидат средени на работното место, па нека наведе дека треба да бидете и туширани.
    Вие да и кажете не е во ред, може ќе се навреди па ќе се расипаат односите меѓу вас а не е убаво, сепак работите заедно.

    Знам како е.
    И јас имав една таква колешка, млада жена а не се бањаше по цела недела, четврток веќе смрдеата беше неподнослива и сите се странеа од кај неа.
    Не ја переше униформата, си бришеше потта од неа и потоа пак ја облекуваше :puke:
    Во лето врз испотени мишки и врат ставаше парфем кој придонесуваше миризбата да биде уште по одвратна.
    Имаше една колешка што работеше постојано со неа и си ставаше рузмарин во носот за да не осеќа толку мирис :D

    Кај нас одговорниот не сакаше да интервенира бидејки беше нејзин пријател и демек да не се навреди |(
    Низ муабет често зборевме како треба хигиената да биде на прво место ама за жал нејзе не и текна ниту еднаш дека за неа се однесуваше и да се избања барем уште еднаш во неделата.
     
    На candy.cane, toogood и Ursi им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    35.605
    Пол:
    Женски
    Кај нас чистачката постојано смрди. Година како работам во таа фирма и досега никогаш не сум приметила да не смрди.
    Еднаш толку многу лошо смрдеше на го*на што цел ден прскаме со дезедоранси. Мислам дека некој кажа на газдите па едно време ја снема, ама пак си смрди на готвено, на не бањато.
    Мислам дека и самата е свесна за тоа, а зошто така дозволува да се понижува не знам. Зима плата може да си дозволи убаво да мириса.
    И газдите се запознаени со тоа, ама нив не им е гајле.
    Лошо е тоа што додека работиме таа чисте. Секаде каде што досега сум работела чистачките доаѓаат да чистат после работното време.
    А знам како што имам слушнато може да чисте и после работа, ама газдите не марат за тоа.
    Им се имаме пожалено, ама жалбите воопшто не ги марат.
     
    На toogood и Ursi им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.742
    Допаѓања:
    35.965
    Пол:
    Женски
    Имав на факс една колешка, труеше чудо едно.
    Кај и да седнуваше, луѓето се тргаа, амфитеатри се празнеа, и пак ми паѓаше жал за неа,ама што да и правам. Ептен беше фино девојче, не знаев како да и кажам директно пошто знам дека скроз при срце ќе го земе, па така со другаркиве одоколу некои муабети вртевме, па демек за некоја си како смрдела збориме, она се смее ич гајле нема,не и работеше кликерот за тоа и не знам дали имаше уопште сетило за мирис. Имаше дечко, ја бацува, ја гушка, од страна да гледаш да ти се слоши. Ваљда и он ист.
     
    На toogood, Mr. Right, Ursi и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.363
    Леле човек, како бе на измет да смрди? Сериозно?
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    35.605
    Пол:
    Женски
    Сериозно, не лажам.
    Од далеку колку смрдеше, а кога ќе ти се приближеше да не кажувам колку многу смрдеше.
    Мислам дека тогаш во гаќи завршила некоја работа.
     
    На buba4e89, Ursi и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    15.700
    Пол:
    Женски
    Леле, зошто мора да збориме за основна хигиена на денешно време? :sweat:
    Абе ако ептен, ептен ништо, со водичка бе, со обична водичка шлапни се неколку пати. Тео сапунче е 12ина денари, па јас ќе им купам за цела година ако треба (значи еден, пошто нема да го користат).
    Сфаќам и немаштија, депресија, немање време... ама не, 5 минутно замивање СО ФАКИНГ ВОДА, не е до ништо од погорното.

    Сеа па, толку ќе ги тинтрам преку надлежни, па човечки ресурси, па што ти знам. На безосетни одговараш без осет. Смрдиш бре, крај. На познаник, Смрдљо му остана прекар, и еве уште си го негува т.е. си труе. Значи некогаш и нема ефект тоа, ако човекот е научен ко свиња да живее и да негува од прадедовците што останало еднаш неделно миење...

    Е сега па, имам роднина што има природно некој специфичен мирис. Не е посебно грд, ама е некако тежок, ко на устоено, не знам. Сум ја начекала и во бањарка и мирисот пак бил приметлив, едноставно испарува од кожата. Ама сме збореле, па користи и креми, дезодоранси, и што не, дури од срам се опседна едно време само да се мачка по раце, врат, деколте... ама ете е некој вид исклучок.
    Мислам дека луѓето се толку навикнати на својот мирис, што го сметаат за нормален и ретко кој би се свестил дека лошо мириса пошто тоа му е нормално, исто ко другиве веднаш кога ќе приметиме дека сме се запотиле. А, за овие залајнетиве веќе не знам дали се прават глупи или стварно треба да ти фали жичка да не ти пречи жолто или кафенко на гаќите, наслаги на заби, да прашуваш дали скршен заб да го вадиш... не ми е јасно познат поим ли им се бактерии и смрдеа, ама ич.
     
    На candy.cane и Ursi им се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    2.770
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бев на кафе со другарка и додека седевме дојдоа едни деца и наеднаш се рашири смрдеа на пот таква застоена од цела недела ми се згади и кафе и све и баш тогаш го правев тој муабет. Не ми се верува на денешно време некој да си дозволи да засмрди покрај милион средства за хигиена, па дури и бањање еднаш неделно никако не ми иде у глава како на нив сами не им смета, како сами не осеќаат дека смрдат и не им е незгодно, или се навикнати на својата смрдеа па не ни се сеќаваат веќе, посебно жалосно е што и млади луѓе си го дозволуваат тоа.
    Кога бев средно и ни дојде нова ученичка у класот, девојчето често смрдеше на пот и јас и кажав на класната, не наименував за кого станува збор ама она претпостави бидејќи претходно немаше такво нешто во класот, и она кога дојде на часот рече денеска нема да одржуваме настава туку ќе зборуваме за лична хигиена, вие сте девојчиња мора постојано да сте средени, да се туширате секој ден не е убаво да смрдите итн.. И после од утре дента беше избањата и до крајот никогаш после не ја сетивме да смрди.
     
    На Feminka192, Ursi и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Би му рекла да се тргни понастрана..и ќе ја избегнувам таа особа. Ниеден човек не е должен да седи во непријатна миризба ради некој колега шо не се капел. Коа тој нема срам да не се капи немам ни јас.
     
    На buba4e89 и Ursi им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.363
    Ова е претеризам, или не менувала веш цела недела, па се усмрдел. Стара жена е ?
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    6.202
    Пол:
    Женски
    Во денешно време кога постојат толку средства за хигиена да не се бањаш, неможам да разберам. Па за 69 денари има шампон и за 15 ден, сапун немора да бидат скапи и тие вршат работа.
     
    На candy.cane, Snowflake97, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    3.414
    Пол:
    Женски
    мрзата и зависи какви навики стекнал човек од мал ,ма сапун од 20 ден ке и заврши цела работа
     
    На Mr. Right, Ursi и VDT2906 им се допаѓа ова.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    35.605
    Пол:
    Женски
    Околу 50 години мислам дека има.
     
    На Tanjamm, Ursi и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Forca

    Forca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    Тие жени зарем не се омажени?
    Мажите нивни како ли ги трпат во кревет заедно спијат, ај што мислат дека е исто да се работи во штала и канцеларија, али како легнуваат во кревет покрај сопругот, ова се однесува и обратно за мажите, не ми е јасно навистина? :D :D :D
     
    На candy.cane, Halota, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.