1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога некој од колегите ужасно мириса?

Дискусија во 'На работното место' започната од Ursi, 18 јануари 2019.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.390
    Пол:
    Женски
    Сигурно и мажите им се исти, мада чудо некое имав другарка " смрдла" и најубавите дечковци ги имаше и тие несмрдливи. Сме се чуделе како и успева смрдеата како афродизијак ли ја сметаат.
     
    На candy.cane, Feminka22, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Првпат слушам дека човечки ресурси треба да му речат на вработениот да се бања.
    Не им е ни во попис и опис на работни задачи.
    Не се работи за дисциплина ниту за прекршување на ред туку за лични навики ,во случајов хигиенски.

    Мислам дека апла треба да се каже на колегата.И тоа некој кој е поблизок со него.На само.
    Ако и после тоа нема резултати,тогаш низ муабет група колеги треба да му кажат.
     
    На Harper, buba4e89, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Belabela

    Belabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Искрено жално е сево ова што го читам ,колку само светов напредува со секакви работи,женава саботно се бања ? Дезедоранс наместо туширање ? Не знам што да кажам ,таа како прво нема почит спрема себе камо ли кон другите ...изгледа е шпарлива
    Мора тогаш со лошо да ја фатите ако не разбрала со добро
     
    На Ursi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    Имавме годишен разговор минатата среда и една од колешките предложила да направи шефот нешто да каже на сите да се внимава на личната хигиена повеќе не рекла за кого точно се зборува па ќе видиме. Не верувам таа да се сети затоа што доста имаме зборувано за тоа. Јас еднаш кога таа беше со мене цел ден работев со маска ( беше петок) и кога ме прашаа зошто носам маска реков дека ми тече носот бидејки за тоа ги имаме тие маски ако е некој болен.
    Мажена е да има и деца + 20 затоа се чудиме сите но веројатно се сите такви иначе некој од дома би и рекол.
    Рече дека не отстранува ни влакна по цело тело еднаш во лето кога ги крена рацете имаше што да видиме .
    Утре ќе биде добро затоа што барем сабота сигурно се туширала од среда почнува малку да се осеќа но четврток и петок можеш да повратиш а и плус пуши.
     
    На toogood, Желба и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Луѓето се засмрдуваат најчесто кога ќе се запостават себеси.
    Дали е старост, немоќ, сиромаштија, немање услови... Се сведува на намерна или најчесто ненамерна негрижа за себе.
    Мислам дека со кажување од страна, индирекно, нема да се постигне многу.
    Тој што постепено се прифатил таков, нема да те слушне, свесно или потсвесно ќе ја блокира сугестијата.

    Парфеми, дезодоранси и спрејови, се што замаскирува еден мирис со друг, не се чистота, шампон, сапун е чистота. Треба еден слој маснотија, мртва кожа, прашина, нечистотија и микроорганизми што живеат во неа да се исфрлат. Испрани алишта, постелина, измиени заби, измиен јазик... Само човек треба да си посвети време, внимание, средства и нега на себе. И тоа треба да биде еден секојдневен, практичен ритуал.

    Ама, секоја планина своја тежина, секој со своето... Како успева да биде жив - така живее.
     
    Последна измена: 20 јануари 2019
    На candy.cane, Желба и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Кога работев во една државна институција,имав колешка,беше раководител на Човечки Ресурси,зимаш плата над 600 и нешто евра,убаво се облакаше,убаво нашминкана дотерана све,ама смрди бре на пот,не се трпи,што се вика очи печат.Често ни доаѓаше во канцеларија,ја трпев ја трпев еден период ама,веќе ми пукна филмот,и почнав пред нејзе да зборам ама да се дерам,добро бе мајкаму стара во 21 век,покрај топла вода,и чуда за хигиена,кој смрди бе толку на пот,колегиве и другиве колешки фаци ми прават да престанам,јас не престанувам,и пак повторував се додека не искочи од канцеларија,и од тој ден,само од врата ке не поздравеше и не влагаше во канцеларија.Јас искрено незнам што е со луѓево,ај ке сватам сиромашен човек,да мириса,некој ден,не секој,ама ова бре,во државна институција со голема плата,да си дозволи да смрди на пот,секој ден,иде на состаноци во Влада,Собрание,јас незнам бре како е можно,незнам.Ке кажеш женско,одржува максимално хигиена,деплации,чуда све,се тушира ако не секој,ама секој втор ден,не бре брате мили,оваа немаше гајле,изгледа само Недела се бањаше и пичи цела недела со пот ццццц ужас и гнасно.
     
    На душленце и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Имам таква колешка која не смрди, туку корне човече, бзди, пара очи и нос, убива..црева и сега ми се креваат.
    После нејзе неможеш просторија да излувтираш, трисаати стои грозен киселкаст воњ..абе солна киселина поубаво мириса од неа...Капак на сета наша мака на работа што сме, е кога ке рече: - Туф, ма грозен парфем ставила оваа Митра, смрди корне!!:?:

    Абе ни иде на сите низ прозор да се џитнеме:@ изгледа тие што смрдат не осеќаат:punch:
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Само дирекно кажување. Не е убаво но не е еден ден па некој ајде да истрпи. Кога тие се без осет што па вие да бидете со осет.
    Се чудам како не се чувствуваат непријатно кога не се туширани, косата им е мрсна или не се депилирани.
    Имав другарка која ми кажуваше дека не се депилира и по неколку месеци а имаше дечко :devil::D може типот сакал женски што не се депилираат.
    Познаничка кажуваше дека некогаш си ја мие само косата а телото го мине со влажно марамче.
    Навистина гнасно.
    После тие работи некако почнав да ги избегнувам. :envy:
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Навистина почувствував голема одбивност и одвратност од однесувањето и навиките на луѓето/колегите кои ги опишувате во вашите коментари. Едноставно не ми се верува како може некои луѓе да не се почитуваат и грижат за себеси и своето тело до тој степен...

    [​IMG]

    Вината за лоша хигиена не ја префрлам на сиромаштија и немање време бидејќи на пазарот постојат и средства за хигиена што скоро секој може да си ги дозволи, а немањето време е само изговор поради мрзливоста и немање стекнато навика.

    Понекогаш, има и други, природни причини зошто имаме непријатна миризба на телото. Би рекла дека, додека нашите тела, главно, функционираат на ист начин, истовремено и се многу различни.

    Непријатниот мирис на нашето тело не е задолжително предизвикан од лачењето на потта, туку од бактеријата на нашата кожа, која започнува да произведува непријател мирис кога се наоѓаат во влажна средина, или поточно потта која потекнува од нашите потни жлезди.

    Иако ова звучи како лоша комбинација и главен фактор кој ја предизвикува таа непријатна миризба, сепак потните жлезди играат голема улога за нашето тело, односно, ја регулираат нашата телесна температура. На пример, кога трчаме во текот на летото и нашето тело има потреба да се олади, со ослободување на потта, ние го чувствуваме тој ефект на ладење (за да не се зголеми телесната температура).

    Исто така, храната која ја консумираме може да влијае на непријатната миризба на телото. Имено, зачинетата храна и храната која што има силен мирис која што ја јадеме, откако во телото се вари, соединенијата од неа се ослободуваат преку порите на кожата.

    Нормално дека не може во никој случај нашето тело да не мириса бидејќи сепак мора да ги задржи природните масла за навлажнување, но редовното туширање е задолжително.

    И наједноставното објаснување е психолошките навики кои човекот ги има кога станува збор за водењето на личната хигиена, како и самиот начин на неговиот живот. Факт е дека луѓето кои не одржуваат редовна хигиена имаат многу повеќе бактерии на нивните тела, во однос на другите, особено ако не се тушираат често, како што се опишува според претходно споменатите примери.

    Сите овие причини се разбирливи и можат до одреден степен да се толерираат, ама поинаква е ситуацијата кога лицето свесно не одржува редовна хигиена;

    Не-одржувањето на редовна хигиена го исповетувам со себе-запоставувањето, кое претставува бихејвјорална состојба, каде поединецот ги запоставува неговите основни потреби, како што е личната хигиена, и ова може да доведе до здравствени проблеми во иднина.

    Интересната работа во овој случај е што себе-запоставувањето може да биде активно и пасивно.

    Ненамерното себе-запоставување, кое е пасивно, настанува како резултат на здравствени состојби, најчесто психички болести овде не може целосно да го обвиниме лицето за неговиот начин на однесување.

    Ама намерното, или активно себе-запоставување е кога намерно се случува некое лице да направи свесен избор да не одржува лична хигиена. Со други зборови, го прифаќа фактот да биде валкан и неизмиен, односно тоа не му претставува никаков проблем или пречка. Единствено можам да претпоставам дека лицето ќе стекне малку самосвест за своето здравје и хигиена откако ќе се здобие со некаква болест.

    Но претпоставувам дека хигиената понекогаш едноставно не претставува приоритет кај одредени лица...
     
    Последна измена: 20 јануари 2019
    На VDT2906, ivi1987, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Ја па една професорка имав во средно ваква, абе секој час зима лете отварај прозори абе корне не се трпи, а млада жена убава дотерана све тоа.Имавме разбрано дека колегиве и купиле колекција за поклон ама џабе.
    Исто и школска една ко ќе ми текне додуше оваа на манџи си мирисаше стално дали не се бањаше или алиштата и беа такви замирисани кој ти знае, ама отрооов па поготово на физичко кога ќе ми текне(facepalm)
    Ја разбирам летно време сите се потиме ама ова на застоено бре мириса а што е најтрагично па и осет нула....
     
    На candy.cane и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Не е само хигиена во прашање. Може и хормонско пореметување. Имав колешка од фак. и колешка од претходната работа така. Средени,скоцкани ама мирисаа. Свесни , се нервираа. Баш жално. И двете се сами, едната 33 другата 38 години.Мислам да тоа им влијае :(
    На работа имам повозрасна колешка , во менопауза е ,мириса многу. Дали дека е во менопауза или пак се запоставува незнам. Само не сакам да судам дека некој не се бања во 21 век. Ама изгледа има такви и тоа млади луѓе.Страшно. Маж ми вработи мчад дечко,18 год. Еднаш немаше превоз ,со нас дојде за работа. Луѓе,ќе умрев.Како мирисаше:( Зимо ,неможеш прозор да отвориш. Маж ми му рекол. Не ги носел на перење ни работничките одела. Се жалеле колеги дека неможат да работат со него. Индиректно прво му рекоч дека раб.облека мора да е перена и чиста, а потоа и дека бара хигиена. Вели дека оттогаш не мириса.
     
    На ivi1987, Gosh, calliope и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Искрено јас имам братучедка која е сиромашна и живее во лоши услови, каде што можам да кажам до некаде и нема основни услови за живот, немаат купатило, често сме заедно скоро секој ден ама никогаш не смрдела, и покрај тоа колку може секогаш се бања. Не е до тоа дали имаш или немаш туку до човекот е, у најмала рака ако немаш сапун можеш само со вода да се измиеш. За такви личности до некаде можеби и ќе имам разбирање ако смрдат, ама некој што ѓи имаат бе сите услови срамота е.
     
    На душленце, calliope, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.671
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најчесто до навиките е, што и не мора да значи. Имав во средно во класот девојка која ужасно мирисаше. Веројатно не беше бањата со години. Ама и косата и беше многу заплеткана, никогаш не личеше на исчешлана. А и немаше заби. Од друга страна, многу често после школо знаеше да си купи нова гардероба. И често доаѓаше облечена во нови алишта, ама џабе е се ако не си бањат. Искрено не памтам дали некој и имаше нешто спомнато.

    Имав друго “чудно” искуство пред околу 2 год. Патував со автобус Солун-Скопје. Пред мене седеше монахиња (не знам како точно се викаат, облечена како мајка тереза). Женичката имаше веројатно некој проблем за кој и самата беше свесна, оти мирисаше како тоалет после користење, чуваше до неа влажни марамици кои цело време една по една ги ставаше во гаќи. Беше приквечер па можев да видам од отсјајот на прозорот.
    Ама не можев да го издржам мирисот па се преместив на задните седишта, а и воопшто не беше пријатно. Не сакав да знам што и се дешава а бев принудена, мирисаше на дијареа, а зад мене имаше туристи од Франција и Шпанија.

    Претпоставувам се работеше за некој здравствен проблем, ниту на женичката воопшто не и беше пријатно. Муабетот ми е, дека не мора секогаш да е до тоа дека не се бањале. Може си имаат некој проблем.
     
    На ivi1987, Gosh, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Зошто мешате депилација со лична хигиена?
     
    На Gosh, Someonespecial, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    И јас предложив за човечки ресурси, но не мислев да и кажат да се бања.
    Не знам искрено како функционираат кај нас тие сектори, јас сум работела во помали приватни фирми и немам искуство со таков сектор. Но имам пријателка која работеше во HR во меѓународна организација и знам дека од нивниот сектор, покрај другото задача им беше и да ги следат вработените во однос на промени во нивното однесување, преку сопствено забележување или поплаки од други вработени. И во тој случај се разговара со вработениот, дали е се во ред, дали има некакви приватни проблеми и сл. и постепено да се дојде до проблемот и начин како да се реши, за да нема негативно влијание ни на работниот процес, ни на работните односи.

    Во случајов, однесувањето на вработената, односно нејзините хигиенски навики, влијаат на работната средина и на другите вработени, па може посоодветно е да се проследи до таков сектор или до надлежен, отколку директно да и се посочува од други вработени, посебно не со дрски и навредливи зборови.
    Според мене, во такви случаи најчесто се крие некаква друга состојба и треба многу внимателно да се постапува, може има некаков психички проблем на пример.
    Гледам дека они ќе се обидат преку шефот, се надевам ќе најдат некое решение.

    Јас во една приватна фирма кај што работевме со странки, имав една многу неуредна колешка. Не мирисаше непријатно, ама постојано неуредна, неисчешлана, непеглана, да не набројувам, но навистина паѓаше во очи дека не посветува воопшто внимание на изгледот, делуваше многу запуштено.
    По некое време, имаше една сцена со сопругот пред работно место и сфативме дека жената има проблем со ненормално љубоморен маж, човекот буквално ја демнел, правел сцени, ја напаѓал и тогаш ни стана јасно зашто е неуредна. Жената за да не му предизвикува сомнеж дека се дотерува за некого, одела у крајност да биде тотално неуредна, запуштена.
    Ова е различен пример од овој за кој е поставено прашањето, ама е во прилог на тоа дека најчесто проблемите имаат некоја друга позадина.
     
    На ivi1987, Gosh, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Кога видам таква или таков уфф незнам бе како издржуваат немат ли почит сами спрема себе да се дотерат да се средат колку и животот да им е хаос да се уништуваат со непеглани алишта и небањати.
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ама тие сами на себе не си смрдат, не се чувствуваат..тоа е проблемот.
     
    На hellocity и GirlRose им се допаѓа ова.
  18. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски



    Мојата колешка нема никаков друг проблем затоа што понеделник воопшто не мириса, таа сама рече дека кај неа сабота е ден за капење.. Почнува да мириса при крајот од неделата.
     
  19. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    За мене депилација е дел од хигиената за една девојка посебно во потоплите денови кога девојките се шетаат поразголени. Не верувам дека ќе имате убав впечаток за девојка што изгледа како пешачки премин на плажа. Сепак тоа е знак дека не се грижи многу за себе.
     
    На italiangirl11, Kate Rina 93, BarbaraMorii и 4 други им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Samo sto sakav da napisam deka mirizbata sekoga ne doaga od ne higiena nego od hranata koja se konsumira.
    Me pretrka :lol:

    Poedini nacii, specialno naglasuvam lugeto od Azija :^)mirisaat poveke od ostanatite :@.
    Kari, kurkurka, luk,… da ne nabrojuvam, smrdlivi ribi :@ (filipinci), o to smrdi, pece na oci :nod: izrazeno preku pot :x
    Od druga strana ima I bolesti koj lacat mirizliva pot.
    Kako kaza nekoj pogore seficata mirisala, sigurno znae ama nema resenie za toa I sigurno mnogu neprietno se oseka zatoa zenata ne vleguva vo kancelarija |-)
     
    На Желба, Tanjamm, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.