Еве, јас природно немам влакна. Се депилирам затоа што сакам, не затоа што воопшто имам потреба. И да не се депилирам не би имало некоја којзнае каква разлика. Не знам како би ти влијаела тебе ако не сум ги отстранила сите влакна од телото. Тоа е сосема мој избор со кој никако не ти предизвикувам негативни физички сензации (во превод, издепилирана или не, само визуелно можам да ти влијаам) Зошто би требало да ми е гајле дали тебе ти се допаѓа тоа што го гледаш на мене или не? На крај нели е моето тело мој избор или треба тебе да те слушам?
Правете муабет за хигиена дека мора редовно да се одржува па можеби ќе и текне. Мојата баба е 67 години па никогаш не дозволила да мириса , секој ден се бања сакам да кажам дека нема врска ни години, ни дали си млад/стар тоа си е до човекот колку и како одржува хигиена.
Шеф или претставник од кадрово или човечки ресурси е одговорен да ги потсети вработените на ''куќен ред'' во фирма. Сум налетала на ваква ситуација и особено зимно време си мирисаше на домашно готвени јадења со свинска лој, горени дрва, цигари,секакви непријатни миризби. Шефот спомна еднаш, два пати следно доби прекоманда, се спасивме сите. А пробувавме да и објасниме сите да не стигне жалба до шеф ама таа се правдаше со низа проблеми и дека психички и е мачно да одржува хигиена секој ден.
Мене ме интересира зошто се капи баш во сабота кога сите знаеме дека недела е ден за капење? Инаку, не знам зошто не и кажете директно? Нели сите сакаме искреност и мразиме оговарање, па кажете и дека на сите ви пречи шо мириса лошо, да си повнимава. Имаше една жена кај шо работев претходно, носеше едни блузичиња никакви, свилени, и мирисаше страшно во нив. Но, кога ќе ставеше униформа, ок беше. Можда и оваа е таков случај.
Зошто во сабота? Рече дека таа и мажот и имаат план за секс во сабота.. ете заради тоа. Дека недела бил ден за одмор .
Кога таа е вака отворена со вас на работа и вие треба отворено да и кажете почесто да води лична хигиена
Ете кај ,,лежел зајакот".. Се туширала пред секс, а не после секс, како може да не се тушира после секс?
Вакви смрдловци кај и да одам мора да има по еден. Имав колега и девојка што кога ќе поминеа во фирмата после пола саат смрдеше.Овој забите му беа споени,коса до рамена залепена за главата и нокти како на девојка долги... Девојката идеше у шушкавни панталони цела недела и плус имавме мантил на работа. Се пожаливме на шефицата која е многу директна и им рекла овие одговориле дека имале хормонален дисбаланс, а ние у двете смени сме четири со хормонски дисбаланс па ни една не смрде. У Гимназија една смрдеше на јадења и прскавме у неа парфеми она се смееше како мало детенце. Последното почнувам на школо до мене седна Индиец едвај издржав 2 дена луѓе тоа е нешто екстремно тоа смрде корне трепките ми паднаа, не можев да се сконцентрирам на часовите и кажав на наставничката ме премести стави ирачканка оваа бремена гајле нема,a тој си продолжи да смрди. Имавме другарка у друштво што стварно смрдеше и ни беше срам ама си ја трпевме и еднаш еден од оние чаршиски фраери не гледа идеме цело друштво о гласно кажа со кафето и една рексона да стават. Оваа се засрами и несмрдеше повеќе. Срамота у 21век со секакви шамони дезодоранси и шо веќе не да смрди една нормална личност. Јас немам храброст во лице да кажам ама ако треба ќе напишам на лист и на пауза у ташната или преку друго лице мора да се реши.
Во тој случај може секој да оди и зо згужвана облека бидејќи не ја загрозува околината или пак пример девојка да не депилира надусници (а кај некои многу се познава) што има врска нели никогу не загрозува.
Убедете ја да има жената редовен секс! барем 3 пати неделно и најдете и швалер. има на ЈОРГОВАН да ви мириса
Може пред бањање парче се прават, од термодинамиката, испарувања, да копа собата на прчовина... Романтично. А чекај, уствари, смрдеата е како застоено козјо сирење или како да си влегол во џамбо по риба? Ќе им го дознаеме фетишот...
Една колекција ќе и подарите,ќе и кажете мало внимание од колегите. Ако тера по старо за нозе,за раце во Вардар.
Па ако сака со згужвана облека да оди или со надусници, како ти смета тебе тоа? Ај, кога смрди смета и е непријатно, ама што ти менува тебе во животот дали тој се испеглани или не, или уште помалку, дали си отстранила надусници или не?
Ние на една школска во средно во ранецот и ставивме шампон против вошки, полна беше и немаше абер да се исчисти. И напишавме на ливче за доброто на целиот клас, конечно после тоа се исчисти. Нешто слично направете и вие со колешката, или некој стик, рол он ставете и во чантата или на бирото напишете на ливче и мислам дека ке се свести, да доаѓа спастрена на работа.
Здружи се со колешката и стани доволно блиска со неа за да можеш да ја убедиш да се бања секојдневно. Just kidding. Сигурен сум дека имате некој надлежен, или главен на работа? Кажете нека се преземат мерки. Не бадијала се ставени таму. Јас тешко поднесувам разни мириси, ако осетам дека некој мириса лошо, се тргам на страна, меѓутоа ако цела просторија смрди од него, тогаш е веќе проблем. Во лице не би кажал, меѓутоа би пријавил кај тој што е над нас.
Работата е дека дури и да и се обрне внимание за бањањето, било со збор, било со подарок сет за нега, сепак остануваат прашањата околу останатите активности кои нужно придонесуваат кон општата хигиена и здравје на личноста, вклучително и : редовно, секојдневно (по потреба и почесто) менување на долна облека, редовно менување на облека, пред се блузи, џемпери, особено што има такви кои се изработени од материјали кои брзо се замирисуваат под пазуви и по едно или две носења, дали е средено забалото и дали редовно одржува орална хигиена, дали редовно менува и пере постелнина, а посебно и дали редовно ја пере облеката, или и тоа го прави еднаш неделно во еден наврат, топтан се заедно. Е сега, факт е дека некој пат и кај најуредните луѓе се јавува непријатен мирис од разно разни телесни состојби, нарушувања, болест и слично. Факт е и општопознато дека потта при нервоза има мошне непријатен мирис, па и да сте дошле истуширани на работа, поради стрес може да се замириса и не секогаш има услови човек да се замие, заплакне. Во случајов и самата на некој начин се искажала за своите хигиенски навики и нема што да се толерира. Според тоа, може да поразговарате со претпоставениот, или во соработка со него повторно на видно место или по емаил да го препратите уште еднаш соодветниот акт, правилник кој ја обработува хигиената, или пак претпоставениот да и испрати писмено, индивидуално предупредување, бидејќи се работи за медицинска дејност која ја претпоставува хигиената како нужност. Или, пред нејзе да разговарате како сте чуле дека ќе се носи нов построг правилник во однос на хигиената, дека ќе се контролираат вработените повеќе и слично. Секако, ова ќе го осмислите претходно, иако јас сум за првото решение, кратко,јасно и директно без заобиколување.
Имав колешка што не се бања редовно и облеката секогаш и мирисаше на запршки и пот. Бевме седнати една до друга со споено биро и еден телефонски апарат. Слушалката секогаш беше со бели наслаги и мрсотија. Неколку пати во канцеларија се сврте муабет за хигиена и непријатен мирис кој го имаме постојано во канцеларијата, ќе извадеше парфем или дездоранс од ташна и ја прскаше целата просторија. Едно време отваравме прозори ширум, а зима беше, па секогаш се лутеше зошто се отвара, ладно и било. На крај еден од колегите се осмели во лице да и каже и да ја замоли за доброто на сите да обрне внимание на хигиенските навики. Го пријави човекот и имаше дисциплинска поради лична навреда. После неколку години од не знам која причина, почна редовно да се бања и алишта да пере, па нема непријатна миризба и нормално функционираме.