Како бе уште постојат вакви.. Јас не се запотувам многу, и во зима можам 2 3 дена да не се истуширам ама тоа е реткост затоа што не е возможно да се трпам со остатоци од креми парфеми дезодоранси на мене. Другарка една се утепува од туширање, сите дезодоранси, стикчиња и гелови за туширање ги има сменето ама џабе кога после 2 3 саати усмрдува. Работата е што нема да си дозволи усмрдена да излезе од дома или таква фа си легне во кревет. Колешка пак, секогаш дотерана и нашминкана, има пари за да ме купи мене со се моите, ама секогаш мириса на манџа. Доаѓа на факултет од сабајле, и мириса.. ко што кажаа, изгледа и по дома сите мирисаат така па не се осеќаат.
Освен ако е некој бездомник или пак ја има онаа ретка алергија на вода ( aguagenetic uticaria) или некој тешко болен кој е во постела и тешко може нормална хигиена да се одржува, за други не можам да разберам како може да не се бањаат. Да си дозволат колеги и пријатели да им кажуваат дека треба да се бањаат е стварно срамота.
Пред некој ден бев да пазарувам и една од продавачките во маркетот како засмрде на пот, аууу страшно.
Ќе се соочам и без сочувство ќе посочам на проблемот кој групно не засега. Никој не е должен да има епматија кон ваквите луѓе, каде е нивната за нас ? Изгубена, заедно со сапунот претпоставувам. Не ми е жал, здрав/а, прав/а, со услови си смрди и труе наоколу. Сум пробала разни културни начини да им кажам одоколу, но немало ефект. Сакам да ми донесат медицинска белешка тие луѓе кои тврдат дека кожата им мириса. Нехигиена не е медицинска состојба. Жлездите жими газов, некапени по цела недела мирисала потта. Е па мириса ! И да дојдат кај мене на режим, со дневно туширање, со лидера, со рексона, со чиста облека, со се. Па да видиме дали им смрди кожата. Среќа, моментално колешките ми се во добри односи со личната хигиена. Од паста за заби до парфем, пријатно е да се работи со нив. Претходно сум имала проблем, сум била директна.
...некој не се свесни дека непријатно мирисат, дали со целото тело, дали само кога ќе ги дигнат рацете, дали само здивот, а некои се свесни ама никој не им го кажува тоа, па тие мислат дека не допира мирисот до носот на колешката/ колегата... конкретно јас сум директна и го кажувам во лице без „кише око Крагуевца“ но со дефинитивно непонижувачко објаснување и секогаш позитивно прифатено и сменето... тие со здив поправиле расипан заб или применуваат миризливи гуми за џвакање, други колеги се приорентирале на мој предлог да носат кошули со 2,3 копчиња откопчени да се гледа ланче ем кул облечен ем не се потат отколку да бидат со џемпер ( позитивно и во повеќе внимание на нежниот пол кон нив)... а исто прифаќам и јас критика кога ете некогаш ќе заборавам да прскам малку дезодоранс во патика кога пешачам!
Страшно ми пречи, непријатно ми е да кажам директно, за да не навредам, ама сепак наоѓам соодветен начин да укажам, без навреда да се среди.
Ќе и купите сапунче. Пример работите на катедри (како во филмовите) и на аголот од катедрата ќе го оставите. Одозгора писменце "Утре кога ќе дојдеш, сакаме да ни мирисаш вака". Или пример имате шкафчиња, пресоблекувални, на некој нејзин простор ставете.
За среќа, до сега не сум се соочила со ваков проблем. Ако некогаш се случи, не би молчела. Ќе најдам некој суптилен начин да му/и' дадам до знаење дека треба повеќе да внимава на личната хигиена. Посебно ако станува збор за колега или колешка со кои делам работен простор цел ден... Не сум должна да трпам, па ако треба нека има и навредени. Секој може да си дозволи еден сапун и дезодоранс.
Нема потреба дезодоранс. Доволно е пред излегување од дома да се помине со сапунче, 6 денари е. Секој може.
море цревото на најјако хаха.некои луге не сфаќаат дека кога се тушираш ем поубаво мирисаш ем ти е полесно на душата
Абе ќе си најдете повод за делење на поклони, нешто како Secret Santa, и ќе летне по некое дезодорансче, дискретно.