Што кога никој не ме сака?

Дискусија во 'Сингл' започната од MoonGirl, 12 април 2010.

  1. MoonGirl

    MoonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Што кога никој не ме сака? Немам дечко, немам другарки, едноставно немам никого. И јас сакам да имам дечко, да имам другарки, да се дружам.. но каде и да одам како да ги одбивам лушето од себеж, како да ширам некоја негативна енергија. Секогаш сум сама, дома седам по цел ден сама, никој не ме бара, гледам низ прозор луѓе се шетаат, заљубени парови, друштва. Зошто и јас не можам да го имам тоа? Сакам да одам на забава, да запознаам многу луѓе. Плус тоа што никој не сака да ми се приближи, сфаќам дека не сум убава, едноставно најобично девојче сум. Не знам што да правам, премногу сум тажна. :(
     
    На Vik'Toriah, Dobie и vesevska им се допаѓа ова.
  2. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    256
    Немој да тагуваш и немој да мислиш дека поради тоа што не си убава немаш другарки или дечко. Можеби се уште не си ја сретнала вистинската личност. А за другарките, проблемот не е во тебе, ако некоја од твоите другарки ја гледа твојата убавина, а не душата, тогаш таа не е твоја другарка. Не ти требаат такви другарки, подобро да си сама отколку со такви. :)
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Секој е убав на свој начин, не зборам само за надворешна убавина.Внатрешата, онаа морална убавина е многу повеќе важна од ликот што си го гледаме во огледало.Затоа не мисли дека твојот надворешен изглед придонел да се најдеш во таква ситуација во каква што си сега.Стави прст на чело и размисли што довело до тоа.Можеби имаш чуден карактер па немаш другарки? Сигурна сум дека некогаш си ги имала, не е можно цел живот да си сама. Не те знам и не можам да тврдам ништо освен да претпоставувам.Ако грешката е во тебе, обиди се да се смениш, најди другарки, излегувај, дружи се... А за дечко, не се секирај, Господ сигурно чува некој за тебе! Позз и се најдобро!
     
  4. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    38
    Нема таков човек што не е убав,сите се убави на свој начин и сите имаат свои мани и доблести.Размисли кои се тие нешта што ти се допаѓаат кај тебе и поработи на нивно истакнување.Најважно е ти самата да се сакаш и почитуваш за да можеш да го очекуваш тоа и од другите.За дечко ич да не се секираш,животот е пред тебе...Едноставно излегувај повеќе,дружи се,можеш да се зачлениш во некое друштво или посетувај некој курс од некоја област која те интересира и не само што ќе научиш нешто туку и ќе запознаеш многу луѓе,а можеби меѓу нив и љубовта на твојот живот ;)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.556
    Допаѓања:
    38.113
    Леле колку имав ваква фаза. Се разијдов со тогашните другарки, а немав дечко и јас си седев сама. Сосем сама. И знам како е. Ужасно. Ама се се среди некако. И јас сама не знам како. Се запознав со нови луѓе. Не се секирај. Се се случува со причина. ќе си дојде се по редот. Само треба овој ужасен период да го пребродиш. Ама тоа е. Ќе помине.
     
    На Vik'Toriah, offtopic15, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Се случува..секому може да му се случи..Некому порано во животот некому подоцна..Јас сум сега во нешто сличен период..далеку од тоа дека немам другарки,имам ама сите се некаде надвор од мојот град..Меѓутоа мислам сама со себе прво треба да научиш да живееш..Затоа што луѓето и др работи се минливи сега ги има, утре не..Ти треба да ја пронајдеш причината зошто си така сама,осамена..Инаку јас порано долг период имав многу другарки,другари..многу се дружев..излегував..па дечковци итн...ама со време се менуваат работите..Само во твоиве години ми е малку чудно да си така изолирана :?: ..Ке се промени,ке си се наредат работите..само ти треба да си сигурна во себе и поопуштена,прилагодлива и позитивна.. :)
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Мислам дека секој поминува во една таква фаза од животот, и јас сум ја поминала. Фаза кога чувствуваш дека немаш никого на светов, кога немаш со кого да излезеш, кога немаш кого да викнеш на кафе, кога социјалниот живот ти е сведен на нула.

    Јас ја поминав таа фаза со тоа што ја активирав друштвеноста во мене, со тоа што почнав да создавам повеќе кругови на луѓе (колеги, другари од маало, другари од курс по англиски, играорна, зависи ти кои активности ги имаш). Ако ти не ги бараш луѓето, нема ни да ги најдеш. Почни од почеток, излези со некоја другарка/другар што во моментов го чувствуваш најблизок. Запознавај нови луѓе, биди комуникативна, така се создаваат пријателите. Пронајди ги твоите квалитети и доблести поради кои луѓето би те засакале и истакни ги :)
     
  8. lale

    lale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    И јас поминувам низ нешто слична фаза. Имам другарки со кои многу си се сакаме, но тие имаат дечковци па сега поретко сме заедно, но јас тоа не им го замерувам бидејќи сфаќам дека тие треба да се со нив, но сепак одвојуваат време и за мене. Но кај мене тоа чувство на осаменост ми се јавува за време на викендите и кога се приближуваат некои празници кои се поминуваат со друштвото, додека пак за време на неделата таа осаменост не ја чувствувам бидејќи наутро сум зафатена со училиште, потоа со школските и попладне и навечер учам со што времето бргу ми поминува и немам баш време за размислување. Но со другарките за викендите сум само попладне и пред излегување, а потоа јас останувам дома навечер со што ми се јавува таа осаменост и посакувам и јас да имам дечко, но се тешам дека се ќе си дојде во свое време и дека животот е пред мене.

    Мој совет за тебе - потруди се да бидеш повеќе во комуникација со луѓето. Повикај ги твоите сегашни или бивши школски другари на кафе и почни да се дружиш со нив. Биди повеќе дружељубива или пак повикај ги твоите другарки со кои си си играла како малечка, присетете се на тие времиња. Почни да ги бараш другарките, да го шириш кругот на познанства, не очекувај седејќи дома и сожалувајќи се да најдеш другарки. А за дечко навистина не сум личност која може да ти даде совет, но сигурна сум кога ќе почнеш да се дружиш ќе почнат работите да одат на нагорна линија. Се надевам дека ќе ни се пофалиш за кратко време дека имаш другарки и дечко. :)
     
  9. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Телевизијата,барбиките,Парис Хилтон се си го стори своето.Сите знаеме какое да не бидеш сакан тоа е факт ниеден збор неможе да те утеши но гледај околината да ја победиш со својот талент,знаење,образование,големина.Тоа секогаш ќе се вреднува секогаш.Зар една Џенис Џоплин беше убава па стана идол на цела хипи генерација,расплакува милиони срца низ светот,милиони луѓе се исповетуваат на нејзините песни,зае еден Анштајн бил убав па целиот свет му се воодушевува на неговата генијалност,зар Никола Тесла бил убав па целиот свет се грее и има топлина од неговата генијалност,зар Достоевски бил убав,Џон Ленон бил убав,Стивен Тајлер бил убав или слично.Зар Влатко Стефановски е убав :^),зар Amy Winehouse е убава. Светот нив не ги гледа по нивната убавина туку по трајните дела коишто ги имаат оставено по општеството.Убавиците како Натали никој нема да ги ебе за 7-8 години зашто тие освен што се убави не ни оставиле ништо вредно во својот живот.Човекот се цени според својата големина,генијалност и на неговиот напор да се изгради во голем карактер.Тоа ги краси големите луѓе,а не нивната убавина.Понуди му на твојата околина умешност,талент,знаење има да те почитуваат многу повеќе отколу три барбики што висат цел ден на кафе ;).
     
    На Margaux му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lale

    lale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    boyfromtown ne e se vo onaa sto nie ke go ostavime zad sebe da i toa ima golemo znacenje na sepak mnogu e vazno i odvnatre da se custvuvame ispolneti . sto ako nekoj ti rece deka si postignal nasto znacajno, ako mnogu ako te pocituvaat a ti se custvuvas osamen ,bez nekoj koi vistinski ke te saka, bez nekoj na koi mozes da mu se doveris, i nekoi koi znaes deka sekogas ke te podrzuva vo se. No sepak toa e tvoe mislenje i sekoj ima pravo da gi iskaze onaa sto go misli i da stoi zad toa.
     
  11. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Ти можеш да се чувствуваш осамен и ако си убав тоа нема врска.Има луѓе што се убави па патат од депресија ;) .За секој човек има на овој свет што некој ќе го сака.Па зар сите луѓе на овој свет се убави,манекени и слични глупости.
     
  12. lale

    lale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Се согласувам со тебе дека надворешната убавина нема големо значење, многу е поважно она што го имаме во душата и срцето, па дури и во мозокот. Надворешната убавина е минлива, но она што го имаме внатре е додека сме живи, а делата кои ќе ги оставиме се вечни.
     
  13. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Се сложувам со boyfromtown. Човек не се цени според убавината, туку според делата. Секој минува низ таква фаза, посебно во ова време, сите се осамени, најмногу поради социјалниве мрежи на кои сите дремеме со часови. Жално е што е вака... Но порано или покасно ќе најдеш и дечко и друштво и се ќе биде во ред. Се минува, па и ова. ;)
     
  14. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Само ќе ти кажам Бетовен бил глув,грд,несреќен ама оставил дела на коишто целото музичко критичко општество му се воодушевува на неговата генијалност.Кој тогаш ти ја гледа убавината.Со убавина се вадат луѓе што ништо неможат да понудат у живот и слично.
     
    На Philosopher му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MoonGirl

    MoonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Сфаќам дека убавината е релативна работа, денес ја имаш, утре не. Исто така сфаќам дека човек се вреднува по своите дела и душа. Но што вреди тоа ако немаш љубов во животот, немаш пријатели, немаш љубен, немаш никој?! Љубовта придвижува се на овој свет, а јас сум далеку од неа. Знам дека комуникацијата е најбитната работа за да стекнеш пријатели, сум се обидела многу пати, но не вреди. Како да ширам негативна енергија околу мене, луѓето не сакаат да бидат во моја близина. Не сум грда, но не сум ни убава! Секој искрен поглед и добро што го правам другите луѓе кои ми се прават пријатели го искористуваат и на крај си одат. Јас го гледам сето тоа и сум свесна за тоа, но ништо не превземам со надеж да се сменат и да ми бидат вистински пријатели. Отсекогаш било така, од основно, па во средно и на факултет. Апсолутно нема на кого да му се обратам, па дури ни на роднини. Се ужаснувам кога седам на прозор и кога размислувам за иднината. Единствен пријател ми е моето куче. :(
     
    На damaris му/ѝ се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Ако човек не е емоционално исполнет..ако чувствува празнина,ако е осамен тогаш не е мотивиран и не може да постигне толку многу во животот на било кое поле..Точно е дека љубовта (пријателска,семејна,партнерска итн.) е двигател на се! :!:
     
  17. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Јас имам другарки што се туку да ги кажеш дека ми се другарки, немам дечко за да би се разделиа однив, така да додека не се запишам на фах или доколку не најдам нови другарки не ги откажувам оти какви такви не сакам да се запоставам со тоа што ке седам дома, и да, не е се до убавината, што ако си убав/а кога немаш мозок, според мене најбитна е харизмата и душата на човек :)
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.458
    Сум минала и јас низ ова. Ме мрзи пак да опишувам, веќе на два наврата имам споменато баш во оваа категорија, само други теми. Можам само да кажам дека е тежок период, кој не прави многу посилни понатака. :) Боже како звучам.
     
  19. bishop

    bishop Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    се што можам да ти кажам е немој да се откажуваш, јас веке подолг период се наогам во таа фаза. Другари имам ама исто како да ги немам најчесто се тука кога им требам. Они се неколку години помали од мене и со нив се врзав сосем случајно, со еден од нив се знам долги години пријателство помегу насите родители. И јас така постојано се обидувам да помагам не само на нив помагав во основно и бев исмеван засто сум бил глупав они ме зафркавале а јас сум им помагал, истото беше и во средно, ете се записав и на факултет и пак ништо не се смени. Да се цувствувам осамен и тоа доста често но не губам надез еден ден ке биде подобро сигурно и за разлика од тебе јас повеке го немам моето кученце кое искрено ме сакасе и ми се радувасе. Верувај изгубено е само она од што ке се откажеш, ако си силна и упорна на крајот ке бидеш победник ке го имас она што го сакас и нормално она што го заслужуваш затоа за сите добри дела што си ги направила еден ден ке бидес наградена.
     
  20. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    361
    девојко па немаш ли некои братучедки комшивки да излегуваш со нив и така ќе запознаваш и мн деца па и некој што ќе те сака