Па кога живееме во општество каде само физичката убавина се цени, просечните и подпросечните чудо како воопшто подруго да размислуваат од ова
nikoj ne e grd sekoj e ubav na svoj nacin i jas mislev deka sum grd porano i mene me ismejuvale ama ako ne pocnes sam da se sakas nikoj nema da te saka
Не биди негативна . Секогаш ќе има луѓе кои те сакаат и почитуваат, биди поведра и позитивна,ќе видиш како ќе се промени се.Убавата душа засекогаш ќе остане запаметена ,а физичкиот изглед пропаѓа брзо .
Ова го пишав и во друга тема, сигурна сум дека не е тоа вистина пошто убавината е толку многу индивидуална и на секој нешто друго му е убаво (beauty is in the eye of the beholder), но и да е, како е убавината релевантна за да се дружиме со некој? Мислам да, како ние се перцепираме влијае на тоа како другите не перцепираат и ако сме несигурни во себе и со ниска самодоверба и како резултат на тоа се затвораме кон себе - нема да имаат другите шанса да не запознаат.
Еј нема врска, парите се најнебитни. Моиве другарки све со сиромаси се у врски, океј не сиромаси ама луѓе на плата. Имало и ситуирани што им се пуштале, ама пара не буши ако си ти бате лузер.
Ја богат не познавам што е слободен, а сиромашни еден куп. Под слободен не мислам на тоа да е во врска, туку да нема женска и никаков избор на жени. Не знам ниту еден кој е едноставно сам на себе оставен и никоја го нејќе за озбилно. Такви богати не познавам, па макар и најголеми лузери да се, никоја да не ги сака. Сите имаат избор, горе долу. Е сега колкави им се шансите за среќна врска и дали некој стварно ги сака, не знам и за тоа може да се зборува. Ама дека ќе останат сами, не остануваат. Дури познавам и огромни лузери, физички непривлечни, тивки и повлечени кои не се истакнувале како деца и влегле сега во ИТ или некоја друга работа каде прават пари над просекот, и скоро сите од нив успеаа да најдат девојки што претходно не можеле да најдат. Ама сите се добро ситуирани, имаат можност да земат стан, кола убава, да прошетаат низ Eвропа, да се средат добро физички со квалитетна облека, фризура, нега на лице итн. итн. А да не зборуваме за оние што се стварно, стварно богати, синови на транзициони директори и сопственици на фирмичиња. Од друга страна познавам многу сиромашни кои работат тешки физички работи и се со некоја под просечна плата. Бел ден не можат да видат. Обично и потекнуваат од сиромашни семејства па немаат стан, не можат ниту да обезбедат. Нешто од татко им ако им се остави, и тоа е. Кола некоја ако ја туркаат колку за потреба. Поради изложеност на природни услови почнуваат и физичкиот изглед да го губат. Им опаѓа коса, им се појавуваат брчки на лицето, немаат можност забите да ги поправат, стресот голем и тешката работа им влијае негативно. Е тие таквите ретко која ги сака. Немаат баш некој избор оти денес сите сакаат амбициозни, средени, со посебен стан, кола, нашетани, образовани, што знаат странски јазици, гледаат странски серии и разбираат хумор на англиски. Секако некои од нив си наоѓаат слични на нив, но другите остануваат сами, не женети 35+ годишни за кои се зборува на форумов да се заобиколат во широк круг оти немаат што да понудат. Јбг.