MoonGirl за почеток можеш да одиш на пример во библиотека, можеш да одиш на шопинг онака сама ќе си се дотераш фино лепо и ќе отидеш као божем дама из лондона и кога ќе видеш познати не главата в земја туку слободно ќе му речеш здраво што правите и сл. а најпаметно би ти било да си фатиш дечко и што толку си се разочарала дека не си убава секој е убав на свој начин ајде малку дотерај се насминкај се фризурче да видиш одма колку е подруго
Скоро секоја тинејџерка поминува низ ваков период. Јас веќе го пребродив. Во тие моменти многу ми било тешко да седам дома без другарки, без дечко, дури чуствував дека и моите дома не ме сакаат. Работите се одвиваа спонтано и бавно. Си најдов нови другарки и се запознав со дечко ми. Денес не можам од ништо да се пожалам. Од тие пребродени моменти сфатив, кога никој не ме сака, најважно е јас самата да се сакам, дека таквиот период е минлив и дека после дождот секогаш доаѓа сонце.
Извинете што пишувам на оваа женска страница, но верувајте дека многу сум разочаран од љубовта. Имам 17 години и се уште немам девојка. Не знам што е работата, не сум некој лош човек, не сум и згрешил на ниедна, сум пробал на сите можни начини но пак не можам ништо да сторам. Гледам има такви идиоти што ги изневеруваат, ги тепаат и девојките пак трчаат по нив. По цел ден се нервирам, ми оди да заплачам од несереќа. Ве молам за некој совет, ако може. Благодарам однапред.
Душичкеее не се нервирај, можеби не си ја пронашол вистинската.. Кога тогаш, ќе најдеш некоја.. Па каде брзаш.. Животот е пред тебе
i jas se si velam zivotot e pred mene no do koga vaka ke teram koga deca od moja vozrast si go ziveat zivotot a jas koga toa ke go docekam koga ke ostaream li sega e toa najvazno dodeka si seuste vo mladite godini tinejdzerskite no pred se ti blagodaram sto mi odgovori
Не се нервирај ќе најдеш нешто а да те утешам знам двајца дечки што на 30 години фатија прва женска така да имаш премногу време на располагање . Мора малку сеир, инаку ќе најдеме некое чаре и за тебе .
Како што понекогаш женските трчаат по погрешни машки, така можеби и ти трчаш по погрешни девојки. Но, има време за се само ќе си ги отвориш очињата и сигурно ќе најдеш некоја.
во денешно време се се менува па и лугето, но не очајувај кога најмалку се надеваш мозеби тогаш ке запознаеш девојка а во мегу време излегувај друзи се , забавувај се и се ке биде ок
vi blagodaram mn za pomosta no seuste sum razocaran ako si fatam zenska vo skoro vreme prvo na vas vi pisam pozzz
Најпрво смени го никот од несреќен во среќен . Која ќе те сака да и расипеш расположење со твојата несреќа? Девојките сакаат самоуверени и задоволни момци што значи дури и срце да ти се кине со девојка ќе се смешкаш и ќе ја флерташ а ти на цел форум кажуваш колку ти е тапа што немаш девојка. На 17 години имав милион другари без женска така да не е тоа толку невообичаено како што ти се чини. Најпрво престани да жалиш дека другите имаат а ти немаш, второ ич да не се замараш што идат по идоти, има зашто идат со нив а не со тебе и кога ќе сфатиш зашто ќе смениш и ти понашање и тоа радикално. Фин со девојка само до одредена граница зашто ако те провали дека си мек ќе те отпише одма и ќе и станеш другар а тоа не сакаш. Почни да одиш во теретана или уште подобро во клуб за борбени вештини затоа што ќе ти рипне самодоверба а тоа и те како ти е потребно. Можеби немаш фаца (а можеби имаш ти си знаеш) ама скоро секој може да направи пристојно тело со тренинг. Некој ќе речат нема тоа врска изгледот ама јас мислам дека треба да направиш се за да си ги покачиш акцииите а добро тело и фаца со соодветно понашање се многу добра комбинација . Освен тоа во диско одбери неколку просечни девојки од кои не ти се сецкаат нозе кога ќе ги погледнеш и појди да ги упознаеш. Јасно ќе ти дадат корпа ама нема да те погоди премногу. Ако некоја не ти даде корпа одма муабети и, и потруди се да ја насмееш затоа што чим се смее и е пријатно и имаш големи шанси пак да сака да те дружи. Гледај и посматрај како прават твои поскусни другари и снимај во себе. Нема да можеш да копираш ама има патерни на понашање кои палат скоро кај сите девојки а исто и обратно грешки во понашање кои ќе те корпираат скоро кај секоја девојка. Учи ги, памти ги, вежбај ги и постепно ќе сфатиш што смееш а што не смееш да правиш со девојка. Вежбај и учи и немај гајле од корпа, тоа ти е прво и основно а другото само по себе ќе дојде. И никако немој да ја чекаш идеалната и да седиш сам, бркај и неидеални ама што ти се свиѓаат за да набиеш искуство инаку некоја префригана во иднина има душа да ти извади ако те начека неискусен а она е искусна. Со среќа .
Секој човек поминува низ ваков период во животот. И јас сум поминала низ ова. И верувајте ми, ми беше премногу тешко. Буквално мислев дека сум сама на светот, дека немам никој. Во исто време ги гледав моите врсници како излегуваат, се дружат и се забавуваат, а јас седев затворена меѓу четири sида. Паѓав во депресија затоа што мислев дека никој не ме сака и никој неме забележува. Но тоа беше само еден тежок период кој помина, а сега сум сосема друга личност. Едноставно, почнав повеќе да контактирам со другарките од школо, почнав да излегувам и се натерав себеси да бидам поопуштена, одев на курс, па и таму запознав многу нови луѓе. Со тек на време се се среди, и знам дека најголемиот проблем ми беше тоа што немав доволно самодоверба и неможев да се опуштам во друштво. Со многу волја, овој проблем може лесно да се реши.
Нема зашто да тагуваш поради тоа, смени се, значи проблемот е во тебе.. Биди фина, весела, дружељубива и не гледам причина зашто би отфрлила тогаш некој од себе
Кога ќе ги остават оние што ги тепаат, навредуваат, изневеруваат сите ќе дојдат кај тебе после ќе не прашуваш што да правам со девојкиве Озбилно:Не се секирај воопшто, само не размислувај на тоа - така ќе се напнуваш, а девојката ќе си дојде спонтано кога најмалце ќе очекуваш !!!
Е сега сум баш во ваков депресивен период Немам многу другарки бидејќи учам у друг град и сите школски ми се таму...Иам 2-3 добри другарки и со нив излегувам но сега сите се по одмори и јас сум сама веќе 10 дена неам излезено се затворив у 4 ѕида дома.Плус дечкото ми раскина пред 3 месеци и уште го неам преболено и ми фали.Стварно не знам што да правам со себе...не сум била волку осамена.Знам дека се ќе се среди кога ќе се вратат другарките од одмор ама сега сум за никаде овој период!
Не губи надеж!!! Тоа е најважно. Многумина сме поминале низ таков период во животов, но се ќе си дојде на свое место, јас сум во тоа сигурна. Но не треба само да седиш дома и да чекаш другарките, дечкото и сл. сами да си дојдат. Прави нешто што те исполнува: фитнес, играорна, модерни танци, англиски и триста други работи има што можеш да ги посетуваш и таму да запознаваш нови луѓе. Биди позитивна и насмеана. Прочитав и дека имаш куче..па кучето со тебе и на шетање..може да се закачат многуу доби момци Убаво е исто така за почеток да започнеш да излегуваш и со твои братучеди, роднини,комшивки, кафе-мафе-муабет многу ќе ти помогне. И разговор со твоите родители исто така.. Ти посакувам се најдобро
Ова ко мене да ме опиша! сосема исто се чувствувам! ..ситуацијата е иста! мило ми е што некој може да разбере низ што поминувам! ..можеме да напраиме формација за анхепи грлс..хахахах (јуст кидинг)