Ако ти самата не се сметаш за убава,не очекувај некој друг да го мисли тоа.Како се доживуваш ти,колкава самодоверба имаш така те доживуваат и другите. Така да,смени си го под итно мислењето за самата себе,нормално дека никој не е совршен па не си ни ти,ама сигурна сум дека далеку си од тоа дека не си убава.
Абре луѓе ако сами себе не се сакате и почитувате како очекувате бе другите да ве сакаат и почитуваат ? Се поаѓа од нас самите. Животот ни е таков каков што ние го замислуваме. Ако ја си умислам и уверам дека сум грда и ке сум, ама ако си замислам дека сум убава и дека како што се сакам ја ке ме сакаат и многу други и те како ке бидам привлечна . Па дајте бе подигните таа самодоверба прво. Кај сте вие у ваш живот ? Сите се убави на свој начин. НАметнете една насмевка на тоа ваше лице и да видите како ке осеќате убаво .
ауууу за грев темата...... кој е тој што никогаш не е сакан? непостои тоа секој има на овој свет што го сака некого и е сакан.....ако некој мисли спротивно тогаш има некаков проблем.....
Почни ти со фб да си пишуваш со некој да се дружиш, а за дечко не се секирај ќе си дојде и тој со време денес мислам преку фб најлесно можеш да стапиш во контакт со некој кој ти се допаѓа
До самодовербата ти е,веруј Ова ти го кажувам од лично искуство.Поради ниска самодоверба незнам да стекнам друштво. Многу сум напната и здрвена кога упознавам нови луѓе,па си мислат дека таква сум стално.А со тие што се дружиме подолго сум сосема друга,опуштена,комуникативна.Мислам дека таква ако сум стално со многу деца ќе се здружам.Али ете,пуст страм од што не сум доволно самоуверена.
Значи вака, ја видов оваа тема и одлучив да напишам нешто. Машко сум, ама темава ме заинтересира. Јас сум мирен дечко, одличен ученик, не сум проблематичен, комуникативен сум, но имам еден мал проблем и ве молам за добар совет како да го совладам. Бидејќи никој не е совршен, не сум ни јас. Девојките ми се слаба страна. До сега за жал не сум имал ниту една, сум имал многу симпатии но ниту една врска. Секоја девојка, на која пробувам да и се приближам, веднаш го менува својот однос кон мене, едноставно како воопшто да не и се свиѓам. Не можам да сватам што правам лошо, полека и пристапувам, пријателски, нежно, но тие секогаш ме одбиваат. Едноставно почнувам да мислам дека ниту една не сака да има ништо со мене. Зошто секогаш ги избираат лошите момци, а не некои помирни како мене, не знам што има лошо во мене. Ве молам да ми го напишете вашето мислење и да ми дадете совети. Пред неколку недели наполнив 18 години
Јас не би имала некој посебен совет за тебе,освен да не се секираш.Вистинската љубов ќе дојде кога-тогаш,подобро 1 искрена,отколку 10 лажни.Обично девојките понекогаш знаат да глумат недостижни(секако не сите),па сакаат машките повеќе да се вртат околу нив. А за тоа што си срамежлив,пробај опушти се,немора да е девојка што ти се допаѓа,туку со другарки напрај си опуштено муабет.И тоа многу ќе ти помогне. Мислам дека се ќе си дојде во свое време.Немој да губиш надеж,никогаш!
Јас ке ти дадам машки совет затоа што пред неколку години наполнив 18 години Првата причина за твојот неуспех можеби е тоа затоа што физички си не привлечен, можеби имаш вишок килограми, лош стил на облекување или глупава фризура А втората причина е можеби затоа што си премногу добар и фин. Good guys finish last, ова е научно докажано И јас на твои години бев во таква ситуација како ти сега ама со тек на време ги согледав овие две работи што ти ги напишав погоре па затоа моментално сум тотална спротивност на тој што бев порано... и сега одлично ми оди
До таа мера сум опуштен, правам муабет се зафркавам. Проблемот ми е како да и пријдам, тоа ме кочи, и кога ке и пријдам некако го заладува нејзиниот однос кон мене. За физичката привлечност неможам ништо да кажам(тоа треба да го каже друга личност) а вака сум висок и имам вишок килограми(не многу) и мислам дека не се познава многу. Ви благодарам за советите
Ако пишуваш за некоја конкретно, би ти рекла дека или не си нејзин тип, па затоа така реагира, или пак, можеби ја осеќа твојата нервоза, и трема , а и тоа не е многу привлечно. Не размислувај за неуспех, и опуштено , без никакви вежбани фори пријди и. Па, ако не е првата, втората, третата ќе биде.
Мислев за повеќе. Трема секако ке имам, тоа е нормално. Има и една девојка што ми се свиѓа во мојот клас ама не знам што да направам и дали да и кажам. Кога ке сум до неа имам чувство дека и нејзе и се допаѓам. Незнам зошто но имам такво чувство
Наместо да и кажеш можеш да флертуваш со неа, и да видиш како ќе реагира. Како на зафрканција, со поглед можеш многу подобро да и кажеш, секунда да е подолг , ќе примети она. Дружи се, зезај се, и немој со озбилни изјави( дека ти се допаѓа и сл.). Опипај ја територијата прво. Флертот му е мајката.
Ако не бива со таа,оди на друга,битно е да има пријателки,па малку со нив да се дружиш да те вида дотичната дека си во женско друштво,така ке имаш поголеми шанси,еве конкретно еден мој другар нон стоп излегуваше во машко друштво и никако да фати девојка,па виде дека не оди,ја викаше братучетка му заедно да излезат,и едно 3 до 4 пати излегување на другаров му се посреќи и си фати девојка,тоа ти е женска психологија.
Флертувам со неа постојано и ставив до знаење ама неможам да проценам дали и јас и се допаѓам. Таа женска психологија одсекогаш ми стварала главоболки. За друштвото си во право ВИТОМИР. Така најлесно се фаќаат некои другарки на женската со која се излегува
За друштвото си во право ВИТОМИР. Така најлесно се фаќаат некои другарки на женската со која се излегува За жал девојките така гледаат,ако те гледаат во женско друштво постојано одма си помислуваат а овој е фраер го бива штом се дружи со толку девојки,а тоа дека треба бидеш badboy за да успееш,тоа нема врска биди тоа што си,а не тоа што другите сакаат да бидеш,јас мислем со еден добар фин интилегентен пристап дека ке биде ок.
Така и постапувам, ама не оди. Мора нешто да правам погрешно, или пак не сум доволно опуштен. Мора да има нешто
и јас сум во иста ситуација имам само една другарка...незнам како да објаснам ама на фб многу и пишат и кога ке се договорат да се сретнат и она ме вика да одам со неа да не е сама.. и на пример овој што ке дојде ке закаре со него еден другар и другарка ми ке оде со него да се смува а јас проста ке ја чекам незнам што е проблемот со мене имам убаво лице ама имам еден проблем немам убаво тело слаба сам и незнам повеке што да правам да се заклучам во соба и да си седам и не ме сакат
Токму ова е твојот проблем, а и општо проблемот на скоро цела женска популација. Кога ние женските сме свесни за својот недостаток, мислиме дека цел свет на нас го гледа токму тој недостаток. Тоа што имаш слабо тело воопшто не е проблем. Не знам колку години имаш, но најчесто и за време на пубертетот се отвара апетитот, а ако не, постојат разни витамини што се продаваат во аптеките кои го отвараат апетитот (консултирај се со матичен лекар). Иако јас би ти препорачала да се занимаваш со некаков спорт, ем апетит ќе ти се отвори, ем ќе ти зајакнат мускулите И уште нешто, можам со сигурност да ти гарантирам дека твоето тело не е причина зашто не си сакана, еве јас имам другарка која е 18 год. и има 45 килограми, сакаш верувај, сакаш не верувај, повеќе би рекла дека се работи за самодоверба, затоа што и таа немаше додворувачи, но откако ги засака своето тело и се зголеми самодовербата, а тоа е нешто што од километар се препознава и баш напротив треба да излегуваш и да се дружиш, ако се затвориш во соба ништо нема да постигнеш.