не грижи се имам слична ситуација и јас така често ја гледам другарка ми како е вљубена целата во облаци кој и да и се допадне таа почнува врска, цел град ја сака а сите мои излегувања биле само за една вечер, само мување ништо поеќе имав еднаш шанса да започнам врска и јас но дечкото повеќе го сакав како другар, незнам зошто но никој друг освен него не ми рекол ТЕ САКАМ или МИ СЕ ДОПАЃАШ, туку само А ДА ПРОШЕТАМЕ ДО НАДВОР , незнам само дали е до тоа што и јас сум таква без чувства, ладнокрна,и колку и да ми се допаѓа некој не го кажувам тоа ниту на другарка ми, се плашам да сакам некого, а незнам ни сама зошто
Немора да се разочарувате до толку.Сигурно некогаш и вие ќе бидете среќни во врска и сите ќе ви завидуваат.А тоа што другарката ти започнува врска со секој кој што ќе и се допадне не мислам дека е ни малку во ред.Што правиме ако и се допаѓаат 10 момчиња одеднаш ?
хаха па веќе има 4 врски заднеа а неверувам дека и сама знае со колку се има смувано, нешто што ми е чудно е што сите врски ги заврши таа излегувајки со некој од бившите
Не бидете песимистички насторени,и јас си мислев дека никој не ме сака и таман се откажав ми се случи најубавото нешто во животот. Не грижете се Господ чува нешто многу добро за вас 100 %
Не е ок но сепак буди некое чуство на пониска вредност, нешто како што е таа толку посебно а јас не сум
Девојко проблемот со другарка ти треба да си го решиш по пат на разговор и кажи и дека не сакаш да ја придружуваш на состаноци.Башка и не разбирам што има да ја придружуваш, со дилери на дрога ли се состанува? Во врска со она второто, прво што не треба е да ја изгубиш самодовербата, оти доколку самите ние не си ги знаеме вредностите кои ги поседуваме , никој нема ни да ги цени! Едни не биде во врска оти биле дебели, ти си била слаба... тоа е релативна работа и нема никаква врска со фаќање дечко. пс:како помала мислев дека немам дечко оти имав кратка коса , детски памет
Знаете кога е најтешко, кога сте опкружени со многу луѓе а се чувствувате најосамени. Баш во оваа ситуација се наоѓам, многу ми е тешко, имам само 15 години, значи сите мои другарки имаат дечковци, пушаат цигари уште сега, секој викенд се фалаат затоа што се опијаниле,а наместо да се срамаат. Се чувствувам многу глупо, кога разговараат за дечко јас не знам што да зборувам затоа што не сум имала ни прв бакнеж а камоли дечко. Секој викенд пијат и пушат цигари а јас во никој случај нејќам да пушам цигари на сила само за да се правам интересна, ниту пак да се онесвестувам и да повраќам. Ама сепак тоа е повеќе немам сила да издржам и не викајте да го сменам друштвото пошо сите се такви,ама баш сите.
Ве молам советувајте ме како да се однесувам и што да правам понатаму, затоа што веќе се откажав од се и не знам што да правам.
Ни мене не ме сака никој... Најверојатно е затоа што сум крупна (дебела), но тоа сум јас и пробувам да се подобрам, а додека го направам тоа се прифатив ваква каква што сум. А и мала сум, барем јас така мислам (13 год.-дете, мои врсниччки веќе имаат големо искуство на ова поле, а незнаат ни името да си го напишат -_-). Другарка само една имам но се гледаме 1 месечно зошто не живееме во ист град. Другите девојчиња т.н другарки ми се замо за да не ми е досадно...
Нема шанси никој да не ве сака.... ве сакаат вашоте родители,симпатии,домашните миленичиња ... Пред се сакајте се самите себе какви што сте...на кој не му чини да ве прифати какви што сте или љубомори или со нос допира до небо...а за пријателства-ретки се вистинските многу ретки да не кажам исчезнати само за корист да не и е тоа поради мн филмови што гледаат или мислат дека се на високо ниво ... ете кога мислев дека никој не ме сака се појави симпатија..па ете сега ми е дечко...не губете надеж..за секој има по некоја личност што сака и е сакана
Хм и јас нема другарки, немам ни дечко, "другарките" со кој до скоро бевме заедно (не сме скарани) едно ми велеја тогаш дека ќе се дружиме ќе излегуваме заедно и се тоа, но сега јасно ми дават до знаење дека не ме сакаат иаку нишно не сум им кажала или слично. Но тоа е ми било пишано да сум сама и осамена да не ме сака никој, да немам другарки и тоа е тоа неможам да си помогнам !
И јас имав таков период и мн . тешко ми бесе , но верувај се ке си дојде на свое Сега имам 2 другарки од кои едната ми е баш нај нај другарка и не сум осаме ,а дечко немам но,не ми ни фали тоа хаха
Јас имам две најверни другарки на училиште сме секогаш заедно но едната има дечко и кога ќе дојде за излегување таа си илегува со него не вика и нас но ние одиме ретко пошто не ни е згодно таа со дечкото ние да сметаме двете така и таа си излегува секој викенд ние двете сами не ни се оди во кафич и седиме дома секогаш :/// еве сега и нова година иди таа со дечкото ќе си оди заедно и уште неколку парови така а јас и другарками пак дома сами ќе си седиме за нова година ама тоа е :/ нема кај да одиме две
ако таа другарка ви е толку вистинска, сигурно ќе се издвои барем еден викенд за вас трите, како би и било нејзе кога еден ден ќе раскине со дечко и, кој ќе ја теши тогаш? мој совет е да си најдете друго друштво, или да си излегувате вие две. и јас имам 3 другарки, 2 имаат дечко, и кога излегуваме прво сме заеедно сите а после идат со дечкото...
Прво -не си сама, имаш уште една другарка. За танго се потребни двајца. Второ - ако таа ве вика, значи не и пречите, па нема вам што да ви е незгодно. А, покрај нив може и вие ќе си запознаете некој...
^ Се согласувам со Силвер,значи доколку девојчето не ве вика за излегување има простор за лутење,но во спротивно се стекнува впечаток на љубомора за дечкото И вие како најверни другарки,сметам дека не треба да се срамете да излегувате со нив.Можете да се запознаете и со некои другари/другарки на дечкото,да стекнувате нови познанства.
И јас имам такво чувство дека никој не ме сака. Другарки имам но тоа се повеќе познанички отколку другари, другарка е онаа на која можеш да и кажеш се па и нај големите тајни. Дечковци сум имала неколку, но имам чувство дека ниту еден од нив не ме сакал искрено. Многу сум тажна и осамена особа, а ништо не сум поразлична од другите девојки на моја возраст. Незнам зошто е тоа така, дали годините ми се таки или кој знае што е.