Мартина, имаш 18 години, ако сега не го живееш животот, кога? Дотерајте се со другарка ти, отидете некаде на пијачка, отидете во некој клуб, танцувајте, запознавајте нови луѓе, уживајте во младоста и слободата. Има време за седење дома Исто така, ако ве повикала заедно ја дочекате Нова Година, не се стегајте што се парови, отидете и вие, сигурно поубаво таму ќе си поминете одколку дома
И јас се чувствувам осамено. Немам со кој да излезам, дургарките ми се по други градови, другар ми си фати девојка. Се чувствувам толку без врска. Сакам да излезам дапрошетам ама немам со кој. Сакам да најдам повеќе пријатели. Немам ни дечко. Сакам да го променам ова ама незнам како
Да не вика но сега за нова година не ни не викна само ни кажа дека ќе одат неколку парови сами и така и сега ние две нема кај да одиме
Гледај на тоа од позитивната страна,што ако ве викне-таму сите парови заљубени гулабчиња ,ќе ви биде уште по непријатно. И како тоа нема кај да одите?Па не зависете вие од таа,т.е не е убаво таа да диктира кога треба да излегувате,кај да одете и сл.Сепак сте две. Немаш ти братучедка/братучедка на другарка ти да се зберете со нив,или крајно нешто пак во некоја дискотека да славете нова година двете.Таму и не се приметува кој со колкаво друштво е. Или кај некоја од вас двете дома,дочек на нова година не е ништо посебно,освен секако залудно трошење на пари.И за викенд излегувајте си двете,ништо нема срамно во тоа.
Не ти треба со парови да славиш.Можете со школски да се договорите некаде или со некои познаници од генерација или пак како што рекоа погоре со некои роднини.Битно вие двете заедно да сте и најубаво ќе си поминете ти гарантирам. А за викенди најубаво,ќе си седнете на шанк,ќе мавате текили,ќе експериментирате со нови пијалоци,може да запознаете интересни момци и така .Бидете спонтани,не мора големо друштво за да си поминете убаво.
И јас бев така до пред еден месец,побарај некои стари пријателки од школо од маала,излези со некои братучеди преку нив ќе запознаеш други луѓе се ќе се среди
Замисли колку е глупаво сите таму да се во парови само ти и другарка ти сами. Ептен неубаво ќе си поминете, подобро што не одете таму. Дома си седнете кај некоја, едно шише водка, и се ви е полно-рамно Уживајте.
Понекогаш се чуствувам осамено но сепак ако не најдеш права особа сметам дека е подобро да бидеш сам.
Така се чувствувам уште од основно. Цело средно, посебно последните 2 години ме дрмаше чувството на осаменост, а и сега. Понекогаш си мислам дека така ќе биде до крајот на животот, зашто никој досега не успеал да ја пополни таа празнина. Кога среќавам луѓе им правам скрининг и при секое зборување сфаќам дека се премногу самобендисани, манипулатори, лажни, површни, така што прекинувам комуникација по некој период.. веројатно како заштитен механизам, да се одбранам од нивни напади во иднина.
Зошто заклучуваш дека сите луѓе кои ги среќаваш се манипулатори и лажни? Тоа воопшто не е точно. Сите имаме лоши искуства со луѓе, ама не значи дека секоја нова личност во иднина ќе ти мисли лошо.
Не, ама лоши искуства со луѓе може да се каже, ако се земе предвид дека сум хуперсензитивна на критики, вреѓање, викање. Плус, и да не донесам таков заклучок нема во никој случај да го покажам вистинското "јас" зашто ќе добијам негативен фидбек- ако воопшто добијам. Или пак, ќе видам дека не сме на иста бранова должина во емоции- чувствувам посилно и подолго одошто треба
Тогаш порасни и види го реалниот свет, или да бидам помлак не си земај се при срце. И јас сум бил како тебе хиперсензитивен и осетлив. И секако чувствувам силно емоции и се потпирам многу повеќе на емоциите отколку на логиката и умот.
Не ти фали ништо, можеби си само емпат и треба да поставуваш граници и строгост наместо само да ги отфрлаш другите.