Што кога парите се пречка за остварување на целта?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marija-88, 15 ноември 2011.

  1. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Дали некој од вас се соочил со ваков проблем? Што превзедовте? Го остваривте сонот или... ?!?!?!?
    Јас конечно знам што сакам во животот, и си имам јасно зацртана цел....единствено нешто што ме кочи во остварување на зацртаното се финансиите :( ;(
    Незнам што да превземам, пробувам да најдам работа ама неуспешно, се повеќе и повеќе запаѓам во депресаја... Имам нешто заштедено али нема да биди доволно, а за помош од дома не сум сигурна :( :(
    Сега се само седам дома и се повеќе се нервирам, времето си врви а јас немам извор на финансии за остварување на сонот, имам само 5 месеци и 1/4 од потребните финансии ;( ;(
    некој совет како до заработка ??!?!!?
     
  2. Ice-age

    Ice-age Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    ШТО КОГА ПАРИТЕ СЕ ПРЕЧКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛТА ?!?!?!?

    Јас мислам дека депреијата во овој случај повеќе ќе ти одмогни одколку помогни...Седни и добро размисли како најдобро можеш да ја оствариш целта (кога би знаела за што станува збор повеќе би ти помогнала ).... :worried:
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    ШТО КОГА ПАРИТЕ СЕ ПРЕЧКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛТА ?!?!?!?

    Едноставно земи и работи било што само за да собереш пари ...
    Собери 3/4 одпарите и сигурна сум дека од дома ќе ти помогнат со останатиот дел.
    Наместо да кукаш дека нема работа тркни до најблиската продавница и земај огласник.
    Такви помини замини работи барем има на секој втор чекор.
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    ШТО КОГА ПАРИТЕ СЕ ПРЕЧКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛТА ?!?!?!?

    Отсекогаш парите се пречка за нешто....
    За шопинг...
    За одмор...
    За школување...
    За сопствен бизнис...

    И така вечно сме во незадоволство... :tmi:

    Јас си ги испружувам нозете колку ми е чергата и точка. :)

    Многу работи сакам и јас, ама кога нема-нема!
    И не замислувам цели кои се неостварливи! ;)
     
  5. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    ШТО КОГА ПАРИТЕ СЕ ПРЕЧКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛТА ?!?!?!?

    Марија 88, во денешно време и нема некој чија финансиска состојба е стабилна и може да се пофали дека му цветаат ружи. Се сомневам дека постојат такви среќкомани, а доколку постојат верувај дека ретко може да се сретнат.

    Работа исто тешко се наоѓа, но затоа пак има многу фирми кои бараат практиканти, па можеш така да почнеш за да стекнеш искуство, и после зависи од тоа колку се снаоѓаш може и до работа да дојдеш.

    Никој нема да ти тропне на врата со понуда за работа, едино ако твоите нешто умешаат прсти или пак да ти падне 7 - мица на лото. :emo:
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    ШТО КОГА ПАРИТЕ СЕ ПРЕЧКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛТА ?!?!?!?

    аплицирај секаде, мозеби кога најмалку очекуваш, ке ти се насмевне среката, па ке најдеш работа :) а мозе и со игриве на срека да пробаш, никогаш не се знае :hug:
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    ШТО КОГА ПАРИТЕ СЕ ПРЕЧКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛТА ?!?!?!?

    Е што де? Ај да ограбиме банка. Ја поместиш линијата што си ја дала на себе од 5 месеца на година и 5 месеца, па за тоа време најдеш нешто да поработиш и да ги собереш финансиите што ти требаат.
    Сонови ли имам, имам, кој нема размислено или не сака да оствари нешто повеќе или тоа што сака? Абе и бизнис план имам направено пред 5 години, прашина ми фаќа папката, ама за да почнам ќе почекам уште толку или повеќе, ако не размаанам до тогаш, оти кој ќе се замара енос од нула! Да се задолжувам не сакам, а ете тоа пусто лото не се паѓа и кај мене, така да единствен извор на заработка ми е работа за некој друг. Животот е таков. Пробаш, или бива или не бива, ако не бива здравје, се помириш со тоа, со нервози најмалку ќе постигнеш што сакаш.
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Ништо, што. Најчесто тие се пречка, и мора да се соберат за да се оствари целта, зависи... или да се прилагоди целта врз финансиските можности. Не може некој што едвај 15 илјади му се наоѓаат дома да сака да купи џип Мерцедес, нова куќа/стан и да оди на луксузен одмор. Значи - прилагодување на ситуацијата. А често и кај богатите се случува криза па се нема пари, и тие ќе се прилагодуваат, а што друго им преостанува освен тоа?! А да, кукање. И кредит што е секако лоша опција.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.316
    Пол:
    Женски
    Е да, стварно е незгодно кога парите се причина да не можеш да оствариш некоја своја желба или замисла. Затоа најдобро посакувајте нешто што можете и да си го обезбедите и да си го дозволите. Сум била во таква ситуација па затоа и не посакувам некои прескапи нешта туку онакви кои се во мои можности.