1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога родителите воопшто не ги форсираат децата?

Дискусија во 'Дете' започната од guitar, 31 август 2011.

  1. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Јас сум девојче. Керка. Имам 14 години. Моите родители се богати имаме се што сакаме и за дом и храна и облека но немам поддршка, немам нивна верба во мене. Можам многу д апостигнам но тие не ме форсираат. Нејкат на музичко да ме пишат, ни на некој сторт, ниту кога ке напишам песна освоив прво место на ниво на МАкедонија, и на ниво на општина мама ја прочита песната и рече сами ДОБРА Е и јас плачев сега започнав разговор и викам воопшто не ме поддржувате или форсирате, не се интересирате што сакам да бидам а таа вика ПА ТИ НИШТО НЕ САКАШ ДА БИДЕШ и јас се расплакав.. Мислам дека можаам многу да постигнам но без нивна поддршка ништо и се што сакам (пример да се запишам на гитара) таа ми вика еХ, ТОА СЕ ГЛУПОСТИ, АЈ НЕ СЕ ГЛУПИРАЈ.
    Што да направам? КАко да постапам?

    Инаку мислам дека темата е во ред, тука може да пишувате за тоа како сте со родителите, дали ве форсираат и барајте помош ако не?
     
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Што коа родителите воопшто не ги форсираат децата?

    Не мора форсирање, во твојов случај би рекла дека повеќе се работи за добивање поддршка од домашните во тоа што ти сакаш да го правиш, нели? Според мене тоа е многу важно во врска со било која активност на детето. Го прави да се чувствува среќно, задоволно и мотивирано за уште поголеми успеси. Најблиските се оние кои треба први да дадат поддршка и да ги признаат неговите успеси, да му покажат дека е одлично и да го поттикнат да не се откажува.

    Јас сум за тоа родителите сами уште од најмала возраст да ги поттикнуваат и мотивираат децата да се вклучуваат во најразлични активности како спорт, музика или некое друго хоби, а доколку самото дете изјави желба целосно да го поддржат. Нели, подобро така отколку да го остават да прави што сака, да го демотивираат и детето да фати други патишта.

    Навистина ми е жал за односот на твоите родители и искрено се надевам дека ќе сфатат што прават. А ти ,верувај во твојот талент и не се откажувај од тоа што го сакаш :)
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Што коа родителите воопшто не ги форсираат децата?

    Абе девојко веќе еднаш отвори тема за да се пофалеш дека имаш талент, дека си чудо од дете,ама не можеш да просперираш во нашава држава. А и + спомна дека мајка ти не те подржувала.
    Смени го својот однос кон нив, разговарај на убав начин,објасни им дека навистина те бива, ќе успееш во животот.
    Незнам на кој начин ние би ти помогнале.

    Па и мене дома не ме форсират моите, па гајле ми е. Ако сакам да станам нешто во животот, ќе успеам сама, а не секаде мама и тато да ме буткаат.
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Што коа родителите воопшто не ги форсираат децата?

    И двете работи се подеднакво лоши - и родители кои премногу си ги форсираат децата дури и онаму каде што не постои грам талент ниту предиспозиции; и оние кои воопшто не обрнуваат внимание , ниту ги мотивираат, ниту поддржуваат.

    Што знам. Можеби тоа е некој нивен начин да те "ојачаат" и да те подготват за светот кој воошто не е розев и ништо надвор не е толку лесно.
    Можеби сакаат да видат како ќе се снајдеш и колку ќе си упорна, без грам туѓа помош.
    Можеби сметаат дека не си доволно заинтересирана и издржлива за твои 14 год. не те сфаќаат сериозно мислејќи дека си малечка, зашто во тој период се' е променливо.
    Јас сменив 3 курсеви по странски јазик, играорна, одбојка, хор па сега ти види. :)

    Како и да е, немој да очајуваш.
    Млада си, имаш време, ако си доволно квалитетна, упорна и навистина издржлива ќе успееш, ќе увидат дека се сериозна и вреди да пружат помош и поддршка и на крајот секако ќе речат дека се гордеат со тебе.
    Не се разочарувај така лесно и толку рано.
    Поздрав :)

    едит - сега гледам дека си истото девојче со милион таленти.
    Мојот совет е - ако посветиш малку повеќе труд и напор, од времето кое го поминуваш овде, жалејќи и кукајќи, уште од старт ќе си во предност.
    Значи доста се вртиш во круг и бараш магично решение, никој нема да тропне на вратата и да те викне за да те направи ѕвезда.
     
  5. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Што коа родителите воопшто не ги форсираат децата?

    Јас не барам буткање од нивна страна, само барам поддршка и добар збор ако го заслужувам .
    Но мајка ми не ми ни дозвлолува да го правам тоа што го сакам таа мисли дека да си писателка или музичар е живаа глупост, мисли дека ке управува со мене како со робот, да сум била МИНИСТЕРКА?- Аха , да само нека се надева она!! ;(
     
  6. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Што коа родителите воопшто не ги форсираат децата?

    А како мислиш да напредувам? Да пишувам книгА?-Да, веке имам напишано ама што ако и кажам на мајка ми кога ке смисли нешто за да не ја објавам.
    Што да правам со музиката, како да свирам, кога немам гитара? НА што да свирам како да научам?
    Во што да глумам, на сред улица, на сокак, кога несака да ме води на кастинзи а и самата е свесна дека МОЖАМ а ни во театар не ми дава да одам.
    На што да го тошам времето, еве, те молам кажи ми? Тоа ке го правам!!
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Што коа родителите воопшто не ги форсираат децата?

    Извини што ти ја кажувам вистината,ама многу сакаш.
    Сакаш да глумеш,а сигурна ли си дека добро глумеш, сигурна ли си дека тоа што го пишуваш не изгледа како да е напишано од осумгодишно девојче?
    И јас сакам да пеам,ама немам талент.
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  8. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Што коа родителите воопшто не ги форсираат децата?

    Знам сонце.. еве да речеме вака... ајде на страна од музиката барем следниве неколку реченици.. Да ја разгледаме литературата. Сигурна сум..премногу сигурна.Горјан Петревски пи прати писмо ми рече дека помислил дека писмото го пишува некој мноогу повозрасен од 14 . Мојата професорка по македонски секогаш ме фали и секогаш сум прва на митинсзите на поезија..мојот талент е потврден и три пати на ниво на училишето имам освоено 1 место, имам прво место освоено на општински натпревар, и едно прво едно трето на натпревар кој се одржуваше на ниво на државата.. А второ и на ниво на балкан за најдобра строфа, вчера професорката по македонски ме извести!! Сигурна сум за ова, многу сигурна!
    А ако сакаш и за музиката и актерството ке поразговараме !
     
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Што коа родителите воопшто не ги форсираат децата?

    А го знаат тоа твоите родители,мислам на писмото и наградите?

    И без сонциња ќе те молам,не сум мало дете.
     
  10. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Па писмото ми беше срам да им го прочитам но пронајдов храброст, ми беше срам поради тоа што сосема друг непознат човек ми кажува за талентите и ми вели дека би било неблагодарно од моја страна кон оној кој ми ги подарил талентот да остане неискористен и да продолжам да пишувам, а моите си молчат , едвај најдов сили да им прочитам, се тресев целата и они рекоа ДОБРО! Односно тато рече се гордеам со тебе а мајка ми рече ДОбро. Она смао тоа и знае да каже- ДОБРО!
    А за наградите знаат. Татко ми неколку од дипломите врами. ОСтанатитте во папка си ги чувам и кога и кажувам на мама ОСВОИВ ПРВО МЕСТО а јас сета светам од срека со оччиња се смеам, она рече ДОБРО и ја згасне и мојата последна надеж дека ке можам да успеам.
    За се нешто што е ИНЗВОНРЕДНО што е мој НАПРЕДОК таа вика ДОБРО!
    НАвика... ме заразија.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Како некој од нас да ти каже како да напредуваш?
    Ако поседуваш толку многу таленти, веројатно имаш некоја идеја и како да ги спроведеш на дело.
    Леле девојче, буквално на нерви газиш.
    Почнуваш од нула, почнуваш ситно.

    Отвори си блог. Објавувај ги своите песни, раскази, колумни таму. Што и да пишуваш.
    Верувај ми, ако те бива толку, НЕМА ДА ОСТАНЕШ НЕЗАБЕЛЕЖАНА.
    Еден Алекс Букарски од обичен блог, си направи кариера, и си има неделна колумна во дневник (барем паметам имаше, сега не знам баш).
    Кога бев на саем поголем дел од оние кои пишуваат на своите блогови им беа објавени делата во мали изданија. Можеби за старт не е нешто екстра гламурозно, ама е успех.

    Запиши се во хор.
    Истакни се со гласот ако си толку добра и ќе блеснеш.
    Јас пеев заедно со Светле од Саут Парк и девојката просто отскокнуваше од тогаш, секогаш си имаше свое соло на хорските изведби, денеска има бенд кој е најангажиран и баран по клубовите низ цела Македонија. Дури со другиот бенд настапуваше и на Егзит. Епа тоа не го постигна со лежење дома и кукање на форум, туку со макотрпна работа, проби и многу жртви.

    Не и давале пари од дома... девојче, ако твоите се така ситуирани, секако ти даваат џепарлак или пари за работи кои ти се навистина потребни. Скрати од парфемите од по 50 и кусур евра, скрати од 5те пара фармерки месечно што ги купуваш, од излегување, НАПРАВИ ЖРТВИ.
    Што не е јасно, заштеди пари, оди запиши се кај Узунови или во студиото на Валентино Скендеровски и Почни да учиш да свириш на гитара.
    Има и гитари на старо, кој рече дека одма мораш да купиш оригинал Гибсонка?

    Мислам навистина да ги сфатам и твоите зошто не ти даваат поддршка од ова што го читам.

    ИМА НАЧИНИ , АКО СЕ САКА.
     
    На Annath, Strumfeta93 и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  12. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Абе и ја пеам одлично и сум талентирана за тоа, ама шо ме мрзи да идам на хор тоа е друго.
    И убаво ти рече Трендафилка, направи некое дело, а не се жали по форуми... ние немаме како да ти помогнеме.
     
  13. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Одев на хор , мајка ми ме отпиша тоа биле глупости, ме викаше една девојка да пеам во црквен хор, мајка ми не ми дозволи. Сакав да глумам во театар биле тоа глупости и замлатотини, пари имаме, јас штедам и имам многу заштедено не е до патите, пари имам за се што нни треба проблем е тоа што тие на сцена се замлатувале. Но дефинитивно како што рече ти ке направам и ке се борам. Сакала таа иили не јас сум таа и сум нејзино дете.
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    А што па имаш да и кажуваш цело време каде си, што правиш и како правиш?
    Хорските проби не се по 5 пати во неделата, 2-3 пати и обично не повеќе од 2-2,5 часа од проба.
    Фино лепо - јас сум кај другарка и готово.

    Кога ќе имате настап или ќе освоите награда, врачи и покана или признание , па нека си апне од гзот тогаш.
     
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас пак кога и да имам некоја идеја, ќе ги седнам во дневната и ќе почнам да и расправам со факти и со жар. И кога и да и кажам: еј, јас имам еден план, тие само превртуваат очи. Ќе ме ислушат внимателно и ќе дадат некој коментар. Добро е, сега се согласија да ми дадат пари за курс по француски.
    Абе не знам што им стана, едно време повеќе се ангажираа околу мене. Ама мислам дека и тие сфатија дека можам и без нив. Јас кога ќе намислам нешто секогаш го остварувам, без разлика дали тие можат да ми помогнат или подржат.
    Е сега не сум мала, почнувам самата да се дружам со луѓе кои можат да ми помогнот и кои работат во областа што јас ја сакам. Уште сега почнувам со контакти, кои натаму и како ќе ми се потребни.
    Абре ти требат само пари од твоите, за некој курс или слично. (а и да не ти дадат можеш и да заштедиш, како што ти кажа и Трендафилка. Еве сега од џепрлкот можеш да заштедиш. Јас така правам, ќе се најадам од дома и потоа купам нешто, а другите пари за мене. Заборави на такси. Мене и кога ми дадат пари за такси, јас одам пеш по 30 минути до школото и 30 минути назад)
    Јас па не сакам многу да ги замарам моите и да ги терам да се растрчуват за мене. Така сум уште како од мала. И дури кога се работи за оцени, моите никогаш не доваѓаа да ми ги поправат или да прашуваат за мене (како кај мн. други). Абе јас самата ќе отидам кај професорот со спремен говор и лом ќе го направам ако бил неправеден.
    Абе луѓе имајте идеја, желба и волја и светот ќе биде ваш. Е сега кога ќе станеш зрела особа и кога ќе застнеш на нозе, ако твоите сеуште ти прават проблеми, ќе и кажеш Чао, пријатно. Не дозволувајте никој да ви застане на патот!
     
    На Strumfeta93 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Зошто не можам да го редактирам мислењето:
    Талентот е многу важен, ама трудот е клучната работа ако сакаш да успееш во нешто. Немој да дозволуваш никој и ништо да те спречи. Нели талентот е 20%, трудот 70%, а другите % ти се коцките што треба правилно да се наместат.. не знам колку пати прочитав дека тато ти купува се, така да ти ги имаш сите услови само треба да тропнеш на правата врата.
    Еве јас на пример многу сум среќна кога ќе видам дека делото во кое сум вложила многу труд и работа има резултати, значи Талент + Труд + Љубов кон тоа што го правиш = успех. After all, џабе ти е талентот ако не го негуваш и надоградуваш.

    Со среќа! :) :up:
     
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    А како те извести? На ФБ ти пиша? :^) ...ништо чудно на утрешниот ПРВ училишен ден да те пречека со црвен тепих и листови од роза...

    Во главном се согласувам со претходните коментари од девојките и затоа нема да тупам многу.
    Јасно и светло како Кинез со маргарин на сонце е работава...сакаш да испопаѓаме во несвест поради твојата мулти талентираност |(

    Наместо тоа, мал совет од дада Георгина...потруди се да ги убедиш оние што навистина треба, засукај ракавите и не кмиши на нет бескорисно...не се криви мама и тато, туку твоето недефинирано типично детско понашање и пуста желба да се биде центар на сечие внимание.

    Епа мило, вака не се постигнува тој ефект ;)
     
  18. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Вчера ме извести бевме по книги, инаку не се понашам детинесто баш напротив, многу сум озбилна за мои години ;)
     
  19. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Хмм...зошто се ми се чини дека малку претеруваш со приказната :) ?
    Извини ама колку и да ти се „ладни“ родителите сепак не верувам дека има некој родител да биде толку рамнодушен кон успесите на своето дете. Ајде од едно те отпишале, од друго ама од се?! :?:
    Ни муслиманите и арапите не се толку строги кон своите ќерки.
    Апа и тоа со талентите....преувеличено нема до каде уште да кажеше прва си во цртање, во трчање итн :)

    Ако стварно имаш талент за нешто ке се снајдеш верувај ми ;) немора таткоти и мајкати да те туркаат
     
  20. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Ако ти немаш талент, јас можеби имам, инаку да ако толку си љубоморна и сакаш да слушаш нечии мани еве ти. НЕ ме бива воопшто за ништо во спорт, тапа сум во спорт, не ме бива за цртање портрети ама баш ич, не ме бива за математика, ич не сфакам, не ме бива во хемија , ништо незнам ни најпроста равенка, географија тапа сум, историја и книгите се глупи ама не можам едно нешто да поврзам. Ете ти. Срекна?
    Мислам ете си можам и што сега. Сакавте да кажам не ме бива за цртање, правење макети, за уметност ајде кажете како да станам сликар? тоа сакате? Па морав позитивните страни да ги кажам за тоа за што имам талент и што можам да станам..
    Инаку да моите се премногу ладни, не знам зошто но премногу се, особено мајка ми. Тие ми купуваат се што ке сакам од хранаа..облека и сето ттоа но тоа со моите желби за работа кариера и заинтересираност ептен се ладни и чудни!!
    Инаку не барам врски да ме туркаат , барам само нивна поддршка и комплимент ако нешто им се допаѓа и постигнам. Никогаш не доаѓале да прашаат како учам, и да ми поправаат оценки, се правев сама и секогаш бев скроз одлична но во кариерата не ме поддржуваат а не знам зошто!