Стварно не можам да поверувам дека има такви родители како твоите.Ако ова е вистина,стварно те жалам и ти посакувам голем успех на некое поле,да бидеш независна и горда на себе.Зар толку рамнодушно реагира мајка ти? Како може да не се радува на успехот на сопственото чедо не сфаќам. Ајде да имавте проблем со финансиите во ред ( иако мислам дека секогаш може да се најде решение кога детето има желба за напредок ),ама вака е стварно не фер.Обиди се да разговараш со татко ти и објасни дека се чувствуваш запоставена,убеди го да те запише барем на едно нешто и труди се таму да успееш.Концентрирај се повеќе на една област,на место да кукаш да постигнеш се и да станеш прочуен мултиталент. Инаку,во врска со темава,стварно немам коментар.Сметам дека најлошото нешто што родителите можат да го направат е да ги игнорираат желбите и интресите на децата,било да станува збор за спорт,музика,уметност и сл.Потребен е разговор,отворен разговор помеѓу родителот и детето кој ќе ги зближи меѓусебно.Јас не ги оправдувам ваквите родители кои ги игнорираат желбите на детето.Сметам дека треба да го поддржат во секоја сфера од животот.Барем моите така постапуваат со мене.Иако еден период во минатото бевме во влошена економска состојба,тие крпеа крај со крај за јас да можам да одам на курс на англиски,шпански,играорна и информатика.Имав такви желби и во ни еден момент не ми го ускратија задоволството да напредувам во тие области,иако некои родители би го направиле тоа.
значи јас многу добро сваќам што сака девојчево затоа што и кај мене е истото..!! и стварно се иритирам што сите почнавте да ја напаѓате Многу Сакаш? Не мора да бидеме дрски ако знаеш да дадеш коментар дај не мораш да продаваш мозок!! Пример кај мене на мајка ми што и да и кажам ми вика ај не се занесувај не крои планови..Ја немам таа морална поддршка!! имав утки со факултетот и цел живот ке ми го спомнува тоа како она се жртвувала и бла бла трчала.. па добро господе боже човек сум згрешив што да праам сега да се утепам!! Сакам да работам пример сакам да го прошетам светот.. и она или превртува очи или ми вика да бе да ај не летај многу со паметот!! и почнав више ништо да не и кажувам ама не се депримирав туку напротив си работев и никому ништо... само ме направи посилна и во животот ке го постигнам тоа што го сакам за еден ден да речам дека го постигнав сама!!
Конечно ! Ти си првата што ме сфати ! Зааклучив- Лугето никогаш не сфаакаат додека нне почувствуваат самите на своја кожа! И кога ке кажАМ нешто мајка ми ми вика АЈ НЕ ЛЕТАЈ, КАЈ ЛЕТАШ, ШТО СЕ УМИСЛУВАШ...
нека не ги форсираат за ништо, децата сами од себе потака можеби ќе откријат љубов, страст, талент кон нешто..... но мене ми пречи, кога детето очигледно го бива за нешто, а родителите го девалвираат - кај те бивало тебе??, ај не се занесувај...да не повторувам пишал некој над мене за истово
Па добро е што не прашувале како учиш значи ти веруваат. Има родители кои дремат над глава и до кај си со учење, готово? Да те испрашам? Мислиш и тоа е добро? Поправање оценки? Па и подобро што не поправаат, ужасно ме нервирале родителите кои дремат во училишта им дишат во врат на професорите за да им ги поправат оценките на децата и на крај се фалат со сведителствата и прават журки за сите петки бла бла. Не велам дека е убаво тоа што мајка ти е незаинтересирана за тебе, но очигледно тоа е нејзиниот карактер. Свати ја таа е таква каква што е, неможе да ја споредуваш со другите мајки на другарките, верувај ниедна мајка не е совршена. Но кажуваш татко ти врамил некои од твоите награди, некои му се во папка. Не знам што очекуваш да отвори соба за твои дипломи? Зошто не разговараш со него. Ама сериозен разговор, кажи дека уживаш во музиката. Но реално и спушти се на земја, ти го читам мислењето за твоите таленти. Имаш 14 години и леташ. Тоа е таа возраст кога правиш филмови како Македонија е мала, ти си мултиталент, за тебе е само Холивуд и бла бла. Не е убаво преценување, не е убаво фалењето. Се се докажува со труд, а не со збор. А ти си јака на збор, ама ај барем малку потруди се да успееш. Ќе можеш ако сакаш и без подршка од мајка ти. Знаеш и јас секогаш си велев дека сум добра во глума, ама ни малото прсте не сум го мрднала за да успеам. И кој е крив? Да не е мама и тато? Да знаат они дека сакам да глумам Што требаа да ме земат од столче и да речат ајде ќерко те носиме да те запишеме на курс, да те носиме во Холивуд, да те запознаеме со режисери? Не бре јас сум требала сето тоа да го поттикнам ако сакам да успеам, не мама и тато. Епа потруди се и ти ако мислиш дека може да успееш. Не се залетувај за странство, не си сакала во Македонија да се промовираш. Смешки, божем нашиов е мал пазар за човек како тебе? Верувај има и подобри и полоши девојки од тебе кои ќе успеат само зашто се труделе, пробај и ти да успееш во мала држава со 2 милиони луѓе најпрво, а не да леташ дека веднаш ќе те сакаат 6 милијарди луѓе во светот. И помалку глеј филмови, повеќе живеј во реалноста
Па не работи бидејки мајка и мисли дека неможе ништо да постигне и нема нејзина поддршка!! НЕ забележа??
Смешни сте. Да сум на нејзино место баш ќе работам,за да забележи мајка ми дека сум вредна и можам многу да постигнам со труд. Зар не е логично ова?
Како да работи кога има 14 години а и самата вели дека потекнува од богато семејство? Има време за се, јас незнам каде се брзате? Животот е пред вас. Гледајте си школо, друштво. За кариера има време
Нема врска. Не ти реплицирав тебе за кажаното туку општо Сите запнале да работат, па да работат. А не е така лесно Во почетокот да, додека да помине мерак да се заработи некој денар. Ама после...
Ајде јас да кажам како човек со 28 години и доволно искуство со промашени односи со родителите. Никогаш не сум имала поддршка од нив за апсолутно ништо. Никогаш не ми било ракоплескано за ништо. Никогаш не биле заинтересирани нешто посебно за она што мене ме интересирало и што сум сакала да направам. Како мала ме сметале дека имам проблеми дури со концентрација. Дека заборавам... сеуште ми се дроби тоа над глава, пошто озбилно имам меморија за се, но не и за шпоретот дека е вклучен или да се сетам дека цел ден немам јадено или пиено вода, а можам слободно да работам цел ден од утро до мрак. Мислеа дека нема да успеам во ништо во животот и истото ми било кажувано во лице премногу често сите години од мојот досегашен живот, всушност сеуште си го имаме истиот овој однос. Испадна дека детето нивно кое има проблеми со концентрација уствари има милиони интереси, меѓу кои и да не искача на улица 24/7 а има и денови кога сакало да седи дома и да црта по цели денови и да пишува. Дека детето нивно нема потреба да учи една лекција 24/7, да ја повторува по стопати и да и ја прераскажува на мајка му, а доволно му било да ја прочита еднаш и ако ја прашаат на час да ја каже. Мислите дека тој однос на татко ми и мајка ми ме измрда мене од моите цели и панови? Ме разочарувало да. Ме болело да. Ама дека сум се откажала од било што, што јас сум посакала никогаш, мало сутра. Ништо од тоа што сум го направила не било направено за тие да се гордеат, него било бидејќи јас сум сакала да го направам, било моја лична желба и ништо повеќе. Никој од вас не живее за своите родители. Тие своето си го проживеале и останува да си го проживеат она што им останува. Ваш е животот, ако вие сакате да успеете направете го и зашто би имале воопшто потреба некој да ви аплаудира. Всушност, секоја критика треба да научите да си ја прифаќате како гориво за да вклучите тоа мазниот погон, а не да се згужвате во ќоше и да плачете. Прави што сакаш да правиш и не застанувај заради никој. Дал твоите се гордеат или не... некогаш и да преќутат верувај дека се гордеат. А, многу често, причината што те критикуваат е баш бидејќи на тој начин и тие биле третирани од нивните родители. Баш на тој начин и тие успеале во животот, бидејќи така биле мотивирани да целат кон многу повеќе од она што во поинаква ситуација би направиле. Спојлер едит: psihologija/odnos-tatko-kerka-t1768/250.html#p669704 овде го имаш описот на мојот однос со татко ми специјално. И изгледа ко опис на човек кој премногу си го сака својот родител иако додека да стасам до овој опис, јас поминав низ се и сешто. Но, се надевам дека ти исто така, нема да се откажуваш од ништо, дека ќе го направиш она што го сакаш најмногу и ќе се бориш за сето тоа, макар и тоа да значи постојано да се караш за да го добиеш ...и се надевам дека на моја возраст бар половина од она што јас го чувствувам за татко ми, кое дури и ми недостага во денови кога го немаме (тоа карање и критикување)... ќе го чувствуваш и ти.
А што пак,ако те форсираат упорно,а не те бива за ништо?И така не бива.Форсирање ми е неубав и збор кој не е на место,повеќе би сакала место него да стоеше подршка. Моите не ме форсирале.Но ме подржувале.Во поголем дел,верувале во мене,иако некогаш сум ги разочарала.Сепак,верувале.Никогаш не ме терале да учам пример.Ниеднаш во живот.Знаеа дека сама си ја завршував таа обврска,навреме. Мислам дека твоите немаат баш време да ви се посветат на вас.Велиш дека имате пари доста,па може се во трка по кариера и повеќе пари.Така ми делува,може грешам.Ти сеуште си малечка за да заземеш цврст став што понатаму во животот.Хоби да,ама нешто повеќе Значи ако те интересира музиката,запиши се на курс,вложувај во себе.Не за друг,за себе.Ако постигнеш нешто,уште подраго ќе им биде на твоите што сама си го постигнала,а не со врски,лигавења.Не верувам дека не би им било драго за потенцијален успех на сопственото дете. Мене пак,би ме нервирало,и несакам такви,кои упорно форсираат.Пример,го бивало детето за фудбал,демек ,а татко му трча по клубови,го запишува ваму онаму,го турка детето на сите можни сили и начини,а не дека го бива....Ова само си ќути и како ќе му кажат така ќе прави.Ко дебил .Вакво нешто не верувам дека сакаш,мизерно е.Сепак,ко што разбрав татко ти е горд.И мајка ти би те подржала верувам. Good luck
И јас од моите родители не сум била форсирана.Никогаш мајка ми и татко ми не се фалеле со мене како некои родители што секој втор збор им е моето дете вака,моето дете така најдобро е и тн...Моите родители не ме пракаа на приватни часови за некој да ми става памет во глава,не учеа со мене и не ми ги објаснуваа математика задачите (ми покажува но само на почеток доволно за основа).Една пријателка на мама и тато секогаш зборуваше дека нејзиното дете било најодлично од цел клас,најпаметно,најмирно ама се нај нај а мама еднаш не рече и мојата керка е ваква што зарем јас не бев одлична или не бев паметна и мирна но ете нема навика да ме фали.Многу мајки си ги фалат децата дека многу работеле по дома па и јас работам но мама не вели и мојата керка многу ми помага а некогаш и негира и тоа навистина ме полудува.Дома не ме гледаат да учам и не им е јасно како на свидетелството сите ми се петки,дури ме зафркаваа демек сум ги поткупувала професорите Но ете ваква сум, како знам и умеам така се снаогам и сум горда со себе и знам дека и на нив им е мило но не ме фалат по роднините и комшиите И мене не ми е потребно фалење, јас ќе бидам задоволна само ако ги остварам своите соништа и на сите им докажам за што ме бива Девојче скоро на иста возраст сме и ти предлагам сама да се трудиш да успееш во животот а не да чекаш мајка ти и татко ти да те фалат дека те бидува за се и да ти плакаат приватни часови,докажи им дека можеш да успееш и без нивна помош Спојлер Искрено мене многу ме нервираат деца исфурсирени од нивните родители а едвај имаат грам мозок и тој грам го стекнуваат со парите на родителите.По секој предмет приватни часови
Со оглед на тоа дека има 14 години незнам ни зошто ти пишувам..али ете малце ме заиритира насловот.Добро за тебе што имаш кеш и се шо ќе посакаш ама стварно никој не го интересира тоа ,а за проблемот твој ако може така да се нарече пробај да се фокусираш за тоа што најмногу чувствуваш љубов значи љубов а не амбиција за та пуста кариера.Не е светот толку розов и да имаш подршка од родителите тие немаат за те турнат во џет-сетот и да станиш македонската Ким Кардашијан.Имаш талент ете си добивала награди,едноставно мислам не си доволно снаодлива премногу си вљубена во тебе и не гледаш подалеку и не си доволно компетента да се снајдиш без мамичка во надворешниот свет.Си помислила на тие што немаат родители ниту кеш да можат да си ги овозможат работите што ти ги поседуваш а успеале во животот?
Колку се осеќам стара значи. Дека отиде времето бе кога баничката ја дававме на некој од попаметните да ни покаже како се решава задача по информатика да извадиме некоја поасална оцена та да биде еден ден нешто и од нас. На оваа денешница сите деца сакаат пејачки и глумици преку ноќ да станат!
Читајќи ги твите коментари во темата за талентот сфатив дека ти си само дете. Имаш 14 години, денес сакаш едно нешто, утре може ќе сакаш друго, а ти не очекуваш од твоите родители да те подржуваат - ти очекуваш од нив да трчаат по тебе и да фрлаат пари на секоја играчка што ти во моментот мислиш дека ти се допаѓа. Ја имаш подржката од татко ти, човекот очигледно е горд на тебе, си има и урамено дел од твоите диломи, ама тебе очигледно тоа не ти е доволно. Ти изгледа сакаш за секоја твоја диплома да се прави забава. Јас мразам кора родителите претерано ги форсираат децата. Ја имам и сум ја имала подржката на моите родители, ама никогаш не ме форсирале. Никогаш родителите не ми фатиле врски за ништо. Додека сите мои другарки добија стипендии преку врски и се китеа со нив, јас се изборив за мојата. Никогаш во живот немам посетувано приватни часови за ништо, па ни годинава на факултет, кога 90% од учениците одеа по приватни часови и на крај пак имам подобри резултати од голем дел од нив. Можеби ми идеше и глумата, ете можеби и на Драмски ќе се снајдев исто толку добро, ама за некоја година ќе ти се сменат приоритетите, сега си уште дете. А мајка ти ја оправдувам кога ти вика да не фантазираш. Зошто? Па девојче тебе треба некој да те симне од облаци (не сакала кариера во Македонија-сакала во странство). Како прво ти си малолетник, ти си уште дете, кариера баз родителите не можеш да изградиш, а како второ, престани да сонуваш и врати се во реалноста. Ах, и уште нешто што го прочитав во еден твој коментар. Викаш да би била во Америка до сега би била ѕвезда на Дизни а? Епа да ти кажам нешто, ѕвездите на Дизни немаа ни Т од талент, славата им е роденденски поклон од мама и тато. И што викаш, таква сакаш да бидеш?
Без занесување, има време ке порасниш тогаш од се ке ти се смачи кога ке ти дојдат обврските полако ...
Прашајте ме мене како ми е.Цел живот моиве само брат ти само него го фалаат а за мене еден убав збор немаат кажано на другите.Некогаш ме тера да помислувам и дека сум посвоена.Еднаш и спомнав на мајка ми за тоа но нејзе и помина низ уво а за срека татко ми се согласи со мене.Од толку потценување од нејзина страна почнувам да набивам комплекси. Никогаш,ама баш никогаш немам добиено подршка од нив.Се чуствувам отфрлено,не знам глупо е да се наогаш на вакво место.Сето време се посветуваат на едното дете а јас се чуствувам запоставена.Ако прозборам нешто околу тоа се јас си замислувам и измислувам.
значи не те согласувам со девојчето што ја основалот темава,како прво и мене не са ме буткале,форсирале,фалеле и такви работи,но секаде сум била запишувана поради тоа што секогаш седнував и убаво ќе им кажев,мамо,тато јас сакам да одам на музичко сакам да свирам на тоа и тоа ,може да се запишете,може,чао,пријатно,никогаш не сум плачела,а моја школска мајка и постојано ја фалеше демек јака ученичка,а сега испадна дека ништо незнае,прашај ги со убаво,ако не успееш,сигурно ќе упали кај баба или кај дедо