П.С. јас сум родител ! ха,ха, само да ти кажам дека во менталитетот на нашиот народ е вкоренета некоја навика машките деца повеке да се фаворизира ат од женските ,, пусто турско,, би рекла јас . Јас имам и керка која е постара 5 години од синот и која е на ваша возраст тинејџерка па јас како родител некогаш имам проблем да ги следам нејзините побарувања , а и успеси едноставно деца сватете дека немаме време понекогаш да сме во тек со се , а не дека не ве поддржуваме во нешто. Еве керка ми постојано барат ел. гитара , а незнајт да свирит ни на обична нити пак е музикална уста незнајт да отворит за пеење и сега што да и купам Јас на неја таква гитара??????????? и после да ја закачиме на зид прашина да берит како онаа обичната што ја имаме и никој не се потруди да научит прво на неја да научит да свирит ????? и после и керками ко вас ке речит немала подршка?!?! вие на таа возрас стварно немате исав на тоа што го барате од нас !!! Колку ја подршка мислам дека сите родители ја даваат .Јас не верувам дека е можно некоја мајка да не даде подршка ако е во прашање РАЗУМНО БАРАЊЕТО !!!!
според мене единствено разумно нешто во кое вреди да се вложува е образованието. среќа мајка ми и од дома што ме форсираа да бидне нешто од мене. како тинајџер се и сешто ќе ти се вртка глава и се само неко фикс идеи во главата. ако гледам дека има талент за тоа што ми го бара или ако го залижува ок. ќе вложам во тоа , ама без образование и основна култура не се може. и јас во тие години на пати сакав да побегнам од се ама на крај краева се си помина во најдобар ред без потешкотии. детето се треба да види, ама не значи дека треба и да проба алудирам на морално неприфатливи работи. за талентот на пр школа за танц, тенис и др спортови , музика и сл треба да се проба и плус те трга од лошо друштво. верувајте дека еден ден кога нема да ја имате мама до вас и те како ќе ја барате да ви каже совет или да ве искара. се во блага смисла кажано
Еве мене не ми дадоа подршка кога беше во прашање факултетот. Во прашање беше мојата иднина а не нивната.А сега јас плакам заради нивните грешки.Немој сега да ми кажеш ако ти се учи ке учиш кај и да е со што воопшто не се согласувам.Не е убаво да правиш нешто што не сакаш ти туку другите да ти наметнуваат своите желби .Никогаш им немам барано нешто којзнае што,туку секогаш сум била скромна девојка која барала само да бидат покрај нејзе и да и даваат подршка кога се работи за нешто во училиште или во врска со љубовта на пример а не да сум добивала коментари еј не се занасај.За брат ми,не сум воопшто љубоморна,го сакам премногу и во моментов ми недостигаат нашите разговори па дури и карањето но тој од 18 години да не речам 23-4 ја прошета цела Европа речиси зошто се му дозволуваа,а што е со мене?во сите мои 21 година јас само двапати имам одено за Италија и тоа по нивна желба а не моја,пак по нивно наредување.Еднаш немам идено на одмор а сите секоја година одат.Што е со мене?И јас имам желба за живот,и јас сакам да шетам и ми треба нивна подршка а кога ми е најпотребна нив ги нема. Еве,мајка ми ја нема 1 недела да ми се јави зошто ми се налути дека сум спиела малку до подоцнас.Епа добро се случува,Татко ми пред ден два се обиде да ме направи луда во здрав мозок со реченица дека во периодот од 12 и 13 часот сум била на интернет и дека не сум сакала да се јавам на скајп а тој период спиев.Е кажи на што личи тоа?Прекорување секој божји ден.
Моите не ме форсираат пр.сакам нов мобилен и не ми купуваат ама се што треба за образованието ми овозможуваат и мама ми рече ти само учи и стани некој и нешто бидејќи јас сакам да сум фармацевт,а за да завршиш факултет фармацевтски со само финансирање треба 10.000 илјади евра па и повеќе
тоа со телефонот не е форсирање,форсирање е кога детето напишало ена песничка од 2 реда и родителите го гураат(со плаќање,со врски што и да е) да добие некоја награда,или од тоа дете прават трет хомер сумава нели е малку туу мач за сите факултети е 400 евра годишно па колку години и да е факултетот нема да испадне 10 000
Па со само финансирање бидејки ако успееш да се запишеш во тие 30 (што се керќи и синови на познати доктори) многу е тешко ќе плаќаш до 200 или 300 евра а со само финансирање по 2000 јас не се надевам дека ќе ме примат па затоа со само финансирање му е мајката Фармација заврши така она
иако не ми одговори на прашањето каде она заврши(на државен,на приватен,во странство...) од ова заклучив дека на државен таа.Епа еве исечок од конкурсот за уписи годинава и ќе видиш дека 2000 евра ќе ти е целата сума а не за година еве ти доказ дека е така и ако сакаш ќе дискутираме за ова во соодветна тема, да не ја полнам темава со офф се извинувам уште еднаш
па друго е форсирање друго е да ти даваат поддршка ...јас не би сакала мене родителите да ме форсираат за нешто..доволна ми е нивната поддршка
имам еден добар пример за тоа како родителот ја форсираше една моја познаничка. таа не сакакше многу да учи, ама да му ги направи ќефот на мајкаи се запиша на факултет. не учеше, пишеше квадррати над квадрати на годините, ама мајка и цело време и уплаќаше година и со многу молење по 10 години го заврши факултетот. е ова е според мене форсирање. форсирање е и кога од мали нозе пишуваат заедно домашни, кога и по 100 пати ќе го опомени детето да учи, па ќе го испрашува и сл. нема ништо да постигни родителот кога на дете од 10тина години ќе му речи што сакаш прави твој ќе бидат отцените, така ќе си продолжи за цел живот. ретки се тие деца кои сами седнуваат да учат без да им се речи. и мајками стално мене ми досадваше и кога бев основно, и средно па и кога студирав, по 1000 пати ќе ми речеше седни да учиш!
Јас поддршка од моите сум добивала секогаш. Знаеја да ме пофалат и да ми укажат дека се гордеат со мене, не само со успесите кои ги имав постигнато( а во текот на образованието ги имаше доста, што од литературни конкурси, шо со континуиран одличен успех, што со освено прво место на државен натревар по биологија...) туку и со тоа каква личност сум изградена. Материјално не сум била наградувана, не за друго, не постоело можност за тоа. Не жалам. Но некогаш се чувствував неисфорсирано. Можеби не станува збор за форсирање, туку од нив никогаш не добивав насочување, што некогаш ми требаше. Од нив секогаш го добивав одговорот Одлучи си сама, ти треба тоа да го учуш, ти треба тоа да го работиш (или во офф топик- ти треба со тој човек да живееш). Тоа на моменти ми идеше како крајно незаинтересирано, но од денешен аспект Фала ви и на двајцата, тоа можам да им кажам. А сакав, многу сакав да ме подгурнат малку, имаа и луѓе и врски, што за во текот на образованието, што за работа.Можеби не им дадов јасно на знаење дека сакам. За нив јас бев силна, способна и за се самата постигната.Не дека грешеа, ама па дефинитвно не бев супер девојче или супер жена. И ден денес не сум. Ама како и сите деца и јас сакав малку поддршка поинаква од освен Браво. Можеби и не знаеја како да ме насочат. Пример, нив никогаш немаше да им текне да ме запишат на странски јазик. Јас сама во второ одделение со другарка под рака отидовме. Никогаш немаше да им текне да ме запишат на било што друго....Сама... Чисто компаративно, брат ми беше тапа ученик- па можеби затоа јас им бев повеќе од доволно реализирана. Од аспект на родител, јас ниту би го префорсирала детето, ниту пак го осакатила. Со мм сметаме дека сме доволно образовани, воочливи и разбрани да можеме да уочиме дали како и што би било добро за детето. Еве на пример од сега се гледа дека за пеење нема да го бива (ист мајка му ) и сигурно нема да го правам пеач...
Се си е ок со брат ми и фала му на господ што го имам, ама имам проблем со него ,т.е со моите родители околку брат ми. Буквално се што ќе посака му дозволуваат. Еве сеа најново е славењето роденден во вулкан. Значи мене ни еден роденден не ми го направија како што требше. Во прво во кафич го правев , абе на прваче што иде во кафич да му го правиш роденденот...... Ама ај во второ и трето го правев во пицерија со 3 деца. Секое дете би посакало да го прави роденденот со сите другарчиња а не три ... Ајде тоа е најбанална работа со роденденов. Друга работа , цел живот ги премолев да ме запишат на танц , они не на ракомет ќе одиш. Брат ми исто изрази таква желба за на танц , ама во истиот момент го запишаа. После за драма. Ги премолев да одам на драма , не . Животот на актерите не бил убав. Брат ми исто посака на драма , одма ајде на драма. После друго нешто. Дојде време за запишување во средно. Ги премолев во орце да одам , не орце не било за мене , вакаво било такво било и ме запишаа во карев, ама кој ме прашува дали ми е убаво.Е сеа фали да го запишат во орце и крај да биде...Еве друго нешто има подобар телефон од мене. Мојов цело време се исклучува , ама нема врска битно брат ми да е задоволен. Ради него не отидов на последната екскурзија во 8мо. Цел клас отиде , само јас не...Зашто? епа страв им било да го пуштат брат ми кога ке оделе они на екс. , а па ако мене ме пуштеле , ќе се налутел. Феминки , можеби не е нешто озбилно, ама секој ден сум нервозна поради овие работи. Дајте некој совет , било што, многу ќе ви бидам благодарна.