1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога твојот најдобар другар те сака?

Дискусија во 'Канта' започната од annah, 9 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. annah

    annah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Епа вака. Имам еден другар кој што го знам веќе 10 години и од мали нозе сме заедно. секој за секого се знае.ама дознав дека ме сакал.за мојот роденден планирал да ми го каже тоа меѓутоа мојата најдобра другарка го спречила со цел да не го расипеме ние нашето другарство.цело друштво создадено од повеќе до 40 деца сите знаеле за тоа само јас не ! се чувствував многу глупаво. бидејки помина месец ипол ,моите чувства некако се сменија..како да го чувствувам и јас истото за него. знам дека сака нешто со мене и јас со него но ако го направам тоа и врската не успее после како ќе го гледам? сите викаат дека сме совршен пар дури и јас истото го мислам ама незнам..несакам да го гледам после со поинакви очи.иако премногу го сакам и почитувам а знам дека и он мене. што би направиле вие и како би реагирале? :sweat:
     
  2. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Не ја прави мојата грешка житиии се :D
    Ме врати баш на твои години и јас имав иста таква ситуација која морав да одлучам ... но немој да го расипеш другарството ако повеќе ти е важно тоа !! Мислам дека на твоја 15 - годишна возраст можеш само да уплескаш и да го изгубиш .. нека ти е текне дека збориме за твојот најдобар другар.. Не се брзај , полека имате време :D
    Подобро цел живот да го имаш до тебе отколку само неколку месеци и толку ... за некоја глупост детска ќе се испокарате и после очи нема да си видите :lol: Ако бил твој ќе биде но чувај си го понатака .. знам дека вреди ;)
     
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Јас имам една другарка, имаше другар најдобар со кој што се си кажуваат. На крај испадна да се фатат и заедно се веќе 4 години и ќе останат заедно! Но јас ти кажувам само еден пример што не значи дека ќе биде така и кај тебе. Ама имаш 15 год така? Сеуште си мала за да разликуваш вистинска љубов, не брзај!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.