1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога јас сум крива и не одиме заради моја грешка?

Дискусија во 'Канта' започната од mailie, 3 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mailie

    mailie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. Ми треба совет од вас што да правам зашто и јас незнам што сакам. На кратко еве ја ситуацијата. Со дечково идевме 3 месеци. Он отиде во странство зашто таму студира и се враќа сега за неколку дена. Ок беше се, само што он ме сака мене повеќе од колку јас него. Милион пати ми има речено дека ме сака, а јас ни еднаш не му имам вратено. Премногу е добар, паметен е, учи, има многу добра смисла за хумор, убав e, све е ок со него. Само незнам што ми е мене, незнам што ми стана му раскинав, и му реков дека незнам што ке праам, ќе се видиме кога ќе се врати. Он се враќа за 3 дена, немаме комуницирано неколку недели веќе и сега знам дека треба да разговараме само незнам дали да се вратиме заедно или не. Знам дека навистина ме сака, ми го има показано тоа милион пати до сега, а јас со ништо му немам возвратено. И покрај се, он сака да е со мене. Ај совет ќе ве молам? :)
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Што кога јас сум крива и не идеме заради моја грешка?

    Тоа е проблемот.
    Не знаеш што сакаш и треба да си решиш и да си расчистиш.
    Мене од ситуацијава не ми личи дека ти значи и дека го сакаш, да било така, немало просто да го малтретираш. Ако не ти до врска и до него, не мачи се, не мачи го и расчистете еднаш засекогаш.
    Од друга страна, можеби не покажуваш лесно чувства или се плашиш од врска на далечина... што е?
    Биди си искрена со себе и решение ќе најдеш.
    Немој само да си лекомислена и брза , па после да се каеш.
    И сметај на фактот дека машкото нема вечно да те чека тебе.
     
    На NellPam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Што кога јас сум крива и не идеме заради моја грешка?

    Одговорот е прост и едноставен. ТИ НЕГО НЕ ГО САКАШ!Да го сакаше, немаше од други совет да бараш, бидејќи немаш проблем. Немој да си со него само затоа што тој те сака. Знам дека е болно, ама мораш да му кажеш некако. Во средно имав еден другар кој што ми призна дека ме сака, тоа од авион се гледаше, а он мене ни најмалку не ми се допаѓаше на тој начин. Верувај дека е подобро да го пуштиш, отколку после неуспешна љубов , кога повеќе ќе те засака, да те мрази.
     
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Што има тука да се советува и дискутира...Не го сакаш,нема потреба да го мачиш дечкото а воедно да се мачиш и сама.Пушти го да биде среќен,дај си шанса да бидеш среќна ти...тоа е тоа.

    Како може некој да ти каже да сакаш некој или не?...пошто мене не ми е сфатливо да барам совет дали да останам со некој во врска ако знам дека немам чувства за него,што ќе ве држи заедно?Муабетите за економската криза?Мислам смешно е.

    Затоа пак ќе речам нема потреба да се измачуваш,сама знаеш што е правилно да се направи,или сакаше само да ни се пофалиш дека е луд по тебе? :D :D ...шала ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.