Кога дадов отказ во првата фирма се осеќав ужасно. Се погоди баш викенд да е, но сепак самата помисла дека понеделник нема да бидам на работа, дека ќе треба дома да седам беше грозна. Веројатно имав среќа што после само 2-3дена најдов друга работа, но сепак никогаш нема да ги заборавам тие неколку дена
Веројатно чувството е исто грдо како и моето. Од моето дипломирање помина година дена и нешто повеќе, а јас сеуште дремам дома и барам работа. Полудувам дома во 4 ѕида, чувството е премногу депримирачко. Пред да дипломирам се надевав, си замислував, си фантазирав, за мојата работа, мојата нова кола, мојата кариера. Дипломирав и изгледа се „усреќив“. Денес се прашувам дали некогаш ќе се вработам воопшто после толку апликации за работа. А за вработување по струка повеќе не сонувам. Спојлер Се чувствувам како вработен со работно место одење на интервјуа
Кога ќе се остане без работа, се надеваш дека те чека некоја подобра. Подобра шанса. Знам, ова звучи смешно за кај нас, но нели треба секоја наредна работа да ти биде надградување, а не уназадување??? Ако останеш без работа, нормално, ќе си бараш нова , но многу полесно е ако имаш поголема заштеда кај себе, па знаеш дека за тоа време си финансиски обезбеден. Сепак од дома нема да не` остават така, колку за храна имаме, но повеќето овде сме млади луѓе кои сакаме да излегуваме, да се дотеруваме, но како што пиша погоре некој, и кафето в центар стана веќе луксуз.
кога ке останам без работа ке си најдам нова,ништо страшно уствари ја немам работа,али кога ке имам и кога би останала би си нашла нова
Првите 2 неделими беа супер по цел ден дома се излежував ама сеа секој ден се понервозна и понервозна сум, најмногу почувствував тешкотија кога не земав плата ауу додека работев се навикнав секој месец на иста дата да земам плата 4000 - 4000 мене доволно ми беа дури и премногу, па така пола си земав јас пола и давав на мајка ми за сметки барем да помогнам Ако наскоро не најдам работа ќе полудам дома се навикнав да не барам пари и дома и секогаш да имам во мене а сеа малце потешко
Јас тешко ми е во ваква фза бидејќи времето го губам џабе. Немам пари, не можам ништо да си приуштам. А и злобните ме нервираат кога ќе кажат “ти нели можеш ваму таму“, “нели можеш некако во странство“, тие не се будали знаат дека добра работа така лесно не се наоѓа. И ќе си поседам некој месец дома па ќе се враатм во нормала. Да не се жалам барем работата ми е јака страан и ми оди во овие тешки времиња. Колку толку имав коректни газди. Во една фирма работев 3,5 год, одлични услови. Таа пропадна сега сум 5 месеци во друга и тука е добро. Плаат добивам на 31, а не на 25 наредниот месец како во многу други фирми, иако платат не е многу голема редовна е. Некои од инат ми викаат “абе не е се во работата, гледај си твој живот“, таак им одговара па така збворуваат, инаку кој мој живот кога не можам кафе да си платам.
Па кога веќе би дадела отказ или би ме избркале сеедно тогаш сигурно би почнала да барам нова работа.
Најпрво ми годи одморот, како и на сите. Но, по кратко време почнува да ме фаќа депресија. Секојднево проверувам огласи, одам на интервјуа, барам, се трудам, но ништо...НАЈМНОГУ од се ме нервираат коментарите на душегрижниците...Во нашата земја сите се експерти за се, сите се мешаат во сите области и мислат дека знаат повеќе од оние кои се вистина вклучени во проблематиката. Не сакам кога ми солат памет кај да побарам работа, кај да се упатам, кого да го прашам. Па не сум луда...Знам што треба да правам, но знам и дека НЕМА да најдам работа каква што треба да имам. Наместо мене ќе биде примено некое друго, партиско дете. А ние што немаме врски, што треба да правиме, да умираме??? Ах, забегав и јас сега
ДО сега два пати имам останато без работа и двата пати ми е исто тешко што се случи тоа.Овај пат е полошо од првиот,почнав да паѓам во депресија,секој ден како и другите барам по огласи,се јавувам одам на интервјуа и секогаш го добивам тапкањето по рамо и ќе биди,а до сега не било.Јасно е дека во струката да се вработам шансите се минимални,но барем нешто друго да почнев да работам.Првиот месец ми беше убаво,но како што врви времето се полошо и полошо ми е .Не можам да седам само и да чекам од моите да ми дадат пари,додека работев си имав обрска,а и пари доволно за моите потреби.Си давам надеж на самата себеси дека ќе биди,ќе се најди нешто само за да не ми биди уште потешко,но за жал до сега нема излезено ништо.
Секое лошо за добро е... најважно е човек никогаш да не очајува и да не се откажува, колку и да изгледа тешко. Тогаш кога најмалку ќе се надевате ќе следува повикот кој ќе ви го смени животот.
Не се секирај незнам што се случува ова се почесто луѓе отпуштени од работа леле. И мајка ми беше едно 2-3 години без работа одкако им пропадна фирмата нивна. Па немаше неколку години платено малку извлече на суд пари другите ги изедоа . Па седеше така некое време сега пак најде работа. Не се знае кога ќе ти се насмевне среќата пак ќе си најдеш работа. Само ми е криво што не ги зема сите работи мајка ми што ги заслужи али така е кога има и крадци.
Лелеее, ме погодивте со скорешна ситуација. Пред скоро време ми заврши договорот на најпогоденото работно место кое некогаш сум го имала. Депресии? Не прашувајте... Периодов манијачки ги листам огласите, на пребарувач ги најдов повеќето сајтови за огласи и барам ли барам, листам ли листам...Па ќе шетам со саати низ град, низ дуќани, да видам да не има некое известување дека бараат некого за работа. Да се пофалам, мм супер го прифати тоа, дури и ми рече „Крајно време е да се одмориш малку.“ Да не е тој, тотално ќе полудам.
Едно е сигурно, а тоа е: нема да се затворам дома во депресија и да ги малтретирам тие околу мене зошто сум без работа! Сум останала без работа, ме фатила криза, да не можам за викенд да излезам, да преседам дома , да немам да си купам нешто основно од козметика и слично. Ама никогаш не сум паднала во депресија. Сум имала кризи, ме фаќале секакви мисли, ама поминувале. Нели, секогаш после дождот сонце доаѓа? И секако, тоа слободно време си го користам за секакви работи кои пред тоа не сум можела да ги направам. А, чудна работа е како додека сме на работа се жалиме што немаме слободно време, а ако не сме на работа ни е досадно.
Кога ќе останам без работа се трудам да го направам се она за кое претходно сум немала време и нормално си се одмарам, затоа што знам дека во иднина сигурно ќе го барам тоа слободно време. Потоа доаѓа период кога барам работа ќе најдам и повторно ми фали слободно време. Никако не ни се погодува нито кога сме со работа ниту кога сме без работа.
Прашање за 1 000 000 денари Веќе не ми се ни брои колку месеци сум без работа, оти се ближи времето кога би требало да ја прославам првата годишнина од тој битен настан. Колку и да се трудам да бидам позитивна, како минува времето се повеќе спласнувам. Ги доцедувам и последните резерви од мојот црн фонд и како да ви кажам, ми се плаче. Се одвикнав од барање пари од дома,а со оглед на тоа колку ''брзо и лесно'' се наоѓа работа во чудеснава Македонија, ќе треба пак да ги реактивирам во мојот речник фамозните- Мамо дај ми или тато дај ми. Првиот месец се одморив психички, ми требаше со оглед на тортурата која што ја трпев на работното место и после нели, како и сите со овој проблем опсесивно почнав да праќам CV-ја по огласи и за струка, а и не за тоа. Можете да го претпоставите исходот, нели? Ни трага, ни глас од никаде до сега. Или мене среќата не ми работи, или стварно е лошо во нашата ни државичка. Оти знам каков профил на личност сум, знам и дека и покрај тоа што имам високо образование, работно искуство, знам јазици, компјутери и сл. не викам, аааа не, јас не работам за 15000 ден. Ама ете, сега за сега и покрај тоа, сум со статус кво на ова поле.
Јас почнав да работам многу млада (22) и некако природно ми е да имам работа нон стоп. До сега еднаш имам останато без работа-дадов отказ, и бев пресреќна за периодот што следи без обврски за да се одморам да се шетам да читам да гледам филмови итн итн. НО во реалноста бев сосема друга. Првата недела се наспав дремев пред телевизор готвев и чистев. Не ми се излегуваше не ми се правеше ништо само дремев пред телевизор како зомби. Работа барав но не интензиво онака се ми беше сеедно ама како да бев огорчена ( маж ми потоа ми кажа дека сум била неподнослива ) Не ми требаа пари очајно но ми требаше работа. Среќа ова траеше само еден месец, бев на 2 интервјуа и на 2 ми понудија работа така да можев и да бирам. Ако останам пак без работа мислам дека многу лошо ќе го прифатам фактот, едноставно таков ми е карактерот, ме исполнува работата.
Кога ќе останам без работа се нервирам и тоа многу! Еве денес ќе одам на интервју,па ќе видам што ќе биде.Многу се нервирам кога немам пари за основни нешта.Но,се надевам ќе тргне на подобро.После дождот секогаш изгрева сонце!
откако дипломирав постојано работам (читај 12 години)но ниеднаш според струка.дипломиран одделенски наставник сум а цел работен стаж ми е од работа по бутици.откако ми заврши породилното боледуванје од јули месец сум без работа и искрена да бидам лудило ме фака од дома седенје и постојано едни исти обврски .а и не сум навикната да бидам без мои лични средства и без можност да допринесувам дома .тешко дека за брзо време ке најдам нешто
Јас сум на тоа место моментално. Денес дадов отказ и веќе сум падната во депресија, бидејќи сигурна алтернативна варијанта немам. =( А знам како тоа оди во милата ни државичка. Работа по струка не ни барам повеќе, туку останатите опции се мизерни. Или бараат практиканти/хонорарци на договор, или девојќи за придружба, танчерки (читај: проститутки) или мултифакинглевел маркетинг менаџери. Налет. Ве молам доколку начекате солиден оглас за работа да ме известите, би ви била бескрајно благодарна <3
Никогаш не ми се случило да останам без работа од сопствена мрза. Тоа еднаш беше зашто спремав магистерска, вториот пат се смени ЗПП и не им требаше приправници а третиот пат снемав часови. Сега сум во фирма година и пол, секако непријавен а барам во меѓувреме нешто посериозно да речеме за стално.