Ако имам шминка , ја вадам со двофазниот отстранувач на Клиник , се мијам лице со течниот сапун на La roche posay effaclar , го пребришувам лицето со лосионот на Клиник бр.3 , потоа ставам крем за очи (ако не заборавам ) на Клиник all about eyes и на крај ставам од кремата-гел за лице пак на Клиник..
Го мијам моментално со ова И се поминувам со мицеларната од Балеа. Чат-пат знам да се нашлапам со кокосово масло или невенова маст околу очите, ама мицеларнава добро ми го хидратизира лицето така да немам потреба од тоа на секојдневна база.
И да имам и да немам шминка, лицето обавезно секоја вечер прво убаво го мијам со топла вода, а после ставам неколку слоја кокосово масло. Мене лицето многу ми се исчисти благодарение на маслово, но потребно е да си упорен.
Ќе се самоцитирам по некое поминато време. За мене гелов не функционираше добро, ми го исфрла лицето. На почеток се покажа супер ама по 2 недели користење почнаа да ми излегуваат поткожни големи бубулици, какви што сум немала. Го оставив и купив обично глицеринско сапунче за секојдневно миење, се смири ситуацијата по неколку дена. Ама пустото демек да не ми стои скоро повеќе од пола недотрошено, се излажав и пак почнав да го употребувам. Погодете, повторно се исфрлав, овојпат многу полошо. Го фрлив и дефинитивно повеќе не купувам никакви гелови или пени за миење лице. Купив глицерински сапун од La Soy со активен јаглен за проблематично лице ( ви велам, работата се искомплицира многу станав крастава :/ ), го користам веќе 3 недели и само ќе кажам- браво за сапунчето, одлично е во комбинација со невен после миење! Лицето ми се исчисти целосно, за црвенилото и по некоја лузна што останала знам дека ќе треба време да помине и обледе. Битно немам лушпи и немам рогови! Секогаш сум имала чисто лице со тек-тук некоја акна ама ова беше ужасно!
Да те прашам, дали имаш чувство на затегање на кожата кога го користиш сапунот? И каков вид на кожа имаш ?
Дефинитивно, затега и имаш чувство дека ќе ти се расцепи на две, најлошо е чувството кај челото ама така ми беше и со ексфолијатинг на Dove сапунчето, глицеринското претходно што го користев...после миење веднаш поминувам со мицеларна вода на Балеа ( виолетовата) и убаво ми ја хидрира кожата. Кожата ми е комбинирана, немам многу мрсна Т зона, ама образите ако не ги хидрирам убаво после чистење на некои места ми се многу суви, и во комбинација со некоја акна...лушпи. Навечер околу очите и устата и по малку на образите ставам невенова маст и тоа е тоа.
Го мијам лицето со Dove сапунот (благодарејќи на него немам акни по лицето) и го измивам со топла вода. Потоа ставам тоник за темелно чистење и на крај кокосово масло или крема
Топлата вода прави штета на кожата на лицето, не само што ја суши туку и ги отвора порите. Со ладна вода е подобро, или пак ако веќе се миете со топла вода, последните две миења да ви бидат со ладна вода. Одма ќе приметите разлика. Никогаш лицето не сум го миела со топла вода.
zdravo devojkii....sto bi mi vie preporacalee za crvenilata na liceto ostanati od akni nekoa krema ili nekakov losion bilo sto?