Ако сум нашминкана ја вадам со бекутан влажни марамици, после се мијам со сапунот на Докторс од сулфур и катран и на крај завршувам со Бекутан крема.
Без разлика дали сум нашминкана или не, најпрво лицето го мијам со бебешки сапун, па Нивеа Софт= најдоброто нешто што постои за мене
ако сум нашминкана а тоа се случува за викенд прво влазни марамчиња па со бебешко сапунче и ставам или бекутан или нивеа зависи што имам во моментот
Доколку имам шминка на мене прво ја вадам или со некоја крема или само со Dove сапунче и не мачкам ништо после тоа.Доколку пак немам шминка ништо не мачкам а не го ни мијам лицето пред спиење тие ритуали ми се сабајлечки .Само забите ги тинтрам и ги чистам и со конец и ги мијам пред спиење . Позз
Шминката ја вадам со влажни марамици Бекутан, потоа го мијам лицето со бебешки сапун, и на крај си ставам крем, најчесто Нивеа.
Шминката ја вадам со Бекутан марамици. Потоа го чистам лицето или со лосионот на Алкалоид Или со овој на Авон А потоа ставам крема
Обично немам шминка за да ја вадам но го мијам лицето секоја вечер со и два пати неделно користам пилинг од Doctor's а крема не ставам затоа што имам мрсна кожа.
Најчесто сум со шминка па прв чекор ми е бришење на истата со Божен ракавица. Следно е миење со гел. Во моментов го користам Garnier Pure: Па млеко и тоник: Термална вода: Крем за очи (во случајов гелче): Крема:
Ако имам шминка на лицето ја одстранувам со влажни марамици Бекутан..потоа го мијам лицето со сапун Даф...го чистам лицето со лосион Хлорофеникол..и за крај нанесувам ноќна крема од Garnier...
крем сапунчето на докторс и лосион за лице мејд бај ми. ова ми е испробано и друго не ни пробувам зошто често од ништо ми се иритира кожата.
И јас го мијам лицето со Dove сапун, а потоа ставам едно ноќно кремче против воспаление на акните односно против црвенило
Користам гел за чистење на лице од лаванда и боровинка од Oriflame за миење а после тоа ставам ноќна крема Оптималс за хидратација...и одлична комбинација се за моето пренапатено лице од пубертетските акни кои ми го уништуваа до пред некоја година...
Редовно го чистам лицето, без разлика дали имам ставено шминка или не, со крем за чистење. Потоа ставам тоник за длабинско чистење на лицето и на крај ставам крем за нормализирање на кожата од линијата Дерманорм Далтон, а 2 пати во неделата правам и пилинг пред да го ставам кремот. Долга процедура, али лицето ми е гланц
Го мијам со гелот-пилинг од Нивеа, го бришам убаво со чиста крпа и не нанесувам ништо. Наутро ставам бекутан и фрчам.
Јас го мијам лицето строго со Dove ама оној со гранули како пилинг ефект што има: и ставам од авон оној ноќниот: