започнав да ја користам оригиналната павловичева маст и сум задоволна,лицето не само што го прави мазно и меко туку ги лекува и некои иритации и брунчиња.
Ништо. Освен што ќе го измијам и некогаш премачкам со млеко, лосион или тоник (зависи што имам). Имав прочитано некаде дека не треба да се мачка лицето навечер со ништо, за да не од перницата ја навлечеш нечистотијата па потоа осипи по лице. Ако преку ден морам да бидам со пудра на лице, навечер претпочитам да ја оставам да дише
Ништо не ставам,пред спиење го мијам лицето со DOVE сапун или со влажни марамчиња и легнувам.Секогаш кога ставам некоја крема(било каква)ми излегуваат мозолчиња, инаку имам многу чисто лице.
Не практикувам да ставам ноќни или било какви креми, бидејќи имам мрсна кожа, па било каков крем да ставам, утрото се будам со најмрсното лице на свет - не би да објаснувам сликовито како изгледа, бидејќи е стварно непријатно, како за око така и за осет. Само си го мијам лицето со медицински сапун - најчесто Докторс, па со лосион за лице на Орифлејм, со лаванда и боровинка. Обавезно 2-3 пати во неделата правам пилинг со гелот со гранули на Авон (она плавото, од линијата на Clear Skin), за да ми се засуши лицето, мозолки доколку ги имам и да излезат црнките. Друго ништо.
Бекутан влажните марамици ми се незаменливи за чистење на лицето од шминка. Два до три пати во неделата правам пилинг пред спиење, а потоа задолжително ставам крема за лице. Моментално ја користам онаа од камилица на Авон, а некогаш ставам и од кремата на YoungDerm.
Во последно време, си го чистам со пресно млеко, најобично. Ќе капнам на туфничка малку обично млеко, откако ќе го измијам лицето со топла вода и бебешки сапун, и го поминувам цело лице. Некако ми е таман мрсно, ме освежува и ми го прави меко.
Во случај на претходно нанесена шминка, прво влажни марамици, сапун па лосион без нанесена шминка, го мијам со вода и ставам лосион.
Пред спиење секогаш го мијам лицето со Dove сапун за чистење на лицето, со мојата сестра се договоривме да го миеме лицето со dove пред и после спиење, после 10 дена на лицето немав ниту една акна, пробајте
Од каде го купи и колку пари е? И ако може препорачајте ми некое млеко за кожа(ама некое што не е штетно за лице зошто имам мрсна кожа со брунчинја) Фалаа....
со бекутан сапун и потоа ставам нивеа обична, сината но сега ставам маст која има антисептично и антиалергенско дејство, го спречува појавувањето на акните и намалува флеките од истите. еве ја маста
Го мијам лицето со Dove сапун и после ставам Nivea помада. Поради тоа што имам сува кожа помадата ми помага кожата да ми остане влажна во текот на ноќта.