Ако сум имала шминка прво ја вадам дали со влажни марамчиња или само со вода, зависи. Потоа со топла вода и сапун од Докторс за акни што е го мијам и на крај ставам Здраве крема.
Ако имам шминка ја вадам со влажни марамици,го мијам лицето со вода и Dove сапун,и се мачкам со Нивеа кремата за лице(онаа класик што е)
Прво користам влажна марамица, па она сретството од Авон 3 во 1 па потоа го мијам лицето со Бекутан сапун и млака вода и на крај ставам хлоракол/хлорафеникол
Ако имам шминка прво ја вадам со Докторс марамчиња, потоа ја мијам со чај од камилица и на крај ставам Даф крема. Некогаш и го чистам лицето со пилинг и тоник на цептер
Прво ја чистам шминката со влажни марамици бекутан,па го мијам лицето прво со топла па со ладна вода,па го чистам со млеко за лице,па со тоникот и на крај ставам крем - сите од Гарниер, зеленото паковање за нормална и комбинирана кожа
Jа чистам прво шминката со влажни марамици,па потоа го мијам лицето со сапунот на Dove,и потоа ставам крем за лице.Моментално имам еден на орифламе.
Машничке, и јас исто така правев некое време, инаку немам проблеми со лицето, ама кога ќе го исчистев со хлорафеникол буквално осеќав дека е чисто, но дерматолог ми кажа дека хлорафениколот не смее да се користи нон-стоп затоа што многу ја суши кожата. Требало да се користи 3-4 пати неделно, или да го користиш еден месец, па еден месец пауза.
Прво го мијам лицето со сапун, после ставам лосион Хлоракол, па после и лосион на Јанг Дерм за мрсна кожа и потоа ставам од млекото Бекутан за тело што е јас за лице го користам
Шминка вадам со влажна марамица, па се мијам, понекогаш само со вода, а понекогаш со гел за миење лице од авон (краставица и чајно дрво), ставам хлорамфеникол, па потоа dove крема за лице. Инаку на хлорамфениколот пишува два пати дневно, ама многу ми е, само навечер ставам од него, а понекогаш кога немам шминка цел ден, не ни ставам.
Прво ја вадам шминката со влажни марамици,а после тоа го поминувам лицево со млеко за чистење: Спојлер и на крај тоник: Спојлер И толку...