Kоја козметика за лице ја користите креми,гелови,тоници и сл.?Што користите за отстранување на шминката од очите и лицето и потоа со што го миете лицето?Имам проблем околу изборот за најсоодветен препарат за отстранување шминка дали е поубаво со млеко,тоник,влажни марамици и сл?
Влажни марамчиња, претежно Бејби (уствари не мора баш овие, битно да се бебшки) пошо од другите ми се суши кожата.
Шминката на очите ја отстранувам со маслиново масло или бебешко улје (што ќе ми се најде во моментот), потоа го бришам лицето со бебешки влажни марамици, и на крај го чистам со алекохол.
Melanie за чистење на лицето најдобро е да одбереш лосион за лице според твојот тип на кожа.Јас на пример,имам мрсна кожа и користам chlorampehicol шишенце од аптека се купува македонски производ е мислам околу 70 денари и многу е добар.Има голема доза на алкохол во него и затоа и ми помага со мрсната кожа а и многу добро ја отрстранува пудрата и така мозолчиња и слично.За шминката од очите користам влажни марамчиња
MarijaS ubavo go cistis licito no ne ti preporacuvam da stavas alkohol posle cistenjeto toa ti ja susi kozata..
најдоброто нешто што го имам користено е ракавицата за отстранување на шминка од Божин козметика. Само треба да ја намокрете ракавицата со млака вода и нежно да го истриете лицето со неа. Целосно ја отстранува шминката, а истовремено го чисти лицето од акни и митесери.
И јас користам ракавица од Божен и навистина сум задоволна. Од другите средства лосиони или влажни марамчиња ми солзат очите. мислам дека ракавицата е најдобро решение
Главно користам влажни марамчиња... исто така моментално користам лосион за чистење лице од Орифлејм од шипинка.. многу убаво мириса и ја хидратизира кожата...
Вода и Dove сапун... гарантирано вади се! Ако маскарата не е водоотпорна може да остане, ама све друго ми вади
И јас исто...па после само вода и крем и готово...лицето свети. А кога ме мрзи ракавицата да ја перам ops: со бебешки Бекутан влажни марамчиња...супер се :up:
Со тоник за лице од Витаскин ја отстранувам шминката,имав користено млеко од Авон за вадење шминка,навистина е добар и сум задоволна од него,целата да се направиш со еден тон пудра,сенки и што не,се чисти,брзо и ефикасно.
пудрата ја отстрануваш со лосионот??? а претходно не го чистиш лицето со сапун или гел??? ако така правиш немој зашто тој лосион се нанесува на чисто измиено лице навечер а не за вадење на пудра лелеее
Го чистам лицето со лосион на Young Derm, одлично ја вади шминката а освен тоа и спречува за појавување на секакви бубулички...а претходно користев лосион на Kolastyna Тееnagers т.e МЛЕКО И ТОНИК 2 во 1 и не бев многу задоволна...позз
Шминката ја отстранувам единствено со сапун за лице,тоа некако ми е најсигурно, и окако ќе го измијам ставам крем за лице Нивеа.