Да, ова е онлајн аптека , ценава е ако порачаш онлајн, а зависи и од аптека во аптека , цените се различни, може истиот производ да го најдеш доста поевтино отколку во Мк. Баш распрашај се низ аптеките. Оваа аптека конкретно е во Атина.
Девојки може препорака за квалитетна мицеларна вода која отстранува спф и шминка? Да не е Биодерма розовата и Оливал, сакам нешто ново да пробам
Ја сапун и вода за да исчистам најголем дел од шминката, потоа двофазен чистач од Нивеа, и едно друго од seventeen. И знам дека грешам и кожата ќе ми страда особено подоцна, ама вајда ќе научам да користам убава skin care во блиска иднина
фактички 3 чекори за чистење користиш. Сапунот со вода исфрли го, сапунот ја суши кожата. Имаш одлични балмови за отстранување на шминка, доволни ти се 2 чекори.
Првото не го имам користено, ама второтоо ми се чини дека е најлош избор што го имам направено. Кога ми се потроши Ла рош, неколку денови истото го користев и повторно ужас. Дерматолог ми рече дека има рузмарин и затоа е поагресивно. Јас сега за бришење шминка користам само мицерална и доволно ми е
https://thebodyshop.mk/proizvod/gjalpi-pastrues-luksoz-me-kamolil-2/ https://coslovemetics.mk/product/heimish-all-clean-balm-mandarin-50ml/
@Alice21. И јас топло би ти го препорачала тој all clean blam еве линк https://coslovemetics.mk/product/heimish-all-clean-balm-50ml/ И општо за чистење лице е предобар не мора да е само за шминка
Јас гледав многу видеа како се жалат од тој чистач и дека стварно не го бива па може затоа го тргаат … има замени за него искрено
Да во дм Хрватска баш го донеле новото, тука во дм ми кажаја дека нема да го има го тргнале од продажба.
Има разлика многу во дали има парфем и некои масла што може да затнат пори и да направат акни. Можеби за тебе е исто ама не важи тоа за сите јас само кажав тоа што го гледсм и читам за тој производ . Ти немаш можеби толку сензитивно лице или склоно кон акни за да видиш некоја разлика ама кај таквиот тип си приметуваат.