Знам дека треба да го измијам само ми беше дали можам да го користам за целото лице или само на за шминката на очите?
Здраво, користам гел за чистење од биодерма, на два пари го зедов во пакет на акција, но вака да го купам ми е скапо. Ве молам препорачајте ми некоја добар за убаво чистење ама да не е толку скапо. Исто и од која мицеларна сте задоволни?
Да ми препорачате нешто квалитетно за вадење на водоотпорна шминка? Имаше едно време едно како лосионче на Есенс и многу беше добро ама го нема веќе во продажба. Нешто слично да препорачате?
Кое било масло од овие за двојно чистење ќе ти заврши работа. Мене многу нежно и убаво ми вадеше водоотпорна маскара ова масло на Iunik. Нема маскара што не успеало да ја извади. А ако не сакаш ваков продукт, можеш и некое двофазно да видиш за вадење шминка од очи или мицеларна. Garnier со жолт маслен дел внатре најмногу ми се допаѓаше за вадење водоотпорна маскара.
Дечки ве молам да ми препорачате некое средство кое вади воодотопрна маскара а да не е изгор скапо. Едно време користев на алверде масло за вадење ама не беше искрено ич ефикасно, нивеа двофазно мало паковање исто не ми се допаѓа, ганигер исто...биотен исто.... некогаш со кокосово масло ја вадам маскарата ама не ми е угодно за користење тоа масло
Дали некоја го пробала ова? Или ако имате некој сличен производ од Лидл Србија што можам да го купам.
Сакам да почнам да правам двојно миење на лицето, прво со маслен чистач, после со гел чистач. Да ми препорачате некој маслен што сте користеле и сте биле задоволни? На coslovemetics има многу голем избор, не знам кој да го земам, па подобро вака од искуства да видам. Имам суво лице, проширени пори и тек-тук некоја црнка на лицето.
Јас од Новексперт маслениот чистач сум презадоволна. Го има во Белина Од корејските, на Хеимиш и Банила ко балмот
Користам oil cleanser, а потоа aloe vera gel cleanser, на Балеа и двата, во комбинација функционираат предобро а не се воопшто скапи. Мицеларна вода скоро па ич не користам, со маслото без проблем чистам водоотпорна маскара/туш.