Јас го користам и задоволна сум. Убаво ја хидрира кожата. Убаво е да го земеш во комбинација со маслото.
Јас за цераве имам читано мн негативности и ради тоа никд не сум купила нивен продукт, а многу ги рекламираат
Какви негативности? Може да споделиш нешто овде? Го зедов гелот, се измив, вака океј е навистина, ама ќе почекам ден-два да видам дали ќе имам некоја лоша реакција на лице. Се надевам нема.
Што знам искрено, не сум видела некој негативен ефект од нив лично јас. Имаше и за La Roche негативности дека им нашле некои канцерогени материи ама ништо од тоа, еве и тие ѓи користам со години. Мислам дека се зависи од тоа како кожата ќе ги прифати.
Не знам дали беше хајка или не, но ден денес луѓе имаат мн критики и негативно мислење за брендот. Од преголем хајп кој го имаше, после мн негативни рецензии, главно за состојките во продуктите. Може сум потпаднала под масата и мислењата, ама отогаш не купив ништо нивно. Ова беше пред неколку години.
Во последно време супер ми е Balea балмот што е копија (веројатно) на Geek & Gorgeous балмот. Одлично разградува пудра, шминка од очи, маскара, сè е топ, само мирисот ми е огромен deal breaker. Ми мириса на рибино масло, некако тешко ептен. И доста долго го осеќам мирисот потоа. Ептен ми смета, штета што не го направиле скроз без мирис. Ќе се враќам изгледа на Balea маслото за вадење шминка, дефинитивно најдобар продукт од овој ранг ми е според цената и според тоа што го добивам.
Моментално кое ви е омилено масло, да не ги замаглува очите? Се мислам за оваа, дали некоја го има користено?
Овој или виолетовиот балм на Fluff ги користам подолго време и супер се. Make Up Removing Balm Raspberries with Almonds 50ml – Yeppeuda
Purito има во Coslovemetics, можеш и на сајтот да си разгледаш што cè имаат. https://coslovemetics.mk/
Ако сум шминкана прво со палома го поминувам лицето, па со мицерална на Оливал и на крај со гелот на Биодерма. Доколку немам шминка само со гелот на Биодерма. Вака супер ми е лицето. Со чистење мразам да експериментирам и вака со години функционирам. Креми чат пат знам да сменам али горе долу таа ми е рутина.
Со години го чистам лицето со мицеларна па потоа со гел го измивам и не сум имала некој проблем. Сакав да земам масло со намера поубаво да ја исчисти шминката. Го земав зелениот на уриаж, но мислам дека премногу се зезнав. Премрсен е и никако не можам да го измијам потоа. Дури ми се појавуваат ситни бубуљички на челото... Предложете некој што супер си ја врши работата и најбитно лесно се измива и не остава мрсни траги.