значи скрос исто, најубави влажни марамици ми се канбебе, бекутанот и прави црвенило на лицето, 3 во 1 ми е ново најдобро откритие, презадоволна сум! ставав крема дав ама сега ја заминев со солушн за сува кожа од авон! измеѓу кремата и лосионот ставам јанг дерм тоник за лице! (мислев дека не е добар ама супер е, не ја суши кожата)
Бидејќи многу се нервирам ако треба да седам со шминка дома, веднаш откако ќе си дојдам, ја вадам со влажни марамици. Потоа, го мијам со најобичен сапун - прилично ми го среди проблемот со мрсна кожа - и на крај ставам помада. Порано, не можев без нивеа, ама мајка ми нашла една во КАМ, El curina, бело кутиче со плаво капаче. Презадоволна сум, многу ми се погоди, дури повеќе од нивеата. - а да не спомнувам и дека е далеку поефтина - Неколку пати имам спомнато, проблем ми е алергијата и некогаш страшно ми се иритираат очите додека ја вадам маскарата. Проклета нека е, водоотпорна сум зела. И поради тоа, морам да ја вадам со бекутан млеко за тело, ама многу ме печат и ме чешаат очите после.
Околу очите користам Nivea Visage исто како ова, го има во сите аптеки низ Македонија, потоа лицето цело го чистам со влажни марамчиња, па го мијам и на крај ставам крем.
кремот El curina е понемрсен за разлика од нивеата??? јас мислев дека единствено нивеата во стаклено кутивче е соодветна за мрснa кожа
Јас само го мијам лицето со топла вода и потоа го чистам со влажни марамчина бекутан ништо повеќе порано користев од орифлејм некои производи ама ми се појавија бубулици и од тогаш само вака
Обавезително ми е секоја вечер прво со влажни марамици на Бекутан па потоа со Dove сапунот за лице супер ми е и не ми ја суши кожата и на крај си ставам помада од Бекутан. Исклучок правам само кога се враќам од град касно,тогаш ништо не гледам освен кревет али марамиците секогаш ми се при рака па ако не се ибришам со нив барем нема да заспијам. Навика ми е што да правам..
Го мијам со гел за микрогранули од Авон, ама сега дека ми се потроши користам глицерински сапун. И после ставам Бекутан крема.
Шминката ја отстранувам најпрво со марамче од БЕКУТАН,потоа го мијам лицето со тоа 3 во 1 од АВОН,па потоа со млекото и тоникот на ГАРНИЕР за комбинирана кожа(зелено),и на крај кремчето исто така од ГАРНИЕР
Прво го мијам лицето со топла вода и ја мијам маскарата се додека целосно не се измие од трепките. Го бришам лицето со хартиен бришач за да не си го направам лом пешкирот. Потоа ставам Буржуа средство за вадење шминка на памучен тупфер кое ги вади сите остатоци од маскарата, сенката и пудрата. После тоа пак го мијам лицето со вода и на крај ставам крем за лице Долива од маслиново масло.