Кога-како. Поголем дел од времето ја вадам со влажни марамчиња, а потоа со млеко или тоник за лице со помош на памукче. Или со бекутан млеко за тело. А некогаш знам и да се треснам со шминка. Здраво-нездраво тоа си е. Во 5 сабајле не ми текнува на тупфери и влажни марамици.
Шминката на очите ја вадам со влажни марамчиња а потоа лицето го мијам со гел за миење лице..никогаш не легнувам со шминка
Еве најчесто комплетно ја вадам шминката со овие. Кога немам волја моментално,земам со влажни марамици се поминувам колку да не ми остане многу шминка.Pom-Pon ми се супер
Прво со влажни марамчиња, потоа со тоник од авон, и на крај нивеа. Ама кога се неможе се неможе во одредени ситуации
Влажни марамчиња Бекутан, и потоа го мијам лицето со вода и сапун. Наутро се случува ова, немам навика навечер да ја отстранувам шминката.
Верувајте се правам да не си легнам со шминка после вечерно излегување и ретко кога успевам. Сабајле кога ќе се видам во огледало се прашувам дали гледам хорор филм или саботно или неделно утро. Инаку, влажни марамчиња, палома и помада се најобичен и ефикасен начин за вадење шминка.
Neutrogena млеко за чистење.Супер е-ја прави кожата нежна и не ја прави мрсна зашто нема масло во него
Влажни марамици, посебно оние едни од Алкалоид на Чунга Лунга мастики што мирисаат. Неможам да ги ИЗНАМИРИСАМ
Ова ми е откритие на деценијава...можеби се повторувам, не знам. Вади апсолутно се, одлично е за вртоглави да не речам опојни ноќи кога во ниедно време навечер односно во раните утрински мугри едвај стојам на нозе и максимално сум мрзлива да ја вадам шминката И што е најбитно ја вади и маскарата и пудрата па не морам барем да се мачам прво со очите, па со лицето па со вратот....итн. 3 муви утепани во едно Виши. Чекор 2. И за крај, кога не ме мрзи, ставам на памукче и обична морска вода. Ова ме научи другарка ми - мајка и е често на море па и полни морска вода. Го прочистува лицето и спречува појава на какви и да е акни и други лицни грди испакнатини
Прво го бришам лицето со Бекутан влажни марамици, потоа го мијам со сапун на Dove од краставици, па со лосион и гел за миење лице и на крај крема.