Јас со бекутан си го чистан лицето не ми се потребни лосиони мосиони доволен ми е бекутан и влажни марамчиња
Со green line пена за лице вадам шминка, се вади ! После тоа со proactive колекцијата од три чекори и многу сум задоволна
Најпрвин се мијам со вода, а после со влажно марамче вадам се шо останало..и на крајот клавам кремче!
Со млака вода и Dove сапун за лице..потоа ако има малце од маскарата останато бришам со влажно марамче Бекутан ..крем за спиење не ставам ..туку само кога ќе треба да ставам шминка па кремот ми служи како подлога. За спиење крем мислам дека не е потребно , нека си диши кожата
Влажни марамици. Најубаво ми е со тоа. Без разлика дали се наменети за отстранување на шминка, или оние бебешките, убаво ми е на кожата.
Зависи,некогаш со млеко за чистење лице на Докторс,а ако ми е мака тогаш со влажните марамчина на Бекутан и потоа ставам кремче
Во последно време почнав да ја вадам шминката со Бекутан млеко за тело. Толку лесно ја брише, дури и маскарата, која ми е најнеомилен дел од целиот процес. Потоа го поминувам лицето со влажно марамче (немам поим како се викаат, во плаво пакување се, медицински некои) и за крај го мијам лицето со сапунот на Докторс (анти акне) и спремна сум за спиење. Доколку ме мрзи (а во последно време сум страашна мрза), ја скокам фазата 1 со Бекутанот и преминувам само на чистење со марамче и миење. Дис ис ит.
Девојки ај препорачајте ми некој лосион/тоник за вадење на шминка ама за сува и осетлива кожа! Пробав неколку сите ми ја сушат ептен кожата, дури и Бекутан влажните ми ја сушат! А ако не ја извадам убаво шминката па ми се појавува по некоја бубуљичка Крај не може да му се фати на лицево мое!
Јас го користам овој тоник, за сува и чувствителна кожа е. А од истата линија има и млеко за чистење лице, дневна и ноќна крема.