Ги користам влажните марамчиња за отстранување шминка од Виолета а ако немам такви го користам лосионот за отстранување шминка од нивеа висаж
Солна вареќина. Или доместос, што ќе ми дојде при рака. Шала, влажни марамици, или пак ќе чекам сама да се избрише. х) (иако не користам многу шминки)
Becutan влажни марамици дефинитивно.. Некогаш користам и млеко за чистење на шминката од Oriflame претежно бекутанот ми е при рака... најдобри се...
Млеко за отстранување шминка од Лореал, потоа се мијам со чистилна пена од Афродита и на крај мора еднаш да се поминам со фамозните влажни марамчиња на Бекутан. I'm complicated. Спојлер Не за друго, мрсно лице имам па морам ептен темелно да го чистам.
Бидејќи не се шминкам многу само си го мијам лицето со вода и толку...а понекогаш и со тоникот си го чистам и се мачкам со помада.
Јас користам бекутан влажни марамици, најлесно и најбрзо е со нив. кога немам, користам бекутан млеко на памукче...
Феминки сакам да ве прашам , дали ако преку ден не ставата шминка на лицето дали го користите истиот процес за чистење лице навечер ? Ја на пример доколку не ставам шминка навечер само со бекутан марамчиња или со гарниер 3во 1 шо е . И уште ова да ве прашам кај може да се нарача таа нараквица од Божен или директ во продавницата на Божен да се помине ? И цена ?
Јас кога не ставам шминка не ја користам ракавицата, само го чистам со тоник лицето. А за ракавицата, мене ми ја носат од Белград, таму ја има во аптеките. Порано беше околу 1000динари, а сега летово ми донесоја уште една, била околу 500 динари. А овде не знам дали ја има...
Не ставам многу шминка па затоа користам само влажни марамчиња Бекутан или Deep Fresh и потоа лицето го мијам со топла вода. Пред легнување не ставам крем за лице.