Со овие, само земав од плавите. Не можам да најдам слика, плавите се за сува кожа. Не дека кожата ми е сува, туку ми се допаѓа што откако ќе си го избришам лицето, не морам да ставам помада, имаат марамчињата како некое масло во нив. Вадат и водоотпорни шминки. Единствен проблем е што си ги земав од Грција, две пакетчиња за 150 денари, а овде едно со 50 марамчиња е 179. Ќе си го прашам студентскиот стандард дали да купам. Совет до сите што си го чистат лицето со обични марамчиња, доколку можат, да си купуваат специјално за вадење шминка. Меркав некна едни Виолета, за 70тина денари, не ми изгледаат лоши. Да ги дотрошам Џонсонот, па ќе морам на Вики да преминам.
Охохооо, јас имам цел посебен ритуал на отстанување шминка, па така ако треба да си легнам 11ч, јас ќе си легнам пола час покасно поради тоа. Прво очите ги бришам со влажни марамици, а потоа со бекутан млеко за тело и памукче. Поради тоа што ставам поголемо количество римел, трепките ми се најтешки за чистење. Потоа целото лице го бришам со влажна марамица па со еден тоник за отстранување пудра. на крај го мијам лицето, се мачкам со хлорафеникол и си легнувам. * Доколку имам ставено црвен кармин го бришам со бекутан помада и памукче за да не ми се размачка околу целата уста.
Освен влажни марамици Бекутан, многу сум задоволна од овој производ на Авон Откако ќе го измијам лицето немам потреба да ставам крема, не ми ја прави кожата сува. Многу ми е нежна и мека, алал да му се тие 99 ден.
Пред се да си напоменам дека сум нова и не разгледав дали некој веќе пишал за овој метод Шминката од очите ја отстранувам со вазелин; буквално со еден потег бриши се од капакот! Презадоволна сум, со оглед на фактот дека претходно испробав секакви лосиони, тоници и марамчиња за отстранување шминка; едните само размачкуваат, а другите ја лепат шминката.. Исто морам да напоменам дека често користам високо-пигментирана и водоотпорна шминка, и немам никаков проблем да ја отстранам Што се однесува до пудра, ја отстранувам со Floralys влажни марамчиња од камилица. Лицето потоа го чистам со Clean & Clear blackhead clearing daily scrub (ми помага со залутаните црнки во Т-зоната и ја отстранува маснотијата од вазелинот) и го мачкам со Clean & Clear dual action oil-free moisturiser
Порано имав голем проблем со отстранувањето на шминката, некои млека за отстранувања на шминка и тоници, ме печеа, ми ја иритираа кожата,други не беа добри во отстранувањето на шминката. Но пред три години се одлучив да нарачам Божен ракавица-не многу верувајќи дека тоа што го велат е навистина така. Но луѓе ако ми верувате ракавицата само ја натопувам со млака вода, и еднаш поминувам со ракавицата од десно на лево и еднаш од лево на десно, и шминката е избришана. Толку просто и едноставно, мислам дека е божји спас за секоја жена што ужива во секојдневното шминкање. Потоа со сапунче и вода ја поминувам ракавицата и е чиста. Една таква ракавица е 300 денари, а трае година дена,навистина презадоволна бев.Сега точно пред 1 година добив на подарок Zepter ракавицата почнав да ја користам и сум позадоволна од Божен.
Девојки една моја другарка има ваква четка за вадење шминка и вика со дав сапун ја вади шминката . Некоја друга користи вакво четкиче и со што вади шминка ? Може со сапун или да си останам на влажни марамици ? Колку сум глупа , слика не ставив Инаку длитл се сложувам , ама сакав да чујам мислење Фала
Според мене остани си на влажните марамици .. остави четкитчи и сапуни.. сапуните ја сушат кожата а и шминката со нив потешко се вади.. а четкичката не ми е нешто сјајно..
Кај ја купи т.е нарача ракавица од Божен? Да не бидам оффтипик, најчесто ја ваѓам шминката со влажни марамчиња на Бекутан, а сега последно си купив еден тоник од Орифлејм и ми се допаѓа
Порано божен продавница имаше во зградата на telecabel што е карши Т.Ц.Бисер, бидејќи сега користам zepter не сум одела да купувам и незнам дали таму сеуште се наоѓа.Но можам да потпрашам пријателка некоја можеби знае дали божен продавницата е сеуште таму или пак има нова локација.
Лосион за вадење шминка имам користено од Гарниер и сум презадоволна сега моментално користам од Докторс ама не си може со Гарниер ахаха
http://www.google.com/imgres?q=nivea+ma ... 46&bih=924 Еве ова го имам во моментов, го користам долго време и супер е, задоволна сум.