Го мијам лицето со Афродита пена за миење лице, после со памукче ако останало нешто вадев со Клин анд Клир лосионот ама сега пошто ми го сушеше лицето , сега со млеко на Докторс снзитив, а накрајот нанесувам ноќен Лала крем.
може ли некој да ми каже дали одкога ке се исчисти лицето со млеко ( пр.Гарниер за комбинирана кожа) треба потоа да се измие со вода лицето или директно се нанесува тоник исто на гарниер ?
Шминката ја вадам со млеко за чистење Garnier,по употребата на млекото користам тоник на Krka и кремa essence.
Dove сапун, најчесто Exfoliating, сега го купила мајка ми обичниот, не правам некоја голема разлика но мислам дека сепак другиот е подобар. Инаку очите ги поминувам после миењето со памукче натопено во маслиново масло бидејќи сапунот едноставно не ми ја чисти маскарата целосно. Кога немам шминка на лицето го мијам со , ама дефинитивно е премногу нежен за да извади шминка... Доста ми е осетлива кожата така да чим нешто ми е ок, не го менувам. А реално сапунот е далеку од добар за кожа на лице..