Бидејќи секоја вечер обавезно се туширам,откога ќе се истуширам шминката е малце излезена,а потоа ја вадам темелно со бебешка крема,веднаш излегува а и не ме печат очите.Ова го правам бидејќи имам многу чувствителна кожа и не смеам многу да експериментирам со препаратите за лице
Прво го мијам лицето со асодерм сапун за да ја извадам пудрата, потоа со лосион за темелно отстранување на нечистотијата од clean & clear и на крај нанесувам крема со двојно дејство, која не ги затвара порите, а врши хидратација на кожата исто од clean & clear. но овие производи почнав сега да ги користам, претходно користев од eucerine од тие сум презадоволна, но многу ми се скапи, па сега решив да сменам малку зошто и ми се засити кожата од нив.
Не користете никакви препарати шо ке ви ги препорачват за лице користење оти тоа го суши лицето и нема да имате нежна кожа. Најдобро е да користите само Becutane сапун и влажни марамчиња од Becutane . Toa e најдоброто решение за да ја отсраните шминката јас тоа го користам и многу сум задоволна
Не користам ништо посебно, шминката ја вадам со Бекутан влажни марамици, а потоа го мијам лицето со млака вода. Избегнувам да се мијам со сапун бидејќи го суши лицето, но при туширање се мијам со Неутро Робертс сапун и немам проблеми
jas koristam losion za cistenje sminka na Avon i mozam da kazam deka e mnogu dobar, ubavo ja ostranuva sminkata i plus ubavo go pravi liceto. pozdrav
Емче на прашањето не знам да ти одговорам затоа што јас не ја купив, туку ја добив за подарок од пријателка од Белград комплет со целата козметика пред година и повеќе. Мислам дека Божин козметика има свое преставништво во Скопје, но не знам на која локација. Поздрав. Модератор: Во иднина пишувајте на кирилица.
И јас.Значи повеќето така.Не експериментирам воопшто кога стенува збор за лосиони,такви работи за лице,нз зошто.Затоа бекутан влажни марамчиња,потоа убаво со млака вода,толку,чисто ми е.
Емче еве инфо: http://www.bozencosmetics.com/rukavica.html исто така еве и адреса во Скопје: Скопје TЦ Плаза; Васил Главинов локал 3д Телефон: 02-3213-713 Булевар Јане Сандански 109а, населба Аеродром Телфон: 02-2447-100 ; 02-2447-177
Со Бекутан крема обична, на памукче, а некогаш и со еден лосион за отстранување шминка на Кливен, од камилица е, и помага ако имате сува кожа околу очи.
Јас користам пилинг за лице за секојдневно миење на лицето од St.Ives. не ја суши кожата туку ја ревитализира и ја враќа природната масленост. Презадоволна сум од овој пилинг но за жал го нема кај нас во Македонија мене ми го донесе една пријателка од Канада, а во случај ако го најде некој некаде нека ми каже веднаш. еве како изгледа http://216.247.248.184/products/facial- ... ating.aspx
Прво го мијам лицето со млака вода потоа користам виолета влажни марамици за отстранување на шминка па ставам крем
Со Бекутан влажните марамчиња, а исто така мн се убави Pom Pon розевите-одма ја тргаат шминката... А може совет за домашно тргање на водоотпорна маскара без да си ги испокубам трепките? :mrgreen:
Јас прво си го мијам лицето со тоник од Авон Clearskin, па после го чистам лицето со тоник од алое вера го има во Oriflame и на крај ставам крема во зависност ако е пред спиење ретко ставам крема исто од алое вера ја има во Авон и досега не сум имала проблем со лицето. Чисто ми е и мазно. Модератор: Во иднина пишувајте на кирлица.