Сум пробувала претходно со многу тоници, но очите ми се вцрвуваа од толкаво триење на нив, ама со тоникот на Eucerin си немам проблем. Навистина убаво ја чисти шминката и го потхранува лицето. После чистењето ми е чисто и мазно ко бебешко газе
Моментално пробувам со маслиново уље, мислам дека е супер, не е многу мрсно ако мислите на тоа. И онака потоа го мијам, а потоа го чистам лицето со други средства.
Најпрво лицето го чистам со влажни марамчиња,потоа го мијам исклучиво со ладна вода и на крај го чистам со тоник за да ја отстранам шминката што навлегла подлабоко во порите на лицето.После цел овој ритуал ставам и бебешка крема за да ја ревитализирам кожата
Прво влажни марамици (од Кам-тие не ми ја иритираат кожата) за бебешка кожа па потоа со Dove сапун. Кога користам само марамици имам чувство дека лицето не ми е чисто. Ги користам и оние од Космо што ги даваат гратис ама во интервентни ситуации кога ќе ми се потрошат другите(како сега на пример).Нив најчесто ги чувам во ташна па знам и за раце да ги злоупотребам. Сакам да кажам и тие не се лоши.
Јас пак, со обично млеко, за пиење, Битолско, како да го опишам подруго. Се применува и бебешко сапунче често, ама и само со млеко кога се чистам супер ми е.
Околу очи најдобро ја вади шминката ем негува ем убаво мириса. Лицето го мијам со сапун , и после поминувам со на крај соодветна крема за лице и под очи. Методава ми се покажа супер, лицето ми е чисто и одморно.