не се шмикам многу ама најчесто кога отсранувам прво со влажни марамчиња со гел ѕа чистење на лицето потоа тоник и крема
Најдобро нешто за отстранување на шминката на очите маскара,сенки,креони и сл..ми е бадемовото масло многу лесно ја отстранува појаката шминка,а за лицето ги користев Бекутан кои ми се одлични,но сега се префрлив на Беколино кои исто така се многу добри неколку денари се поскапи од Бекутанот има два вида едни со маслиново масло,алое вера,витамин Е,алантоин,......и другиот вид со мед и цвет од липа.
Becutan влажни марамчиња , 2 ми се доволни за целосно вадење на шминката , после само на памук ставам малце ракија за дезинфекција на лицето и целосно ми с евади све и се чисти воедно лицето ..
Вадам прво се` со влажни марамици, потоа се мијам лице, па ставам тоник и гел за лице на памукче и се чистам, па повторно марамици, потоа се мијам длабински и на крај се мачкам со тоникот и гелот.
До пред некое време користев Нивеа отсранувач на шминка, еден за шминката од лицето ,еден за очите. Солидни беа, ама слушнав дека биле штетни ваквите отстранувачи.Затоа почнав со употреба на влажни марамчиња Нивеа. Супер се. Имаат некое масло во нив и одлично ми дејствуваат врз кожата. Инаку маслиновото масло е најдобар чистач на кожа. Вади секаква шминка. И природно е. После тоа само со памукче натопено во топла вода поминувате низ лицето за да го исчистите од маслото. Не се плашете дека мрснотиите од маслото ќе ви навлезат во порите,затоа што има преголеми молекули и тоа е невозможно. Инаку се препорачува и за оние со мрсна кожа, што најчесто ставаат агресивни средства за сушење на кожата,па таа лачи уште повеќе масти.
Кога сакам да ја отстранам шминката го мијам лицето со Бекутан сапун од камилица, доколку ми остане уште малку поминам со Бекутан влажни марамици и готово Инаку сапунчето го препорачувам на сите од срце, чудо од сапун 34 ден е и се наоѓа во подобро снабдените маркети
За отстранување на шминката користев од AVON и ORIFLAME но сега си користам влажни марамчиња , супер ми се
Влажни марамчиња Бекутан, па се мијам со гел за миење лице (моментално имам Eucerin), па повторно ги бришам очите со отстранувач на шминка од Oriflame (ваков), па потоа ставам тоник и крема. Не можам само да се избришам со влажни марамчиња или со отстранувачов на шминка, се додека не го измијам и истријам лицето не се чувствувам доволно чиста
Па имам едно од Нивеа средство, сет е има едно во бело шише, ова најефикасно е, има едно во розево (ова мислам тоник дека е) и има едно кремче за лице и вати со нив, малецки се ептен, ама среќа дома 2-3 имам вакви, тетка ми ми ги носеше, ги нема ни во продавници и на нив се е на германски, ништо не се разбира. Епа прво со тоа белото ќе се исчистам убаво, многу е ефикасно, ако имам марамици дома со марамици ќе се поминам после, па се мијам со вода, па ставам од тоа розевото како тоник што е (барем јас мислам дека е ), и откога ќе се исчистам убаво ставам од Нивеа кремата обична хидратантна, освен ако не сум уморна или не ме мрзи. А, еве, ги најдов, се изнамучив: Розевото со големина на белото е.
Да ми препорачате средство за вадење на шминката од очите? Јас си користам Бекутанче, ама сакам да сменам, некако ко да ми ги пецка очите во последно време, дали дека потечно е од Елдена и му треба малце време да се упие во ватата. Немам поим, ама би сакала да пробам нешто друго. Само да не е Авон или Орифлејм, затоа што немам преку кого да нарачам, а и малце ми е преку глава од нивните производи, искрено.