Јас не користам некои посебни препарати, туку прво со влажна марамица ја отстранувам и пудрата и шминката на очите, и потоа со лосионот за чистење на лицето и на крај нанесувам крема за лице и друга крема за бубулици доколку имам. Но од другарки ги видов овие два производа и ги пробав,но немав многу шминка тогаш,така да не знам каков всушност беше ефектот. Ме интересира дали некој ги има користено и како е задоволен од истите? Во новиот каталог гледав и ги нема. Не се веќе во продажба или само сега не се достапни?
Јас обично користам бебешки марамици а потоа ноќна крема и утрото кога станам лицето ми е одморено и свежо...
ја користам влажни марамици, одкако ќе се избришам се мијам со гел за миење лице и после тоа ставам крема од истата фирма
Моментално користам докторс влажни марамчиња и потоа нанесувам Dove крема за лице. Порано користев млеко за вадење шминка од авон, ок беше ама некако ми ја мрсеше кожата, сабајлето кога ќе станев мрсна ми беше, сега вака супер ми е, свежа одморена
Се бришам со влажно марамче, потоа со тоник за чистење лице се поминувам, и на крај хлорамфеникол за акните. Кога не ме мрзи се мијам со Нивеа гел. Средство строго за отстранување шминка сум немала никогаш.
Јас го имам првото и не го користам за отстранување шминка. Пишува cleanser меѓутоа структурата му е погуста, не е како тоник, туку повеќе е како лосион и не би го препорачала за отстранување шминка. Вообичаено го нанесувам на чисто лице пред да нанесам крема. Второто го немам, но бидејќи е од истата колекција претпоставувам дека е истиот случај, само има различен мирис. Мислам дека сеуште се во продажба, така да ако сакаш да ги купиш почекај до наредниот каталог. Всушност можеш да ги купиш и доколку не се во каталог (треба да побараш листа на прозиводи од оној од кај што порачуваш) но ќе ги добиеш по редовна цена, без попуст.
нема ништо поубаво од бебешкине марамици на бекутан прекрасни се! првин со нив ја тргам и после се поминувам со вода па ставам од кремата за лице и насабајле ни трага ни глас од шминка а и лицето по меко ми станува
за отстранување шминка на очите користам Lancome Bi-Facil отстранувач ,пре убав ми е, а за на лицето Garnier skin naturals
Го мијам лицето со сапун најчесто dove или asso derm, потоа очите ги чистам со млеко бекутан може е чудно ама мене ми е убаво
Прво со БЕКУТАН влажни марамици го чистам лицето, а после тоа со Loreal Triple active и сум задоволна.