И јас го користам истото и сум презадоволна Го купив на брзина, не беше скапо, а ми требаше за патување, демек за неколку дена и еве, уште го користам.
Презадоволна сум од чистачот на Ланком, го користам веќе месец дена и се изнанадувам што се вади од моево лице. Колку за проба поминав со влажна марамица на Буржоа за вадење шминка, па се измив со сапун од козјо млеко па после ставив на памукче од чистачов и извади толку многу шминка и нечистотија како воопшто да не сум ја отстранила шминката со ништо. Вреди за секој денар и што е најважно од се наменето е за сува кожа, не предизвикува никакви црвенила и чешања на лицето и немам потерба да нанесувам крема после него.
Медицински вазелин. Млеко за лице Гарниер. Зависи кога - како и двете се убави-медицинскиот вазелин е за отстранување на маскарата најдобар
Шминка отстранувам со влажни марамици, од пред некое време.Прво имав земено едни од Бекутан, ама од нив, очите и околу очите, ме печеше кога ќе ја отстранував шминката, потоа земав други, бебешки, ама сега почна и од нив да ми се случува истото.Сакам нешто друго да земам за вадење шминка, нешто што лесно отстранува шминка, бидејки со марамициве не бива.Така да, ќе ги откачам марамициве, не сакам да ја иритирам кожата, белким ќе најдам нешто подобро од нив.
Да прашам дали се отстранува добро шминката на очите со маслиново масло,мислам дека некаде имам прочитано дека го спречува опаѓањето на трепките Инаку и јас како повеќето со Бекутан марамчиња...Исто и мене Горде ме печат очите од влажните марамчиња,па затоа прашувам за маслиновото масло
Еј, алал да ти е! Сум слушала одамна многу позитивни критики за истото, те читнав тебе, го начекав во Фри шоп и реков, ајде, да му се сневиди, ќе потрошам 20 евра за ова чудо. И ефектот е Досега го користев она млекцето од Виши 3 in 1 ама искрено иако верував дека Виши е солидна фирма и дека млеково вади се, сум се лажела, тоников е оној кој вади се! Се надевам долго ќе издржи со оглед на тоа дека не се шминкам претерано ниту пак секој ден. Затоа што па и доста е солено. Арно ама навистина вреди! Баш како што пиша, се чудам што се вади од лицево, и за среќа баш е наменето за осетлива и сува кожа, многу ми одговара. Плус лицето после тоа ми е толку нежно, и меко, навистина нема потреба од крема дури...не ја суши едноставно кожата де, тоа сакав да кажам
Mоментално користам едно млеко на Garnier,не можев да најдам слика,пишува е за осетливи очи,не е лошо,ми се допага тоа што не мириса на ништо. Jас нон стоп ги менувам,сакам сите да ги испробам Пред неколку месеци купив Kлерасоник,она машинчето за чистење лице,како четка за лице е. Oдлично ја вади шминката,од како ке го измијам лицево,ми се чуствува толку чисто и освежено некако,знам звучам будалесто,ама стварно предобро е,не ги жалам парите
Јас го сменив начинот на миење на лице. Сфатив дека ниеден производ не ја отстранува потполно пудрата како што е сапунот. Од секојдневно користење на некои препарати и кожата мислам дека страда, па сега одам на тој начин, си го мијам лицето со сапун, го оставам некое време да дише, па му ставам лесна крема. За очите, дека осетливи, сеуште ги користам влажните марамици на Бекутан, иако многу ретко почнав да ставам шминка на очите, дури и моливче прекинав да користам.
Зависи кога како, порано со влажни марамици, а од летото навака почнав да го мијам лицето со Бекутан пенлива купка за бебиња (од камилица со пантенол) и вади СЕ, ама буквално се, маскара, молив, туш, пудра.. и најбитно не ја суши кожата многу... не е баш вообичаено да се вади со ова шминка, ама мене ми одговара сега за сега потоа ставам хидратантен крем, или пред спиење со Здраве крем...