Ако имам мн шминка на мене со сапунче ассо дерм ,а ако имам само пудра влажните бекутан ми завршуваат работа
Со сапунче Дав-од крставица и топла вода...после нема ни трага ни глас од шминка,а лицето ми е меко и нежно џоа на бебенце
Влажни марамици. Имам пробано и со различни средства, тука земав едно на Есенс, а во Скопје користев едно време на Гарние ама не ми одговараат. Плус бидејќи носам леќи ми треба нешто што не е мрсно, а речиси сите подобри се мрсни. Така да влажни марамици рулс. Имам користено најразлични, моментално користам некои за бебиња и задоволна сум.
Со влажни марамчиња од бекутан ..пред да легнам со нив се бришам и цела нок си мирисам убавко на бекутан
Влажни марамици од Кам, а потоа 2 во 1 од Неутрогена за чистење лице (пена+маска). Комбинацијава не ја менувам за ништо на свет
Мојот совршен пар за отстранување на шминка...Конечно најдов соодветно млеко за чистење кое не ми ја иритира и суши дополнително мојата ионака сува кожа, така да не би ги менувала овие работи за ништо Спојлер И се разбира за совршено чист финиш, - стапчињата без кои упорните црнила околу очите не би успеала да ги тргнам
Влажни марамчиња, а порано го користев тоникот на Нивеа, bye bye spots, иако беше за акни, митисери и таки ствари јас ја вадев и шминката со него и беше многу добар.
Јас како што знам ова е крем за миење лице, значи пени и се плакне со вода. Ако има млеко за чистење сподели од каде го набавуваш
од Oriflame, Amazonia се вика и гелот за чистење на лицето и кремата за после чистење, ептен сум задоволна. Би ви ја препорачала!
Порано само со влажни марамчиња и крш ми беше лицето. Бев на дерматолог и веднаш ме прашаа со што ја отстранувам шминката. Ми го препорачаа Collin гел за миење и кремот. Гелот беше 1000 денари, а кремата околу 2 000. Бидејќи бев очајна, а немав доволно пари во мене го земав само гелот за миење. Луѓе после првото миење лицето ми беше преубаво, меко и нежно. Сега го користам исклучиво него за миење, а кога ќе соберам пари ќе си ја земам и кремата. Ви го препорачувам, многу е добар.
Да, не е млеко за чистење туку ,,крем гел за миење лице за сува кожа''. Искрено, не внимав на изразот Што се однесува за начинот на нанесување - ставам на врвот од прстите од крем гелот и правам масажа со кружни движења додека не се втрие во кожата. Потоа со навлажнети памукчиња ги отстранувам вишокот шминка и гелот. Можеби не е овај правилниот начин за користење, ама мене најмногу ми одговара.
Правилен е, зошто да не е правилин Јас мислев да не има и млеко за отстранување на шминка затоа што од линијата за нормална кожа има млеко за чистење на лице.