Драга јас не реков за гелчињата што се по 100 ден а мислам дека цената не го одредува производот каков е,барем не мене.Цена неможе да ми докаже дека е добар производот,може да чини милиони а да вреди ѓубре И јас ги користев порано наведените производи ама од кога добив алергија пред две години, (инаку до тогаш немав никакви проблеми) почнав да го читам составот на производот така да немора да значи ако е медицинска козметика дека е истовремено и добра! А врз кој основ го тврдам тоа,па врз основ на штетните состојки кои ги содржат горе наведените порочитај и сама ќе видиш,што секојднено ставаме во нас. Ова го мисла и за препаративна и декоративна козметика!!! И не реков конкретно за Балеа туку мислев на Алверде кога посочив козметика која е барем природна за разлика од другите а и цената и нормална дури и поевтина од Нивеа,Лореал,Афродита...Јас не ги потценувам само денар веќе не давам за нешто што е пре би го фрлила во ѓубре него ли да го шлакам на лице ! Тоа е мое мислење а друг како сака!
Па ако си ти алергична на некои состојки дека автоматски производите нечинат. Јас баш го читам составот и дефинитивно сум ЗА употребување на природна козметика поготово за лице, но Алверде немам користено и не сум баш сигурно дека се 100% природни, но затоа ги имам користено и ги користам Шелер и Лавера, е од нив нема никакви шанси да излезе некаква алергија. А цената дефинитивно го одредува и кавелитетот, колку пари толку музика
Фала му на Бога имам кристално чисто лице и не сум алергична ама да не бидам офф топик ке се надоврзам на тебе...Значи Алверде има сертификат за природно на некои производи и органсско,зависи од производот. Јас до скоро користев Шелер ама одкога дојде Дм купувам производи на Алверде и зошто кога може за помала цена да се купи нешто да не се искористи А кој состав си го читала ти што си дошла до заклучок дека е добар?
Погоре пиша дека си добила алергија, а сега викаш дека никогаш не си имала алергија Зборев општо дека секогаш го читам составот на производите за лице што ги купувам, па нема ништо спорно во Нивеата, Еуцеринот, Афродитата .... Ама пак природно си е природно, поздраво и поголеми разултати дава.
Не користам никакви посебни препарати за отстранување на шминката. Шминка отстранувам со вода. Очите ги натопувам со не многу топла вода, за да ми ја омекне маскарата шо претходно ја имам нанесено, и потоа лицето го мијам со сапун на дав од краставица. Потоа нанесувам крема на нивеа со мат ефект, која исто ја користам и сабајлечки откако ќе го измијам лицето, а и во текот на денот, дури и ми служи као подлога за шминка.
Прво ја бришам шминката со влажни марамчиња Спојлер (не мора Бекутан, како сум нашла само да се нежни и со камилица. Потоа тоа што останало го чистам со медицински алхохол 96 % Спојлер И за крај го смирувам лицето со тоник од L'oreal Спојлер ете баш овој
Да не бидам офф ќе ставам во спојлер Спојлер јас мислам дека ти не читаш убаво или несакаш пред две години одкога се породив за прпат добив алергија која ја испитував на алерго тестови итн. воглавном траеше кратко ама сепак ми одеше на нерви бидејќи првпат се соочувам со таков проблем, тука може да влијаат многу фактори меѓу кои спаѓаат штетните токсични материии и конзерванси што ги содржат повеќето производи на Нивеа,Афродита па и Еуцеринот и мнооогу други да не набројувам. Ќе ти наведам некои од од нив а ти сама барај ги во твојата козметика Formaldehid,BHA i BHT,PPD (P-Phenylenediamine),Parabeni, Propylene Glycol,Sodium Lauryl Sulfate (SLS) i Sodium Laureth Sulfate (SLES),Triklosan,Petrolatum итн. И немој да бидеш контрадикторна за природната не ни коментирам воопшто ама (за мединцинската не секоја)и те какако ја ставам во ист кош со претходно наведените. За да не должам многу ако сакаш да дебартираме може во оваа тема да делиме искуства telo/toksicna-kozmetika-t12584/
Јас до скоро за отстранување на шминка користев само (речиси пола пакување ) влажни марамици на Бекутан, па кога последно ми се нафрла долната Т-Зоната решив да сменам малце и почнав да отстранувам шминка, во неколку чекори. Колку и да ми се спие кога ќе дојдам од излегување, значи овој ритуал не го избегнувам, зошто несакам пак да шетам со бубулици од еден крај на брада до друг и тоа ситни никакви, внатрешни, што досега не ми се случило. Прво ја бришам шминката со влажни марамици Nivea Pure and Natural, ете вакви: После го мијам лицето, со млака вода и сапун Асо Дерм на Алкалоид: Уште еднаш поминувам со влажна марамица и на крај си ставам од кремот кој веќе 4та година не го давам за никој друг, Nivea Moisturizing - Day care, aqua efect, ете ваков: Толку.
За водоотпорна маскара користам од Oriflame една течност, зелена е, но не ми текнува во моментов точно како се вика. За обичната шминка користам крема од Nivea http://upload.wikimedia.org/wikipedia/de/d/d3/Nivea-Creme.jpg , потоа со гел за миење на лицето или сапунче од Nivea за целосно отстранување на она што останало и тоа ми е сосема доволно. Лицето ми е многу нежно и пријатно заради гелот.
Пена за чистење на Афродита. Темелно го чисти лицето од шминката, а не ја пресушува кожата. За мојава кожа-идеално средство.
Имав порано пишано во темава дека користев влажни марамици за вадење шминка, па прекинав да ја отстранувам шминката со нив оти ме печат очите.Сега најдов едно кремче за лице и тело, ко мрсно е, ама целосно ја отстранува шминката, само малку ја суши на почеток кожата, ко ќе се отстранува шминката, ама откако ќе се измие потоа со вода лицето, воопшто не е сува, останува како мрсно на кожата, не многу, но доволно да не е сува.Барав на нет слика за да го постирам кремчево, ама не најдов, Soft cream, krem aloesowy, од алое е, така пишува на чешки или полски на кремчево, сега видов.Па со тоа ја отстранувам шминката, нит ме печеа очи, нит ништо, така што за сега со ова ќе ја отстранувам шминката и понатаму
дали пената за чистење на лице од Young Derm ја има веќе во продажба?планирам да си ја земам пошто Sephora многу ја пофали и колку пари е отприлика?а оваа козметика можи да се најди и во Веро,така?