Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што користите за отстранување на шминката?

Дискусија во 'Лице' започната од Melanie, 20 февруари 2010.

  1. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    ^ ;( како бре ја нема? :^) уфф.....а таман реков да се заангажирам малку поќе околу лицево.....и сега шо пена да си земам за чистење?да е добра и по пристапна цена......важи Sephora ако разбериш нешро,да ми пишиш :*
     
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    - Влажни марамици
    - сапун
    - лусион и на крај
    - крема
     
  3. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    124
    сапун и вода :|
     
  4. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Се мислам дека претходно имам пишувано во темава, но како и да е - секако во последно време си ја сменив постапката. :)
    Прво шминката ја остранувам со влажни марамици, потоа лицето го мијам со Дав сапун, па со лосионот Авон 3 во 1 и на крај со Хлоракол лосионот против акни.
    Откако си ја применувам постапкава, лицето ми се исчисти баш онака како сакав. Доволно за да се шетам без грам пудра, што е доволен знак дека имам чисто лице, бидејќи претходно ретко некаде да се појавував во јавност со "голо" лице 8)
     
  5. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Првин ја отстранувам шминката со влажни марамици( до скоро со Бекутан, сега ги земав оние од Кам), потоа го мијам лицето со Dove темно плавиот и некогаш ставам крема.
     
  6. Immaculate

    Immaculate Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    За чистење на шминка од очи користам двокомпонентен лосион кој темелно ја чисти шминката од очите, но потоа остануваат мрсни, па ги бришам со обичен лосион за вадење на шминка од очи. Никакви влажни марамчиња, никакво маслиново масло, или крем за тело. Се си има своја намена и можете да си ги надразните очите ако користите нешто што не е наменето за очи. Лицето го мијам со средство за миење лице, од авон од праска и памук е многу ефтино, а одлично. Сапун и вода, никако НЕ! Сапунот ја суши и ја перута кожата, а оние што имаат акни, пак ќе си имаат, бидејќи тие доаѓаат од хормоните, а не од надворешните влијанија врз кожата. Потоа лицето го пребришувам со млеко и тоник. На крајот ставам ноќен крем. Еднаш или два пати во неделата правам пилинг. Најдобри се оние пилинзи што содржат мелени семки од кајсија или бадем, кога ќе го истриете со нив лицето, ги отстранувате мртвите клетки и ги чистите порите, потоа станува мазно како бебешко газе :) Никако не го оставајте лицето без крем навечер, кремот ја храни кожата и доколку ја пресушувате, тоа ќе ви се одрази во подоцнежните години. Без разлика колку години имате и колку ви е мрсна кожата, ќе си одберете крем според вашиот тип на кожа. Ова е моја тактика, ја користам со години и донекаде ми успева, во зависност од моменталната состојба на хормоните нели :) И уште нешто, НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА ЛЕГНУВАТЕ ВО КРЕВЕТ БЕЗ ТЕМЕЛНО ДА ЈА ОТСТРАНИТЕ ШМИНКАТА! Ова е едно од најважните правила за долготрајна младост на кожата.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Најпрвин го бришам лицето со влажни марамици ( исклучиво Бекутан)
    [​IMG]
    послем го чистам со
    [​IMG]
    го мијам со
    [​IMG]
    и на крај ставам помада
    [​IMG].
     
  8. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    влажни марамици
     
  9. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    17
    Леле, што му правите вие на лицето бре!? Лосиони, марамици, сапуни. И после, оти имате акни оти, оти ви е мрсна кожата.. Јас не се шминкам често (само кога одиме во кафич) и после тоа со влажни марамици од кам, крем и толку. Па еве ништо немам, скроз ми е чисто, а кожата сува, ама не премногу. Единствен проблем ми се подочниците, ама нив ги имам секогаш, скроз секогаш и нема начин за помагање тука, природни се. И да спијам 850 часови, пак ќе бидат тука. Единствено со камена пудра малце се покриваат, но сепак, со мене засекогаш се. :D
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    ^Како што правиме? :^)
    Правилно е лицето да се чисти навечер и наутро. И тоа обавезно со гел, пена, млеко за миење на лице во зависност од типот на кожата, потоа тоник и на крај крема. Само со влажни марамици лицето не се чисти целосно, невозможно е да се отстрани цела шминка и нечистотии само со влажно марамче без употреба на вода и средство за миење. Тоникот е неизбежен за отстранување на мртвите клетки и остатоците, значи ја подготвува кожата за нанесување на кремот. Без употреба на тоник на кремата би и било потешко да се апсорбира во кожата. На крај доаѓа кремата исто во зависност од типот на кожата, и многу е битно да се употребува ноќна крема само навечер пред спиење, а дневната преку ден. Не значи дека дневната крема не треба да се употребува навечер, но за ноќната тоа е прво правило.
    Некој може да го прави ова секој ден без исклучок и пак да има проблеми со лицето но тоа е веќе индивидуално, до оранизмот, хормоните, начинот на живот и исхрана итн...
     
    На softy, Immaculate, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    36.716
    Пол:
    Женски
    Јас ретко се шминкам. Само за поводи. За отстранување на шминката користам влажни марамчиња.
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    11.247
    Пол:
    Женски
    Веќе нема шанси да експериментирам со гелови, сапуни ова она. Го мијам лицето само со сапун Еуцерин и вода. И веќе овој сапун не го менувам за ништо на светот, со гелот се чуствувам како немиена и лицето како да ми е нечисто. Кожата не ја преоптеретувам со многу креми, не сум за тоа дека оваква крема, онаква, млека, тоници , на кожата и треба и да дише. Доволно ми е да користам крема соодветна на мојот тип на кожа, за ноќна планирам од кога ќе бидам во позрелите години :lol:. Колку повеќе ја оптеретуваме кожата толку полошо. Користам маски за лице и тоа само природни( домашно направени) исто така и пилинг( домашно производство :D ). И засега лицето ми е прилично чисто и покрај тоа што имам комбинирана кожа :) .
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ако веќе одиме по твојата логика, не би требало лицето да се чисти со влажни марамици бидејќи се знае која им е нивната намена. Од тоа и ти е сува кожата. Можеби и не е од тоа, но сигурно придонесуваат.
     
  14. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    А која е нивната намена? НЕ зборува за оние по 10 денари, ептен тенките марамици. Незнам зошто не би требало да се чисти лице со влажни марамици, но ако зборуваме за тоа што ја сушат кожата, воопшто не е точно, тој што има сува кожа да можеби ама само после бришењето. До душа со овие од Кам помалку се осеќа сува, додека од бекутанот повеќе.
     
  15. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    17
    Точно кажа другаркава погоре. Не користам некој од 10-15 денари, нив ептен ако немам. Овие од Кам маркет се суперр, и мислам дека не се многу скапи, под 100 денари сигурно се, и дебели се, не премногу влажни, мене ми се супер и за лице и за под мишка да се избришам хаха :lol: Плус јас не сакам кожата да ми е помрсна, немам проблеми со тоа што ми е сува. :!: Се мачкам дополнително со крем во лето, бидејќи кога бев мала ми прсна капилар на носот, за да не ми се појави црвенило. :)
     
  16. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Не за џабе на секое пакување од влажните марамчиња стои бебе и неговото задно дебело месо :D
    Колку за споредба, уште не сум сретнала крем за лице, а на него да има нозе или стапала. Само во Македонија е практика да се чисти лицето со влажни марамици. Веќе кога се користат препарати, има лосиони за вадење шминка од очи и лосиони и тоници за лице кои не се скапи. Тие се далеку подобра опција од влажни марамици. Евентуално може да се помине низ лицето доколку има нанесено дебел слој на пудра, за да се тргне поголемиот слој па потоа да се помине кон чистење.

    Во ред. А од каде ти е податоков? Дури и после чистењето на кожата на бебињата користат многу мрсна крема за да не се предизвика црвенило и сушење и ти ми тврдиш дека не ја сушеле кожата?
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Јас шминката си ја отстранувам со овој тоник и премногу сум задоволна :*
     

    Прикачени фајлови:

    • 19969_1.png
      19969_1.png
      Големина на фајлот:
      148,9 KB
      Прегледи:
      144
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Податокот? Од мајка ми. Има мрсна кожа па што не и ја исуши? Реков дека ја суши ама само минута две после бришењето.
     
  19. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Мене навистина не ми е јасно како ја чувствувате кожата чиста само откако ќе ја избришете со влажно марамче?! Да, и јас користам влажни марамчиња за грубо да ја избришам шминката, најчесто од очите, ама да останам само на тоа? Или да нанесам крем на претходно неизмиено лице? Нема шанси!

    А теоријава дека ако користиш многу лосиони, гелови и сапуни лицето ќе ти стане полошо е слична на теоријата на баба дека ако телевизорот многу долго е вклучен, ќе се расипе :D Може лосионот или гелот или што и да е да не ти одговара на кожата, па затоа да ти ја влоши, ама дека не е правилно прво да се измие лицето, па да се тонира, па да се стави крем не може никој да ми докаже.
     
    На mims-89 и Mishela им се допаѓа ова.
  20. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    17
    Па нели се подразбира дека си го миеш лицето пред да ставиш крем? ;)