Прво ќе ја избришам целосно шминката со влажни марамчиња.Потоа ќе го измијам лицето со вода и сапун Dove.Бришам со пешкир и си ставам крема од бадем.
Искрено, користам што имам во моментот, некогаш влажни марамици, некогаш млеко за отстранување на шминка (така ли се викаше? ) од Гарниер. Во последно време го користам млеково, супер е и вади секаква шминка, и после тоа го мијам лицето со вода и со 3 во 1 тонер, отстранувач на шминка и крем од Авон.
Користев бекутан влажни марамчиња но од нив ме пецкаше кожата. Сега одма темелно го мијам со Дове сапун и после тоа со тоник и памукче ако има остаток и тоа
Маскара За сите што барате начин за вадење шминка во ДМ http://www.abload.de/img/balea-augen-make-up-e14e0m.jpg
Мене скоро се ми создава алергиска реакција (посебно влажни марамчиња ) па морав да барам некое алтернативно решение. И најдов... Колку и да звучи безвезе, ептен помага - МЛЕКО (обично, за пиење) со памукче. Кажано ми беше од дерматологот Ако и вие имате проблеми со алергии или црвенило пробајте.
Лосиони за лице Не знам дали вади водоотпорна маскара зашто немам таква за да испробам со неа, но преубаво ги чисти очите од обичната маскара, па и лицето и порите од остатоците од пудра. Ако ти е за маскарата, пробај го тоа малецкото шишенце. Плаво е и мислам дека вади било каква шминка од очите. За цената не се сеќавам, пред некое време кога купував ситнурии ги гледав цените ама навистина не ми остана во сеќавање.
Го има ли кај нас гел кремот на Менхетен, ако го има некој пробано да сподели искуство, да не предизвикува дополнителни иритации, акни
Bourjois Micellar Water е 290 - 300 денари. Овие мицеларни води се последен хит кај чистачите за лице, кај нас сеуште не се познати. Можете да си посурфате на нет за Micellar Water. Први ги направија скапите и луксузни козметички брендови и беа екстремно скапи, меѓутоа еве почнаа да прават и за нас обичните луѓе Инаку колку што јас разбрав ова Micelle e молекула на масло и вода кое во моментот кога се нанесува овие молекули ги привлекуваат сите прљавштини и шминка од лицето и ги разложуваат, а после тоа лицето не мора да се мие со вода. Освен што ја чисти, истовремено и ја тонира кожата, па е многу практично и брзо чистењето на лицето. Инаку течноста воопшто не е масна, баш е како вода, и за дебели слоеви на водоотпорна маскара или туш ми се чини дека нема да работи.. За тоа е најдобро од двофазните отстранувачи.. Особено е погодна за чистење на сува и чувствителна кожа бидејќи е без мирис, без алкохол и воопшто не ја иритира кожата.