Да го пофалам ова Убаво го чисти лицето, и кога ќе поминам со млеко за лице туферот е чист а кожата мазна. и маскарата ја вади перфектно. Онака го земав за некои си 140-150 ден во ДМ ама ми се погоди на кожата (на база на некои си морски алги е)
Влажни марамчиња од Бекутан или од Кам, но сега започнав ритуал со млеко+тоник, и лицето ми е во малку подобра состојба од претходно. Регулирав и исхрана, веројатно тоа допринесе.
Јас ова го земав, убаво е, убаво мириса, и ја прави кожата нежна, исто така користам и влажни марамчиња на бекутан.
Го користам ова млеко за миење лице од Лавера. По структура е баш како оние млеката што се нанесуваат на памукче па после на лице, но ова се измива со вода. Мала количина се нанесува на влажно лице и мие лицето, после се плакне со млака вода. Мелково е навистина пре убаво и пре нежно со кожата, многу ми одговара бидејќи имам сува кожа, а после миење со млеково дури и да немам потреба да нанесам крема. Го препорачувам на оние со сува и чувствителна кожа.
имам многу лосиони и креми за отстранување на шминката,но сепак практикувам да ги користам бекутан влажните марамчиња бидејќи стварно побрзо е,а и моментално ја отстрануваат шминката
Нај едноставно, натопено памуче со ракија...најубаво се чисти не само шминката и ситее нечистотии на лицето и вратот
Користам марамчиња,па го мијам лицето со гел за лице,па тоник и на крај ставам крем.Кога имам на мене тешка шминка и со млеко за лице поминувам од кога ќе го измијам лицето со гел.Користам производи на Балеа и мн сум задоволна,меѓутоа не сум од Ск и денес морав од мојот град да си купам тоник и гел, и налетав на овие од Дебора,па ќе видиме како ќе се покажат...ако ги има некој користено нека каже дали се добри,иако јас сум мн задоволна од Дебора,користам сенки и кармини(пудра немам користено за чудо) Еве слики како изгледаат:
Ова ептен ми се погоди. Ниту ме пржат очите ниту ми е скапо. 210 ден во авон, млеко е и еве уште малку ми остана а го користам преку година и пол. Се вади, дури и водоотпорното го ваѓа. Го имам користено и ова на лореал Синиот дел е масло, прозирниот е воденест. Ама џабе парите, ме пржеа очите од ова.
Сапун Dove и вода, потоа се бришам со чиста крпа и на крајот со крема за смирување на кожата на лицето.
Го користам на гарниер млекото во зелено шишенце што е за мрска кожа но некако не ми се многу погоди, не ја отстранува убаво шминката па после 2-3 тампончиња употребени на крај морам со влажи марамици да поминам за да го исчистам темелно лицето. Предлог нешто за чистење на шминка до 300 денари?
се двоумев помеѓу млекото и тоникот од гарниер па го зедов тоникот и сум презадоволна. очите не ме печат, шминката излегува многу лесно а потоа го мијам лицето со гарниер гел за лице