За сите оние кои користат влажни марамчиња за отстранување на шминката, добро е да го прочитаат ова http://www.kafepauza.mk/zivot/dali-treba-da-koristite-maramchinja-za-otstranuvanje-shminka/
Jас отсекогаш користам маслиново масло за отсранување на шминка бидејки имам многу осетлива кожа и и им го препорачувам на сите бидејки ја отстранува перфектно шминката и не ја иритира воопшто кожата,а се користи така што една памучна блазница се наводенува прво со топла вода па се истиснува и на неа потоа се става маслиновото масло и со неа се отстранува шминката повторувајки се додека додека не ја симнете целата шминка
Влажни марамчиња не користам,шубе ми е да не ми се упропасти лицето,најчесто со крем ја вадам шминката:ке го размачкам кремот на местото каде што сум нашминкана и го бришам после со салфетка или парче тоалетна хартија,веднаш излегува и не останува ништо од шминката.
Млеко за чистење од Диор. http://www.sephora.com/gentle-cleansing-milk-with-velvet-peony-extract-P270200Чисти одлично, не е неопходно да се измие со вода и средство за миење лице затоа што темелно одстранува се ама јас сепак се мијам
Моментално користам млеко за чистење на лицето од Doctor's. Дали е во ред шминката да ја отстранувам со гел или со млеко за чистење на лицето и дали им штети на очите, затоа што сепак хемикали содржат козметичките елементи? Значи само со тоа го чистам лицето и го мијам со ладна вода.
Незнаев во која тема да пишам па решив во оваа. Препорачајте ми некој пилинг или гел за миење лице, но исклучиво за сува кожа.
Во последно време прво влажни марамчиња, па млеко за отстранување шминка од Bioten и потоа тоник од истата фирма. Ги купив во Рамстор, беа на акција тогаш, двете за 200 ден. Кожата ми ја прават мека и воопшто не ја сушат
Влажни марамчиња. Кога имам проблем со отстранување на маскарата, ставам малку крем за лице на марамчето. Лицето не ми поднесува тоници и слични гелови, кремови, течности, така да, ова е најефикасниот метод на отстранување шминка.
Не сакам да експериментирам со кремови и други лосиони за вадење на шминка па моментално користам само влажни марамчиња бекутан.
можеш да пробаш со домашен лосион кој се прави со вода, 1 лаж. маслиново масло и неколку капки бебешки шампон. ја вади шминката и е многу добар за кожата