Секојдневно се мијам со топла вода убаво.А кога имам вечерна шминка или шминка за посебни прилики ја вадам со лосион за вадење на шминка од авон.
за отсранување за шминка го користам млекото за отсранувањ на шминка од гарниер и потоа додавам лосион од нивеа и на крај крем
Јас обично со влажни марамчиња шминката ја вадев, ама последните пати цело лице ми се вцрвенуваше и ми жежеше мислев ми се запалило. И сменав техника. Сега користам А потоа И прилично задоволна сум, барем не ми се појавува никаква реакција на лицето. Но, сепак наутро знам да видам црни траги од маскарата. Никако да најдам нешто што целосно ја отстранува.
Користам влажни марамчиња, лосион за чистење на лице и најпосле го мијам лицето со млака вода и сапунче.
Влажни марамчиња никако! Тоа е нешто најлошо со што може да се исчисти кожата. Првин страшно го сушат лицето,иритираат, а воедно содржат и штетни состојки. Така да одамна ги откажав. Незнам зошто воопшто ги користите, подобро го измиј лицето со најобичен сапун, па уште само со марамчиња...многу лошо.Сепак лицето треба најмногу да го негуваме. Го мијам со гел или емулзија за миење лице.Потоа со 2во1 млеко и тоник Нивеа, а очите со Гарниер 3во1. Понекогаш и со Дав сапун бидејки е баш кремаст и погоден за кожата на лицето, воопшто не ја суши, а ја мие убаво. Во план сум да ја купам мицеларната вода на Ив рошер или Лореал.
Нема врска Мене дерматолог ми препорача да НЕ користам тоници , туку само влажни марамчиња, и после да го измијам лицето па да си ставам крем, нормалните рутини, но значи за да ја отсттанам шминката ми кажа само влажни марамчиња. Така да слободно користи си ги пак
Незнам...јас си го кажав моето мислење од искуство,како се чуствувам после влажни марамчиња, како ми делуваат, а истото го имаат споделено со мене и уште повеке лица. Имам читано икс статии за штетноста на влажните марамчиња, значи зборувам за бебешките, а не за они специјални за чистење лице.Крај краева немора ни да сум читала нешто кога самата ги чувствувам ефектите. Денеска може да се најдат многу алтернативи на беби марамчиња.Може лицето да се чисти и со беби уље кое ми се чини е многу ефикасно за таа намена плус ја хидрира и прави мека кожата, со беби сапунче, со Дав итн. Така да при сите овие работи зошто со влажни марамчиња.А и неможе лицето да го исчистат убаво и темелно.
Користев влажни марамчиња се додека не приметив дека кожата почна да ми се лупи (буквално) кога ќе го протриев лицето имав како прашина на раката пудра кога ќе ставев изгледав како баба Сега си го земав тоа од гарниер тоникот со масло. Првиот пат пошто немав памук ставив на суво влажно марамче и кога се избришав имав ист ефект како со влажно марамче, малку фалеше да го фрлам но му дадов шанса. Сега за ништо на светот не би го сменила! Шминката ја чисти одлично и е супер за осетлива кожа. Препорачувам
Погоре во пост прочитав дека дерматолог препорачал никако да не користи тони за лице, а како замена да избере влажни марамици. Не можам да сфатам кој дерматолог би препорачал такво нешто. Влажните марамици се многу рапави. Замислете што се случува на кожата кога ќе ја чистите на таков груб начин и потоа дополнително користите пилинг. И тоа со комбинацијата од растворот кој се става во нив за да останат влажни толку време... Настрана тоа што воопшто не ја чистат кожата туку остануваат траги од шминка. Не е страшно ако се користи само за површно отстранување на пудрата, ама и за чистење? Ова го имам пишано претходно, ама повторно ќе го напишам: влажните марамици не се наменети за чувствителна кожа каква што е онаа на лицето. На сите марамици стои бебе, а сите знаеме на кој негов дел се употребуваат истите И после ова, повторно се користат за лице. Овде веднаш ќе помислите и на оние кои се „наменети за лице“. Мене ми немаат никаква посебна разлика, освен тоа што на нивното пакување не стои бебе И тие се груби. И јас ги користев порано се додека не се свестив дека ми се расипа кожата од нив. Беа практични и процесот одеше брзо, ама на сметка на убавината на кожата од лицето. Почна да ми се појавува црвенило, ми се исуши кожата (особено околу очите) и уште кога забележав дека изгледа страшно на дневна светлина, тука беше крајот. Порано воопшто не користев пудра бидејќи немаше потреба од неа, но сега морам да нанесам бидејќи кожата не е иста каква што беше пред користењето на влажните марамици. Во процес сум на враќање, но оди тешко. Се' што ми одговараше на кожата (креми, млека, лосиони, тоници...) веќе не ми одговара и сум во постојана потрага по нови препарати. И како што некој пред мене напиша, зошто да се користат влажни марамици при таков избор на козметика кој е прилично пристапен и трае долго? Од сите оние кои го имаат ова мислење, никој не мисли лошо туку се обидува да помогне. Да имаше мене некој да ми го напише ова во периодот кога го користев „полесното“ решение, сега немаше да имам проблем на менување на целата козметика и да сум во потрага на барем еден крем кој ќе ми одговара на кожата.
Квалитетни влажни марамчиња(наменети токму за шминка вадење) и потоа го мијам лицето со Себамед емулзија..значи само со марамче и да оставам така- не,сепак не делува доволно чисто,плус дел од емулзијата на марамчето останува на лицето,ги затнува порите.Порано користев млеко и тоник на памучен тупфер,ефектите се слични,и потоа повторно го миев со Ассо синдет.