Производи за отстранување на шминка од очи Со што ја отстранувате шминката од очите? Сенките и тушот се отстрануваат со еден потег, но што е со маскарата? Имам пробано доста производи но скоро од сите ми ги надразнуваат очите, ми се појавува пецкање и црвенило кое тешко се смирува. Од секој бренд што го имам пробано се јавува ова, двофазниот отстранувач на Нивеа, на Лореал, Гарниер, Буржоа. Од природните козметики немам најдено отстранувач на шминка од очи. Влажните марамици исто не ми се решение од нив ми се случува истото, без разлика дали се бебешки или се специјално наменети за отстранување шминка. Засега решението го најдов во бадемовото масло. Го мешам со вода потоа ставам на памукче и ја отстранувам маскарата. Од тоа немам иритации на очите меѓутоа не сум задоволна баш од тоа како ја отстранува маскарата. Уште остануваат грутчиња меѓу трепките, кои несакам да ги отстранувам со сила затоа што така си ги кубам трепките. Прво мислев дека е до маскарата но од секоја маскара ми се случува истото, а притоа не користам водоотпорни маскари. Споделете ваши искуства, искуства со производи кои ги употребувате или сте ги пробале и како сте задоволни од истите.
Производи за отстранување на шминка од очи Јас користам крем Бекутан на памук.. поубаво од тоа здравје
Производи за отстранување на шминка од очи Јас спасот си го најдов во мицеларната вода на Лореал. И мене од се' живо ме печеа очите, и од средства за вадење шминка од очи, и од марамици... Понекогаш користам и јас бадемово масло и ок ми е, ама со мицеларнава вода поубаво се вади шминката. Оваа на Лореал е многу нежна, дури и премногу и покрај тоа што ми ја вади шминката, ја тонира кожата и ја смирува. Многу сум задоволна, не планирам да ја сменам во брзо време. Особено ми се допаѓа што нема мирис апсолутно никаков и што е наменета и за чувствителна кожа. Стварно убаво ја вади шминката од очите (да напоменам дека не користам водоотпорни маскари), а и од целото лице. Многу ја фалат и мицеларната вода на Гарниер, ама јас ја немам пробано. Лореалов е дупло помала милилитража од Гарниерот, а цените им се скоро исти и на двете, ама и покрај тоа јас ја одбрав на Лореал, бидејќи никогаш не ме разочарале со нивните производи за разлика од Гарниер. Некако повеќе им верувам на првиве
Мимс, кога ке одиш во гр ти го препорачувам гелов, јас второ шишенце сега до пола го трошам,презадоволна сум не ме ни печат очиве и маскарата лесно се вади , за водоотпорна не сум пробала досега а пишува дека е и за таква намена,а не е прескапо 7 евра чини.
Мимс пробај со бекутан марамици и после со гелов што ти го постирала Коритсаки. Јас ја послушав и го земав, и откако со марамици ќе ги исчистам очите, ги поминувам со гелов,феноменален е.
Јас обично ја вадам со влажни марамици Бекутан. После ќе го измијам лицето со вода и Dove сапун. Така скоро ич не ме печат очите
Ја отстранувам со влажни марамици па потоа се мијам до Дове сапун за лице. На крај ставам само хидратантна крема и толку
^^^ Мимс, јас го користам на есте лаудер многу сум задоволна, со само една капка на памукчето и едно поминување преку очи ми ја вади маскарата, баш таа ми беше проблем и мене, посебно имав една што преубави ми ги правеше тепките, но прееетешко се вадеше, ќе се капев, миев, не бе 3 дена си стоеше на трепки обесена Не се сеќавам точно на цената, но го користам скоро година и пол. Ни ме печат очи, ни па ги дразни. Има нежна погуста течна структура и многу дискретен мирис Имам пишувано некаде назад за него можи некој и го има прочитано, но вреди за пак да пишувам за него Оценка 10/10
сакав да го пробам производов за одстранување на шминка ама реков прво ќе му дадам шанса на производов од Гарниер многу лесно ја вади шминката , се користи и за лице и уста ама јас само за очи го користам нема мирис , ептен сум задоволна , голема милимитража е 400 мл ,а од Сефора што го земав гелот почнаа очите да ме пржат и голема е разликата 7 евра давав за 125 мл а ова од Гарниер ем е поевтино 6,50 евра ви го препорачувам
се мијам прво со едното па со другото и накрај со хидратантна крема само ако ја вадам преки ден, а ако се враќам од вечерно излегување не ставам крем бидејки козметичарка ми кажа дека најубаво било ништо да не се става навечер на лице
Дерматологот ми ги препорача овие кога прашав со што да ја отстранувам шминката Дали некој ги има користено? Еве што најдов за нив : Спојлер Ako tražite proizvod kojim istovremeno možete ukloniti šminku i nečistoću a i hidrirati i njegovati lice onda vam mi preporučujemo YoungDerm vlažne maramice! Sadrže aktivni sastojak cink PCA koji dubinski čisti i odstranjuje višak masnoće sa kože, štiti je od upala i umanjuje rizik stvaranja akni. Jeste li ih već probali?
Јас ги имам користено, и се преубави! :up: Едни од најдобрите влажни марамчиња што сум пробала Ова зборам за лице. Совршени се за лице, воопшто не сушат, одлично вадат пудра, шминка на очи и сл. Многу меко го прават лицето, нежно и преубаво мирисаат патем Добро што праша за овие, ме потсети , сум ги заборавила, ќе си ги набавам обавезно пак А да не знае некој случајно да не има поголемо пакување од овие , освен 25 марамчиња? Зошто се малце
И за очи може да се користат ли? ЗОшто нели цинк содржат, нема да биде проблем ? Денес ги видов, 25 марамици околу 55 денари беа, но не ги купив, прво сакав некое мислење да соберам шо си е сигурно, сигурно си е
Па што знам, јас за очи во глобала ја отстранувам шминката со масло. Само тогаш кога ги користев еден период овие ги ставав и на очи, и супер вадеше, па сега за штетни до толку незнам дали се.. Повеќе би препорачала за лице да се користат него ли за очи За посигурно.
Loreal SKIN PERFECTION MICELLAR WATER Користев мицеларна вода на Yves Rocher ок ми беше ама не нешто посебно.Од мицеларнава на Лореал сум презадоволна.Чисти буквално се,со 2 памукчиња цело лице убаво што не е случај со Yves Rocher. Дури можам да кажам дека ми е подобра и од Биодермата. Потоа лицето го плакнам обично со некој гел на Alverde моментално Од скоро нанесувам органско кокосово масло (BioPlanete) на лицето,а крем за лице само пред нанесување на пудра.