Користам магична ракавица за отстранување на шминка...само се намокрува со вода и се поминува низ лицето и се чисти тоолку убаво а после чистењето лицето делува многу мазно и сето тоа само со ракавица и вода без користење на никакви хемикалии
Јас го имам овој остранувач и се покажа како добар... Темелно ја вади шминката и ја остава кожата мека... Го има подолго време и мислејќи дека не е добар не го користев, но го испробав пред некое време и сум задоволна
Сум пробала и специјални средства, ама си останав верна на влажните марамици, најефикасни ми се некако.
Кој е ваш секојдневен ритуал при чистење на лице, вадење шминка и слично, обично пред легнување/наутро како што имаат make-up водичите на youtube. Еве пример http://www.youtube.com/watch?v=Kj6q3DaxqAA
Ваша секојдневна рутина при чистење на лицето на утро го мијам лицето со oil free течен сапун за лице и мијам заби , ставам nivea крема за лице и лабело на вечер ја вадам шминката ( ако сум ставила тој ден ) го мијам лицето и заби , ставам тоник намемет за мојата кожа и ставам крема за акни на места на кој што имам акни за преку ноќ да делува
Користам само бекутан влажни марамчиња но приметувам дека во последно време почнува да ми се прави црвенило на лицето,после чистење. Така да ве молам препорачајте ми нешто,ве молам?
Пробај со мицералната вода на гарниер. Можеш да ја користиш на целото лице, на очите воопшто не пече, нема ни црвенила. Без парфем е. Јас сум многу задоволна, веќе долг период ја користам. Не е воопшто скапа за големината. Јас ја земав околу 200-300ден. Еве оваа
Имам едно од авон,остранувач за шминка го користам само за специјални прилики кога вадам јака шминка. А за секојдневно се измивам со топла вода. Мислам најубаво е шминката да се вади со топла вода.
Јас сега ова го користам и сум презадоволна,еве сега трето шишенце отворам. Инаку ја користев и мицеларната вода од Гарниер,ама бидејќи ова има масло внатре шминката полесно се вади. Инаку единственото негативно е што е многу мало шишенцето, само 125 мл , па нека го направат како другово,400