Прво го чистам лицето со млеко од L'oreal Skin perfection for dry and sensitive skin, па го мијам лицето со млака вода и сапун од козјо млеко и на крај се бишам со тоник за лице од Garnier Skin Naturals Soft Essentials Comforting Toner For Dry Skin.
Многу ретко се шминкам така да кога ќе се нашминкам помалку, само со топла вода и сапун. А ако ставам повеќе шминка, поготово креон, тогаш со ова:
Бекутам млеко или масло (второво обично во зимно време), кога еден производ е наменет за бебе неможе да не е добар и за возрасни. По темелно благо масирање на лицето со вата натопена во бекутан (прво ја вадам шминката од очите со внително опфаќање на цел капак во еден потез од готре кон долу, па карминот потоа одам на лицето), на крај го плакнам со ледена вода, и најпосле крем.
Космо, ДМ и низ парфимериите најверојатно ја има. Во Космо е на мал попуст, навистина е одлична. Патем, никогаш ја немам забележано мицеларнава вода во Тинекс, се прашувам зошто.
тоалет и влажна марамица искрено во поседно време најубаво ми е кога ќе се вратам дома да си го измијам лицето со вода и сапун и тоа што останува со влажна марамица, сум користела секакви производи и за џабе пари фрлање ми е некако а и да си кажам искрено вака ми е многу побрзо и полесно
Да прашам тие што ја користат на Гарниер, мицералната вода , дали ви излегуваат мозолчиња ? Јас од кога почнав да ја користам на почетокот беше супер, баш и ја испофалив тука. Но, после некој период многу почнав да се нафрлам на лицето, и незнам дали ми е од тоа но, не сум сменила други производи што користам за лице освен тоа на гарниер.. Ако има некој вакво искуство нека сподели , јас веќе престанав да ја користам одреден период ( чисто да видам дали ми е до тоа ) и не ми изглегле такви бубулички/мозолчиња од тогаш... така што мислам дека од водава ми е Баш се израдував, зошто многу економичен производ е пред се.. и одлично ја отстранува шминката
Користам млеко за чистење или влажни марамици Шминката на очите според мене најдобро ја отстранува вазелинот,го користам често,би го препорачала на секој
Јас речиси го потрошив шишето и немам такви проблеми. Лицето воопшто не ми се нафрла од неа, баш го прави убаво, меко и баш чисто. А имам прилично неблагодарна кожа и склона на постојано нафрлање. Јас ја користам после миење на лице, кога ми е скроз чисто па кога ќе поминам со неа ми го прави лицето многу меко, нежно.
Ја немам пробано мицералната вода ама имам исто искуство со гарниер. Било кој нивни производ да го пробам веднаш ми испаѓаат мозолчиња. Последно пробав крем за лице, повторно истото.
Има некои природни работи со кои што може лесно да се отстрани шминката. На пример јогурт, маслиново масло или сок од краставица, кои ќе ги нанесете со марамче или памукче за вадење шминка Мислам дека е многу подобро да се употреби нешто што нема хемикалии во него, така нема шанси да ви се појават мозолчиња од тоа