Фала ви на одговорите, иначе sweet angel и јас имав такво искуство со Гарниер како тебе, но си реков за мицералнава вода не би требало да е така. Но, сепак исто испадна како и со другите нивни производи. Раскинувам со Гарниер официјално веќе. Него, колку е на биодерма водата? Гледам и поголема милитража има од гарниерот, само цената која и е да споделите
Мене овој ми го носат од Италија, цената таму е околу 20 евра (500 мл) а има и помали. А не знам дали го има низ Македонија (барем во мојот град го нема) и која е цената
Јас го користам лосионов за чистење лице на Garnier. Има убав свеж мирис и можам да кажам дека сум задоволна од тоа како ја вади шминката.
До неодамна шминката ја отстранував со Бекутан млеко, но забележав дека во последно време го разводниле до степен на вода со мал додаток на некакво млеко, значи, срамота, а го рачунаат за наш супербренд. Така да сега земав од германската линија Бубшен, масло и млеко, маслото го користам за се, за водоотпорна шминка ама и за после туширање. Составот му е сосема природен и е добро. Инаку земам и од овие тупферчиња од ДМ за водоотпорна шминка за очи во сино кутивче, и тие се ептен добри.
Јас пред некој ден го купив овој крем/гел за чистење на лицето за сува кожа. Но не пишува по колку пати дневно треба да се користи. Дали двапати - наутро и навечер или само еднаш? И ако е само еднаш кога треба? За ова зборувам
Најчесто влажни марамчиња. Но, ако во моментот немам знам и салфетка во вода да натопам и да се избришам.
Слободно можеш и наутро и навечер. И јас го имам користено, не е агресивен со кожата и не ја суши дополнително. Сепак не вади нешто многу многу шминка, само површински, а после тоа ќе мораш да се поминеш и со тоник.
Го користам со месеци, најдобро ми е до сега. Од кога престанав со влажни марамчиња да ја бришам шминката лицето за некојa нијанса ми е подобро во однос на појава на бубулици.
Девојки чисто за инфо, козметиката на Биодерма ја има во Зегин аптеките (можно е и до други, не сум видела) од пред 2 месеци некаде. Има стварно доста избор на продукти, не е дека донеле две-три работи. Има повеќе линии за секаков тип на кожа и баш ја видов ова зеленава за мрсна кожа што е. Мицеларната вода беше околу 800 и нешто.
Прво, лицето со вода и сапун го мијам, а потоа со Бекутан влажните марамчиња го дочистувам доколку е потребно. Најчесто во пределот кај очите т.е црнилото од маскарата или тушот.
Ништо посебно, затоа што имам сува ама издржлива кожа. Доволно е млака вода и течен сапун, после тоа бекутанче кремче.
Откако ги отстранив влажните марамчиња Виолета специјализирани за отстранување на шминка ја користам мицеларната вода Нивеа.И марамчиња беа добри за таа намена, но новиот производ на Нивеа се покажа поефикасен и ми одговара на мојата комбинирана кожа.