не сваќам зошто мицералните води се толку популарни јас ја користев првата ама воопшто не ми се допадна а и на есте не ми се допаѓа најомилено ми е млекото на гарние имам искористено веќе неколку и е мн убаво се вади
Задоволна си од биодермата?? Јас сакав да ги купам деновиве, заедно со Sebium Global кремата, ама не сум сигурна, на некои места наидов на негативни коментари? Користиш и нешто друго од таа линија??
засега го имам овој и добар е инаку сум доста задоволна од тие на орифлеим исто така, ги користев доста долго и нив
Bioderma sebium global кремата и Bioderma sebium gel moussant се одлична комбинација за негување на младешка кожа која е склона кон акни. Една година се борев со длабоки, болни и гнојни акни, но откако ги користам овие два производа(од септември) немам веќе такви проблеми. Мене ми ги препиша дерматолог. Со гелот го мијам лицето наутро и навечер, а кремата ја ставам пред спиење, но само на здрава кожа. На места каде што имав веќе некој акна се мачкав со далацин ц. Откако акните целосно ми поминаа, сега се мачкам на цело лице. Мое мислење за негативните коментари е неправилната употреба на овие производи, особено на кремата, која ја мачкаат на цело лице. Неможе да се очекува, на инфекција која е вече настаната дека ќе помине со крема. Кремата е тука за да ја спречи појавата на нови акни т.е. го регулира себумот!
Пробај со ГЕНЕРА, млеко за чистење шминка, јас со тоа си ја чистам шминката и не ме пржат очите. Го има во Тинекс
ги зедов и јас на биодерма производите пред некој ден, конкретно кремата и мицералната вода и од нив ставам кога ќе си дојдам од работа и за пред спиење. за преку ден користам хаушка дневен крем, а на местата со акни далацин ц. се надевам дека ќе има ефект. обавезно ќе известам каков ефект имаат на мојата кожа.
Јас сум презадоволна од млекото на база на алое вера, камилица и витамини Skin Derma Balance од DALTON BEAUTE DE LA MER (најлево на сликата). Супер ми ја вади шминката, маскарата одма ми излегува и не ме печат очите. Лицето ми е многу посмирено и не ми ја суши кожата. Дефинитивно препорачувам!
Девојки сакам да прашам што користете за отстранување на шминка на лице, и со што ја отстранувате маскарата? Јас досега со влажни марамчиња, ама некако лицето ми е неубо и сакам да сменам зашто после тоа црвенеам.... Иначе имам комбинирана кожа, а сакам да користам и некое кремче, дали некој го има користено тој кремот од зелен чај и крааставица на авон? Се плашам да земам било што за повторно да не се нафлрам, бидејќи сега сум во тие години. И уште нешто, за што се користи коректор, под очи или?
Има на Балеа едни како туферчина наменети за бришење на шминка од очите (водоотпорна) ама одлично работи и на обична. Не ми текнува која цена беа, ама има 50 во пакувањето. Како крема е кутивчето. Коректор се користи за покривање на недостатоци - црвенила, црни кругови околу очи итн..
Освен гел за измивање на лицето,почнав да ги користам и Биотен марамиците за вадење на шминка.Дебели се,доволна е една марамица за цело лице,нежен мирис ист како кремата за лице од истата линија,мрснички се и не го сушат лицето.Овие се за сува и осетлива кожа.Без парабени
Искрено мицералната вода на Гарниер е прескапа... не сакам да ја пробам зошто сум скептична ? Добра е ? Лесно се вади шминката
Ми треба нешто за отстранување на шминка од лице и хидратација? само не сакам влажни марамчиња, ни лосион.... Се мислам да земам едно од овие производи или првото е мислам гел за чистење а второто е млеко. Кое од овие две подобро според вас?
@tinkerbelll гледам ги користиш производите на Биотен и си задоволна, пробај го и млекото за чистење лице од истава линија за сува и сензитивна кожа, предобро е одлично ја вади шмината и многу меко е лицето после тоа, трошам второ паковање а цената е дури смешна затоа што одлични производи се. Видов дека си ја пофалила и кремата во една друга тема баш ке ја пробам.
Најчесто со влажни марамици доколку имам само пудра и маскара, а инаку за потешка шминка вклучувајќи и туш, сенки го користам млекото за вадење шминка од афродита, а потоа обавезно го мијам лицето со гелот од Гарниер.
Проверено! Deborah Dermolab Gentle Two-Phase Eye And Lip Make Up Remover Спојлер http://www.deborahmilano.co.uk/upload/siteimages/Orginal/2caf1436-9-two-phase-makeup-remover.jpg
Вадење на шминка исклучиво со влажни марамици Бекутан или сапун. Ништо друго. За подетално чистење на лицето - два пати неделно со 70% алкохол