Како ја употребувата мицералната вода за отстранување на шминката?на кој начин се употребува? никогаш до сега не сум пробала...Јас ја чистам прво со марамици па ја мијам со Авејн лосион со млака вода...
@mime87 ставиш на памук од мицеларнава и го бришеш лицето. Јас баш ја користам оваа гарниер, со неколку памукчиња го исчистам лицето од шминка и од очите и цело лице. Не знам за други, ама лично јас обавезно морам плус да го измијам лицето после тоа со гел/сапун за миење.
И јас обавезно го мијам лицето после. После било каков отстранувач на шминка обавезно се мие лицето за да подобро се исчисти кожата и се отстранат евентуални траги од отстранувачот. Дури и ако станува збор за влажни марамици, секогаш е препорачливо да се измие лицето.
Шминката ја вадам со влажни марамици. А потоа поминувам со памбукче со масло. Се приметува на памбукчето тоа што останало од шминката.
Прво влажни марамчиња, па ова. Ова е за сува кожа, со витамин Е и бадемово масло, така што го прави лицето мнооогу меко. Пишува дека темелно ја чисти шминката, што е точно. Има мирис на млеко за тело и некои ситни гранули. Имам комбинирана кожа, но супер ми одговара бидејќи потоа си користам крема со матирачки ефект исто од Балеа. Цената е околу 150 ден.
@Sky-butterfly, задоволна си од тоа како вади маскара? Јас вообичаено користам Мејбилин маскари (имам ептен утепани трепки и само овие ми вршат работа) и мака мачам со нивно вадење па се мислам веќе некое време меѓу мицеларната на Гарние и онаа што е наменета за вадење шминка од очи на Лореал.
Јас не користам водоотпорни маскари, всушност со водава досега само отстранував маскари на Кетрис и на Мејбилин таа жолтата, мене ми е ок, јас баш намерно земав средство што ќе е за цело лице, бидејќи ме нервира те едно за очи, па друго за лице, па измиј, ова она, триста процедури. Ама ако бараш конкретно нешто за вадење шминка од очи би ти препорачала на Балеа, еве оваа, мене ми беше супер, ептен лесно се вади шминка и сигурно е поефтино од таа на Лореал. Мада, како што кажав јас сум со мицеларнава ептен задоволна и пак ќе ја земам. Ми врши работа.
Двофазниот отстранувач на Балеа е прекрасен за вадење водоотпорна маскара, а чини само 125 денари. Ти го препорачувам @Nausicaa.
Доколку сте љубители на природната козметика и проектите направи сам имам еден предлог за вас. Станува збор за двофазен отстранувач на шминка кои сами може да го направите за 15 мин. а голем број од состојките веќе ги имате во вашите кујни. Се што ви треба е вода (најдобро деминерализирана), камилица, масло од ориз и рицинусово масло. Еве ви линк од рецептот чекор по чекор со слики и резултати по употребата. Поздрав. http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_14.html
Секако дека може. Може и маслиново ако сакаш (она за готвење за во кујна). Ја еднаш пробав и со кокосово односно микс од кокосово масло, рицинусово и јојоба ама кокосот првиот ден беше супер, вториот малку потврд а третиот веќе се формираа грутки и едвај излегуваше течноста од шишето (кокосовото се стрврднува на ниски темпрератури ама се надевав дека во микс со други масла ќе издржи, башка ставив мала количина). Експериментирај со тоа што го имаш дома, секој сам открива што е тоа што најдобро му одговара на кожата. Пробај па кажи ми како си задоволна. Поздрав Исто така наместо чај од камилица може да се користи чај од невен или ружина водица. Јас лично преферирам камилица затоа што има одлично смирувачко дејство.
За отстранување на шминката од очите го користам неое време и сум многу задоволна. Во Зегин моментано има намалување на производите од Нивеа, го купив отприлика за некои 130 -ина денари.
Девојки дај кажете ми дали гелот за чистење лице од Балеа 3во1 Young, е тргнат од продажба или му е сменето пакувањето? Го барав во ДМ во Сити Мол ама го немаше
Воопшто не сум задоволна од остранувачот за шминка на Биотен... премногу ме пржат очите и ми ја суши кожата. За лицето моментално го користам тоникот на Балеа за нормална до комбинирана кожа. Дали е добра мицеларната вода на Гарниер ? Дали вреди да се инвестира во мицеларната вода или да си купам тоник
Одлична е мицеларната вода на Гарниер, јас ја имам и ја користам доста често. Не ме печат очите од неа, убаво ми ја чисти и водоотпорната маскара. Инаку, мал совет во врска со отстранувачот на Биотен - и мене исто ми се случуваше со него, а не знам зошто, бидејќи веќе имам потрошено цело едно шишенце без вакви ситуации. Со второто шишенце очите многу ме печеа и ми солзеа, па му додадов чичково масло. Ми беше потрошено до пола, па само го претурив маслото во шишенцето од Биотен, имав нешто повеќе од пола шишенце. Не ми се веруваше колку подобро стана средството - ниту ме печеа очите, ниту пак ми се кубеа трепките при триењето. Морам да кажам дека не ми се допаѓаше како ми ја вади водоотпорната маскара, а со маслото стана далеку подобро. Ако сакаш да го дотрошиш, пробај вака.
Нема на што, пиши дали ќе ти се допадне. Мене ми е при крај, па се мислам дали пак да си го купам Балеа двофазниот отстранувач или да земам пак Биотен и да го помешам со масло, ептен ми се допадна комбинацијава.
Жени, мицеларниве води имаат ли рок на траење? Ја купив на Лореал мицеларната, заедно со крема што е на акција, меѓутоа нигде нема рок на траење, ниту на кутијата, ниту на самата мицеларна вода, додека пак на кремата си има назначено рок на траење. И ова над мене е супер понуда, кремата е за сува кожа, и ако не ви одговара и подарок да ја дадете се исплати.